Регион
Во Албанија откриен магацин со повеќе од 4 тони дрога
Албанската полиција откри голем магацин во градот Решен во кој се обработувала дрога од типот „марихуана – канабис сатива“.
Според локалната полиција во Лежа, во магацинот се откриени повеќе од 4 тони дрога, која била во процес на сушење. Истиот извор нагласува дека во акцијата биле приведени 30-тина албански државјани од кои поголемиот дел лица кои биле вработени во магацинот, а каде што се вршело подготовка и сушење на дрогата.
Според првичните информации на истражните органи, магацинот бил добро чуван од страна на група за обезбедување која била ангажирана од страна на организаторите на овој нарко-бизнис, а оние кои работеле биле мошне малку плаќани.
Официјалните податоци на полицијата говорат дека само во последните 30 дена во Албанија се откриени и запленети над 10 тони дрога. Но, медиумите информираат дека таа количина е многу поголема бидејќи властите не ги пренесуваат сите информации околу запленувањето и пласманот на дрогата./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Два земјотреси во Грција: Првиот удар 4,6 степени, а вториот 4,9
Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција. Првиот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот 4,9. Како што соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), епицентарот бил островот Крит.
Првиот земјотрес се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC, а епицентарот бил на 40 километри југоисточно од градот Сити, кој има околу 9.000 жители.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
„Заедно до крај“: Сопружници беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица
Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи.
Тешка е ситуацијата во неколку градови во БиХ, но убедливо најтешка е во Јабланица.
Во екот на разорните поплави што ја погодија БиХ, особено е потресна приказната за брачната двојка Ирмела и Јасмин Чилиќ, чии тела прегрнати ги пронашле спасувачите под урнатините во Јабланица.
Тие останале еден со друг до крај, но за жал не можеле да се извлечат. Биле познати во нивната заедница како топли и грижливи луѓе, а нивната љубов и поврзаност послужија како инспирација за многу луѓе.
Регион
Две лица загинаа во пожар во стан во Белград
Две лица загинаа во пожар во Белград, потврдија за РТС од итната помош.
Пожарот избувнал околу 05:30 часот во стан на вториот кат во Раковица.
Противпожарните екипи се уште се на терен.