Контакт

Свет

(Видео) Вознемирувачко видео на кое Македонка со автомобил брутално гази куче во Црна Гора

Објавено пред

Здруженијата за заштита на животните „Корина“ и „Рука-Шапи“ побараа од полицијата да ѝ одреди притвор на државјанка на Македонија која е осомничена дека намерно прегазила куче во Црна Гора.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како автомобилот неколку пати со поголема брзина поминува преку животното, а се слушаат и вознемирувачки крици.

Од здруженијата соопштија дека, според нивните информации, осомничената по убиството на животното се обидела да ја напушти Црна Гора, но била спречена од полициски службеници.

По интервенцијата, таа била приведена во полициската станица во Улцињ, а на местото на настанот бил извршен увид.

„Поради бруталноста на извршувањето на кривичното дело, кое веројатно ќе има одек и надвор од границите на Црна Гора, како и поради фактот дека осомничената веќе се обидела да избега, бараме определување притвор поради оправдана опасност од бегство“, наведоа здруженијата во заедничкото соопштение.

Тие предупредија дека доколку ваквите случаи не бидат соодветно санкционирани, може да имаат повеќе последици – создавање слика за земјата како место каде што суровоста кон животните е нормална појава, одбивање на туристи кои имаат љубов и почит кон животните, како и порака дека странски државјани можат да ги прекршуваат законите без последици.

Од здруженијата потсетија дека Кривичниот законик на Црна Гора предвидува казна за лице кое спротивно на прописите ќе убие, повреди, мачи или на друг начин ќе злоставува животно – со парична казна или затвор до две години.

Тие побараа итна и одлучна реакција од институциите, без избегнување на одговорност или каков било повластен третман.

Најново

Европа4 часа

Латвија планира да воведе царина од 300 проценти на житото од Русија и Белорусија

Владата на Латвија планира да воведе царина од 300 проценти за житото што доаѓа од Русија и Белорусија, изјави премиерот...

Спорт4 часа

Хамилтон го нападна Ферари по дебаклот во Монца: Oвде не владеат никакви правила

Луис Хамилтон не го криеше своето незадоволство по трката за Големата награда на Италија, за време на која имаше инцидент...

Забава4 часа

(Фото) Клуни „ја изгуби главата“ поради долгите нозе: Амал повторно ја демонстрира модната моќ

Амал Клуни моментално е во Венеција, каде што го поддржува својот сопруг, но и воодушевува со своите модни изданија на...

Забава4 часа

Врската со помлад маж ја „препороди“: Интернетот е „воодушевен“ од секси фотографиите на Кејти Холмс

Кејти Холмс и нејзиното ново момче уживаат на езерото Комо, каде објавуваат заеднички фотографии, и едно е јасно – Кејти...

Спорт4 часа

„Не знам сè за фудбалот, но знам повеќе од многу луѓе“

Килијан Ембапе зборуваше на прес-конференција пред првото коло од Лигата на шампионите каде што се среќаваат Реал и Интер. Новинарите...

Забава4 часа

Врската помеѓу овие два хороскопски знака е осудена на пропаст

Тие мора да работат напорно за да успеат во нивната врска, бидејќи разликите меѓу нив се премногу големи. Некои комбинации...

Забава4 часа

Хипнотизираше многумина со една фотографија: Го „запали интернетот“ во гаќички и мокра маица

Бела Хадид деновиве ужива на краток одмор со своите пријатели, а нејзината објава на Инстаграм предизвика доста возбуда. По раскинувањето,...

Македонија4 часа

(Фото) 8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од неа, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на...

Забава4 часа

(Фото/Видео) По овие акробации, дури и најубавите жени на светот ќе и оддадат признание

Никол Шерцингер ја покажа својата неверојатна флексибилност кога изведуваше шпага и други предизвикувачки движења на лет со приватен авион, а...