Свет
(Видео) Зеленски објави снимка од нападот врз родниот град на Путин: „Нашиот план функционира“
Русија соопшти дека соборила стотици украински дронови над нејзина територија, вклучувајќи околу 60 над Ленинградската област, во напад што се случи во вчера вечерта, токму кога требаше да започне голем економски форум во Санкт Петербург. Александар Беглов, гувернерот на Санкт Петербург, родниот град на рускиот претседател Владимир Путин, потврди дека три области биле цел на нападот и дека неколку лица се повредени, а оштетена е и инфраструктурата.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека воздушната одбрана пресретнала и уништила повеќе од 350 украински дронови не само во близина на границата, туку и подлабоко во руската територија, како што се Москва, Санкт Петербург и Новгород на западот од земјата.
Ukrainian one-way attack drones continue to fly over and strike infrastructure targets throughout the Northwestern Russian city of St. Petersburg. pic.twitter.com/hknNOucHm6
— OSINTdefender (@sentdefender) June 3, 2026
Во Смоленск, град во близина на белоруската граница, Украина изврши напади врз „критични инфраструктурни објекти“, рече гувернерот Василиј Анохин. Двајца пожарникари загинаа „гасејќи пожар предизвикан од остатоци од соборен непријателски дрон“, рече Анохин, додавајќи дека двајца други пожарникари и еден цивил претрпеле полесни повреди.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, потврди дека нападите со долг дострел погодиле клучни цели на руска територија. Меѓу нив, рече тој, е и нафтениот терминал во Санкт Петербург, еден од најголемите комплекси за претовар на нафта во северозападна Русија, на околу 1.100 километри од украинската граница.
Our long-range sanctions carried out by the warriors of the Security Service of Ukraine, the Unmanned Systems Forces, the Special Operations Forces, the Defense Intelligence of Ukraine, and the State Border Guard Service of Ukraine have yielded good results. Important facilities… pic.twitter.com/esxYMexU8d
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) June 3, 2026
Тој додаде дека целите вклучуваат и исклучиво воени цели во базата Кронштат, островско пристаниште во близина на Санкт Петербург и објект во Тамбовската област за кој Украина тврди дека е вклучен во производството на руско оружје. Фабриката се наоѓа на 600 километри од линијата на фронтот.
Зеленски, исто така, објави снимки на кои се гледаат експлозии, неколку пожари во руски објект и огромен столб од густ црн чад. Украина годинава брзо ги развива своите дронови со среден и долг дострел за да напаѓа руски цели далеку зад линијата на фронтот.
„Планот за удар со долг дострел на Украина се спроведува точно колку што е потребно за да се приближи мирот“, рече Зеленски.
Нападите се случија на денот на отворањето на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ), голем бизнис настан познат и како верзија на Давос на рускиот претседател Владимир Путин. Поради нападот, воздушниот простор околу меѓународниот аеродром во Санкт Петербург беше ограничен утрово, што предизвика доцнење на околу дваесет летови, објави аеродромот.
A strike hit one of Russia’s largest oil terminals in St. Petersburg just hours before the St. Petersburg International Economic Forum begins. pic.twitter.com/VlwWFl7FrY
— Clash Report (@clashreport) June 3, 2026
Нападите се случија еден ден откако Русија започна смртоносен напад врз Украина рано утрово, погодувајќи го главниот град Киев и градот Днепар во еден од најсмртоносните напади во последните месеци. Според украинските власти, најмалку 23 лица беа убиени во ноќниот напад, седум од нив во Киев и 16 во Днепар.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, остро ги осуди руските напади, во кои, според украинската војска, кон Украина беа испукани повеќе од 600 беспилотни летала и десетици ракети, погодувајќи клучна цивилна инфраструктура.
фото/Depositphotos/илустрација
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарскиот парламент изгласа уставни измени: Орбан повеќе не може да стане премиер
Унгарскиот парламент денеска усвои уставен амандман со кој се ограничува мандатот на премиерите на најмногу осум години, со што на поранешниот премиер Виктор Орбан практично му се оневозможува повторно да ја извршува оваа функција.
Премиерот Петер Маѓар го порази Орбан на изборите во април, ставајќи крај на неговото 16-годишно владеење. Партијата на Маѓар освои двотретинско мнозинство во парламентот, што ѝ овозможува да менува или укинува закони донесени од партијата Фидес, вклучително и Уставот.
Според усвоениот амандман, секое лице кое претходно извршувало функција премиер најмалку осум години повеќе нема да може да биде избрано на таа функција. Одредбата се однесува на премиерските мандати по 2 мај 1990 година.
Со измените се воведува и општо ограничување според кое премиерите ќе мора да ја напуштат функцијата по вкупно осум години, односно по два мандата.
Уставниот амандман, исто така, отвора можност за распуштање на Канцеларијата за заштита на суверенитетот, институција формирана за време на владата на Орбан. Критичарите тврдеа дека ова тело ги стигматизирало опозициските личности и новинарите обвинувајќи ги дека им служат на странски интереси.
Дополнително, со измените на државата ѝ се враќаат основачките права врз таканаречените фондации за управување со имот од јавен интерес. Владата на Орбан претходно на овие фондации им пренесе државен имот вреден стотици милијарди форинти.
Свет
И САД и Иран потврдија: Бродовите повторно пловат низ Ормускиот Теснец
По објавувањето на рамковниот договор меѓу САД и Иран за завршување на конфликтот, пристигнуваат и првите знаци на смирување на состојбата на теренот. Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека бродовите повторно почнале да се движат низ Ормускиот Теснец.
Според анализа на BBC Verify врз основа на поморски податоци, поголем број пловила во моментов се обидуваат да го минат овој стратешки важен морски премин.
Обновувањето на сообраќајот следува откако американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека компаниите во почетниот период нема да плаќаат надоместоци за пловидба низ теснецот. Во исто време, Техеран соопшти дека заедно со Оман презема мерки за безбедна навигација на бродовите.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека САД со договорот се обврзале на укинување на економските санкции кон Иран и учество во обновата на земјата.
Додека финансиските пазари позитивно реагираат на договорот, состојбата во Либан останува тензична. Според локални медиуми, едно лице загинало во напад во јужниот дел на земјата, а Израел засега не го коментира инцидентот. Израелски пратеник за BBC изјавил дека земјата ќе ја задржи својата воена присутност во Либан.
Свет
Иран бара договорот со САД да биде потврден со резолуција на Советот за безбедност на ОН
Иран ќе бара конечниот договор со САД, вклучително и делот што се однесува на нуклеарната програма, да биде поддржан со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека Техеран очекува договорот да добие поддршка од Советот за безбедност во рок од 60 дена по неговото потпишување.
Во меѓувреме, САД и Иран продолжуваат со преговорите за деталите од договорот, меѓу кои е и режимот на пловидба низ Ормутскиот Теснец. Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Вашингтон очекува теснецот долгорочно да биде отворен без транзитни такси, но додаде дека тоа прашање ќе биде предмет на технички преговори.
Од Техеран повторија дека нема да наплаќаат транзитни такси, туку надоместоци за услуги како навигација, заштита на животната средина и осигурување на бродови.
Според претходни информации, нацрт-договорот предвидува повторно отворање на Ормутскиот Теснец, укинување на американската блокада на иранските пристаништа и продолжување на примирјето, додека разговорите за иранската нуклеарна програма би продолжиле во дополнителен рок од 60 дена.
