Контакт

Вести

Во Алепо откриени масовни гробници на сакатени Сиријци

Објавено пред

Откриени се повеќе масовни гробници во северниот сириски град Алепо, кој по четири години од неодамна повторно е под целосна контрола на владините сили, а во нив се пронајдено човечки останки на кои се видливи знаци на измачувања и осакатувања од страна на бунтовничките групи кои под контрола ги имаа источните квартови од градот, изјави во понеделникот портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.

dobivaj vesti na viber

 

„Најдени се масовни гробници на десетици Сиријци, кои биле подложени на брутални измачувања, а потоа егзекутирани. Во многу случаи недостигаат делови од телата, а повеќето од жртвите се застрелани во главите. И, се чини, ова е само почетокот…“, изјави во писмената изјава воениот руски портпарол, генерал-мајорот Игор Конашенков.

Додава дека сите случаи внимателно се документираат и се евидентираат како сериозни воени злосторства, додавајќи дека Москва ќе ги објави и ќе ги сподели „за европските покровители на таканаречените опозиционери во Лондон и во Париз добро да осознаат кои се всушност тие сили, и да станат свесни за својата одговорност за нивните ѕверства“, пренесува агенцијата РИА.

„Единствените коишто не можат да се најдат во источно Алепо се ткн ‘доброволци’ спасувачи’ од ‘Белите шлемови’, кои свечено беа примени во Париз и во Лондон и само што не им беше доделена Нобеловата награда за мир“, порача Конашенков.

„Белите шлемови“, се ткн сириска невладина организација финансирана од британската влада, но Дамаск и Москва тврдат дека таа е блиска на екстремната исламистичка група Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда.

Одделно сириските власти, исто така, во понеделникот објавија дека пронашле тела на 21 цивили, меѓу кои и на жени и деца, кои биле егзекутирани од непосредна близина, при повлекувањето на бунтовниците од Алепо минатата седмица.

Докторот Захер Хаџо, директор на судска медицина во Алепо, изјави за државната новинска агенција SANA дека телата биле пронајдени во импровизираните затвори во станбените згради во населбите ал-Сукари и ал-Каласех кои беа заземени од бунтовниците, и потврдил дека смртоносните рани се направени од куршуми испукани од непосредна близина. „Меѓу егзекутираните се пет деца и четири жени“, додава лекарот.

Агенцијата потсетува дека на 20-ти декември пренесе сведоштва на многу цивили од источните квартови на Алепо кои се извлекоа преку коридорот на сириските владини сили, во кои изјавија за масовни егзекуции на цивилите, особено од страна на екстремистите од Џебхат ал-Фатах ал-Шам, како што се преименуваше групацијата Џебхат ан-Нусра. /крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Подготвен е протокол по кој идната недела ќе бидат пречекани првите пет пациенти кои се лекуваат во странство

Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат пречекани првите пет пациенти кои што се лекуваат надвор од државата,...

Македонија12 часа

Таравари: Во македонските болници сите пациенти се во стабилна и добра состојба

По завршување на редовниот состанок на кризниот штаб, министерот за здравство Арбен Таравари информираше за состојбата со пациентите, кои беа...

Македонија12 часа

Контролите на објектите од безбедносен аспект ќе бидат етапни и долгорочни, најави Митева

Контролите на објектите од безбедносен аспект ќе бидат етапни и долгорочни, најави портпаролката на Владата Марија Митева. -Во овој момент...

Македонија14 часа

Се „чешла“ документацијата и се проверуваат сите објекти од јавен карактер низ државата

Сите општини координирани преку ЗЕЛС започнаа со вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата. Во голем...

Македонија16 часа

„Дурмо турс“ во чиј автобус загинаа 14 патници пак работи „на диво“, полицијата казнуваше превозници

Од 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки кои во претходните три дена ги направиле инспектори за патен...

Македонија17 часа

За пет часа поради низа неправилности, затворени се 16 угостителски објекти во Тетово и Гостивар

Во полициска контрола извршена вчера во периодот од 10 до 15 часот на подрачјето на Тетово и Гостивар, во 16...

Македонија18 часа

Ќерката на починатиот Андреј од ДНК со тажна порака до мајка ѝ: „Мамо, јас ти требам тебе, а ти мене“

„Мамо, сакам да бидам дома, зашто јас ти требам тебе, а и ти ми требаш мене… Јана за 7 дена порасна...

Регион19 часа

Двајца од тешко повредените во Кочани кои се во Белград дишат со машина, на дел од хоспитализираните ќе им се пресадува кожа

Седумнаесет лица повредени во пожарот во Кочанисе лекуваат во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград од...

Македонија19 часа

На државава ѝ фалат инспектори, во ДПИ има само 40 за сите градови

Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи, затоа што одредени инспекторати имаат само по...

Македонија21 час

Бројот на критични пациенти од пожарот во Кочани се намалува, но им претстои долга борба на опоравување

Неколку дена по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се намалува бројот на критичните пациенти кои се лекуваат во...

Македонија1 ден

Се откриваат скандали во градежништвото, од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Вкупниот број на издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови е некаде над три...

Македонија1 ден

За трагедијата во „Пулс“ тројца поранешни градоначалници на Кочани и уште 21 лице завршија во 30-дневен притвор

Определена е мерка 30 дневен притвор за сите 24 лица за кои основното Јавно обвинителството во рамки на истрагата бараше...

Македонија2 дена

Клековски: Состојбата на пациентите се подобрува, но уште постои ризик од инфекции

Состојбата се подобрува, се намалува бројот на критични пациенти, но далеку сме од моментот на опуштање. Борбата не е завршена,...

Македонија2 дена

Таравари: Шест пациенти од пожарот во Кочани се во многу критична состојба

Во земјава моментално се лекуваат 54 пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откако во текот на вчерашниот ден...

Македонија2 дена

12 осомничени за трагичниот настан во Кочани се во притвор во затворот во Куманово

Двајца поранешни градоначалници на Кочани се наоѓаат во казнено-поправната установа Затвор Куманово, информираа денеска надлежните од затворот. Во моментот, во...

Македонија2 дена

Мицкоски го посети семејството на починатиот возач од Брзата помош кој цела ноќ спасуваше деца

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес ја посети сопругата и семејството на Иле Гоцевски, возачот на Брзата...

Македонија2 дена

Муцунски најави дека идната недела ќе се вратат дома дел од тешко повредените пациенти кои се лекуваат во странство

Идната недела ќе почне враќање во земјава на првите пациенти што се лекуваат во странство кои се во добра здравствена...

Топ2 дена

Во денови на жалост ечела музика во угостителски објекти во Центар, приведени се двајца

Полицијата лишила од слобода  две одговорни лица во угостителски објекти на подрачјето на Центар затоа што пуштале музика и не...

Македонија2 дена

За еден месец во земјава гореле 484 пожари, најмногу се од палење стрништа

Активен е пожар во скопската депонија Дрисла, што избувна вчера, кога биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор. Сите...

Свет2 дена

(Видео) Турција гори, илјадници граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и Измир

Илјадници граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и Измир трета ноќ по ред. Тие бараат ослободување на градоначалникот на...