Контакт

Свет

Украина го нападна Крим, силни експлозии одекнаа низ целиот полуостров

Објавено пред

Во текот на ноќна силни експлозии одекнуваа низ целиот окупиран украински полуостров Крим, додека низ целиот полуостров избувнаа низа пожари. Поради нападот, мостот Керч беше целосно затворен за сообраќај во текот на целата ноќ, објавува „Украинска правда“.

Повикувајќи се на информации од каналот на Телеграм „Кримски ветер“ „Супернова+“ и каналот за оперативни информации за мостот Керч, медиумите известуваат дека ударите се почувствувале во неколку региони. „Кримски ветер“ потврди, анализирајќи сателитски снимки, дека нови жаришта избувнале на нафтениот терминал во Керч, кој гори од првиот удар на 21 јуни.

Пожари избувнаа и на самиот влез во Керч и во близина на градот Бакерово, каде што се наоѓаат позициите на руските системи за воздушна одбрана С-300 и С-400. Сателитите, исто така, регистрираа нови пожари на нафтениот терминал во пристаништето Кавказ и на железничката станица Пивденна во Керч.

Каналот „Супернова+“ објави дека експлозиите го потресле целиот полуостров, а рано наутро потврдија дека комплексот за претовар и складирање гориво „ТЕС-Терминал“ е успешно погоден.

Руските окупациски власти на Крим досега не коментираа за овие пожари или за најновите напади. Сепак, каналот Телеграм, кој ја следи ситуацијата на Керчкиот мост, објави на 22 јуни во 23:24 часот дека сообраќајот е привремено прекинат. Блокадата траеше повеќе од пет и пол часа, а на автомобилите им беше дозволено повторно да го преминат мостот дури наутро на 23 јуни во 05:10 часот.

Овие напади следат по драматичните настани од последните недели. На 16 јуни, претседателот на Меџлисот на кримските Татари, Рефат Чубаров, ги повика сите руски граѓани кои нелегално престојуваат во окупираниот Крим веднаш да го напуштат полуостровот. Неколку дена подоцна, на 21 јуни, украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди успешни напади врз цели во руската Краснодарска територија и во самиот Керч.

Ситуацијата на терен е дополнително комплицирана од логистичкиот колапс на окупаторските власти. Руската администрација на Крим штотуку воведе строги ограничувања за продажба на бензин – никој освен претставниците на окупаторската администрација не може да купува гориво на бензинските пумпи.

Покрај недостигот на гориво, прекини на електричната енергија беа воведени на Крим завчера, па затоа електричната енергија им се исклучува на граѓаните според строго дефиниран распоред поради општите проблеми со снабдувањето.

фото/Depositphotos

Најново

Свет6 минути

Украина достави предлози за завршување на војната до САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина доставила предлози за план за завршување на војната со Москва до американските преговарачи...

Култура9 минути

Велес во знакот на деветтата уметност: Најавена 8. Меѓународна стрип колонија со моќна балканска женска уметничка соработка

Стрип центарот на Македонија – Велес ја најавува претстојната, 8. Меѓународна стрип колонија „Велес 2026“, која ќе се одржи во...

Македонија12 минути

Без струја делови од Карпош и Петровец

Без струја денеска ќе останат делови од општините. Карпош и Петровец. „Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден...

Култура14 минути

Несекојдневно уживање на „Охридско лето“ – Созовска и Костов го доловија сиот раскош на барокот

Камерното музицирање на виолинистот Владимир Костов и чембалистката Цветанка Созовска вчеравечер беше несекојдневен настан на „Охридско лето“. Врвните уметници, оваа...

Култура17 минути

Пијано вечер на „Охридско лето“ со кинескиот уметник Сихенг Сонг

Во црквата „Света Софија“ вечерва од 21 часот целовечерен концерт на „Охридско лето“ ќе одржи кинескиот пијанист Сихенг Сонг. Сонг...

Спорт9 часа

Ван Гал сака да биде селектор на Холандија

Славниот холандски тренер Луј ван Гал повторно би можел да стане кандидат за функцијата селектор на холандската репрезентација. Искусниот стручњак...

Спорт9 часа

Монако го раскина договорот со Погба

Монако го раскина договорот со Пол Погба, објавува „Ле Паризиен“. Светскиот шампион со Франција во 2018 година минува низ бројни...

Спорт9 часа

(Видео) „Делиите“ ги избркаа играчите на Црвена звезда во соблекувалната

Црвена звезда доживеа дебакл против Хапоел Бер Шева и остана без Лигата на шампионите. Навивачите тешко ја поднесоа елиминацијата. По...

Забава10 часа

Кристијано Роналдо се ожени со долгогодишната партнерка Георгина Родригез

Кристијано Роналдо (41) се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез (32). Португалската фудбалска ѕвезда и манекенката се венчаа на...