Контакт

Свет

(Видео) Ураган го погоди Мексико: „Очекуваме катастрофални последици“

Објавено пред

Ураганот Сајмон го погоди мексиканскиот брег на Тихиот Океан како ураган од трета категорија, носејќи силни ветрови и обилни дождови. Иако центарот на бурата остана над морето, најсилните ветрови и дождови ги погодија населените места сместени помеѓу планинскиот венец Сиера Мадре и Тихиот Океан, пренесува АП.

Ураганот се движеше паралелно со брегот, приближувајќи се кон популарниот туристички град Пуерто Ваљарта. Според Националниот центар за урагани на САД (NHC), брзината на ветерот до синоќа опаднала на 185 километри на час, но бурата сепак претставува значителна закана.

Областа околу Пуерто Ваљарта – популарен туристички град во мексиканската држава Халиско на пацифичкиот брег – е особено загрозена. Многу жители живеат на ридовите над туристичките одморалишта, во домови што можеби нема да ги издржат силните налети на ветерот.

„Очекуваме катастрофални последици“
Синоќа, центарот на ураганот се наоѓаше на околу 75 километри јужно од Кабо Кориентес, рт на мексиканскиот пацифички брег во близина на Пуерто Ваљарта.

Филип Папин од Националниот центар за урагани на САД предупреди дека Кабо Кориентес, сместен на западниот раб на мексиканското копно, би можел да претрпи директен удар. Оваа област се наоѓа на јужниот крај на големиот залив Бахија де Бандерас, каде што е сместен Пуерто Ваљарта.

„Очекуваме катастрофални последици од силните ветрови и од порастот на нивото на морето што претставува закана по животот долж западните и централните делови на мексиканскиот брег, каде што моментално е на сила предупредување за ураган“, изјави Папин.

Тој исто така предупреди на обилни врнежи што би можеле да предизвикаат опасни поплави и лизгање на земјиштето, особено во планинските крајбрежни области, како и на големи бранови.

Најново

Спорт4 часа

(Видео) Алварез промашуваше, Фермин не – Барселона го победи Атлетико

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетико во Мадрид со 2:1, во 12-то коло од Ла Лига. Фантастичен фудбалски натпревар одиграа...

Забава7 часа

Оваа есенска намирница е богата со бета-каротен, витамини и влакна

Како што времето станува постудено, тиквите – намирница која може да се подготви на безброј начини – стануваат сè позастапени...

Спорт8 часа

(Видео) Интер стави крај на бајката на Комо

Шампионот Интер стави крај на победничката серија на Комо, од шест триумфи на во сите натпреварувања. Интер во 11-то коло...

Спорт8 часа

Норис победи во Бразил – Мерцедес ја освои титулата меѓу конструкторите

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Бразил, 20-тата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. По...

Свет8 часа

Трамп му се закани на Иран: „Можеме да уништиме 38 нивни мостови за еден час“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нови напади врз Иран се „малку веројатни“, под услов да се постигне напредок во...

Спорт8 часа

(Видео) Спектакл во Манчестер: Јунајтед два пати се врати од два гола негатива, освои бод против Астон Вила

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Астон Вила одиграа нерешено 4:4 (2:2) во спектакуларен натпревар од 10-то коло од Премиер лигата....

Свет8 часа

Навивачи пропаднаа низ трибина на стадион во Норвешка

За време на фудбалски натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Бодо/Глимт, најмалку пет навивачи пропаднаа низ трибина на стадионот;...

Свет9 часа

Ајзенкот доби мандат за формирање влада во Израел: „Близу сме до точката од која нема враќање“

Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“, вети ново раководство кое ќе го извлече Израел од длабока криза, откако претседателот...

Спорт10 часа

Доминантна победа на Бецеки во Катар

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, победи на трката за Големата награда на Катар. Италијанецот на патеката „Лосаил“ победи пред Марк...