Контакт

Свет

Во пакистанска болница користеле исти шприцови за повеќе пациенти, 331 дете позитивно на ХИВ

Објавено пред

Истрага на „Би-би-си“ откри сериозни пропусти во контролата на инфекциите во болница во Пакистан, каде што биле регистрирани стотици деца со ХИВ. Според истрагата, медицинскиот персонал повторно користел шприцови при давање лекови, што претставува ризик од пренесување на вирусот.

Во градот Таунса, во покраината Пенџаб, меѓу ноември 2024 и октомври 2025 година биле идентификувани 331 дете позитивно на ХИВ, покажуваат податоците што „Би-би-си Ај“ ги собрал од покраинската програма за скрининг, приватни клиники и протечени полициски податоци.

Истрагата се фокусирала на болницата THQ Таунса, откако лекар од приватна клиника кон крајот на 2024 година ја поврзал појавата на голем број случаи со оваа здравствена установа. Локалните власти тогаш најавиле мерки, а медицинскиот директор на болницата бил суспендиран во март 2025 година.

Сепак, според „Би-би-си“, опасните практики продолжиле. За време на 32 часа тајно снимање кон крајот на 2025 година биле забележани 10 случаи во кои шприцеви биле повторно користени за ампули со повеќекратни дози на лекови. Во еден од случаите истото шишенце било користено за давање лек на повеќе деца.

Микробиологот и експерт за заразни болести Алтаф Ахмед, откако ја видел снимката, предупредил дека и при ставање нова игла постои ризик доколку истиот шприц бил контаминиран.

„Би-би-си“ регистрирал и 66 случаи во кои медицински персонал, меѓу кој и лекар, им давал инјекции на пациенти без стерилни ракавици. Медицинска сестра била снимена и како пребарува контејнер за медицински отпад без заштитни ракавици.

Новиот директор на болницата, Касим Буздар, ја оспорил автентичноста на снимките, наведувајќи дека можеби биле направени пред тој да ја преземе функцијата или дека можеби биле монтирани. Тој инсистирал дека болницата е безбедна за децата.

Податоците што ги анализирал „Би-би-си Ај“ покажуваат дека од 97 ХИВ-позитивни деца чии семејства биле тестирани, само четири мајки биле позитивни на вирусот. Тоа укажува дека преносот од мајка на дете веројатно не го објаснува најголемиот дел од случаите.

Локалните власти, сепак, соопштиле дека нема потврден епидемиолошки доказ дека токму болницата била извор на инфекцијата. Тие наведуваат дека заедничка мисија на УНИЦЕФ, Светската здравствена организација и регионалното министерство за здравство работи на спречување на ризиците поврзани со нерегулирани приватни медицински практики и неконтролирани трансфузии на крв.

Истрагата посочува и на дополнителниот проблем со стигмата со која се соочуваат децата заразени со ХИВ, кои поради доживотниот третман и предрасудите често се соочуваат со изолација.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Европа4 часа

Латвија планира да воведе царина од 300 проценти на житото од Русија и Белорусија

Владата на Латвија планира да воведе царина од 300 проценти за житото што доаѓа од Русија и Белорусија, изјави премиерот...

Спорт4 часа

Хамилтон го нападна Ферари по дебаклот во Монца: Oвде не владеат никакви правила

Луис Хамилтон не го криеше своето незадоволство по трката за Големата награда на Италија, за време на која имаше инцидент...

Забава4 часа

(Фото) Клуни „ја изгуби главата“ поради долгите нозе: Амал повторно ја демонстрира модната моќ

Амал Клуни моментално е во Венеција, каде што го поддржува својот сопруг, но и воодушевува со своите модни изданија на...

Забава4 часа

Врската со помлад маж ја „препороди“: Интернетот е „воодушевен“ од секси фотографиите на Кејти Холмс

Кејти Холмс и нејзиното ново момче уживаат на езерото Комо, каде објавуваат заеднички фотографии, и едно е јасно – Кејти...

Спорт4 часа

„Не знам сè за фудбалот, но знам повеќе од многу луѓе“

Килијан Ембапе зборуваше на прес-конференција пред првото коло од Лигата на шампионите каде што се среќаваат Реал и Интер. Новинарите...

Забава4 часа

Врската помеѓу овие два хороскопски знака е осудена на пропаст

Тие мора да работат напорно за да успеат во нивната врска, бидејќи разликите меѓу нив се премногу големи. Некои комбинации...

Забава4 часа

Хипнотизираше многумина со една фотографија: Го „запали интернетот“ во гаќички и мокра маица

Бела Хадид деновиве ужива на краток одмор со своите пријатели, а нејзината објава на Инстаграм предизвика доста возбуда. По раскинувањето,...

Македонија4 часа

(Фото) 8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од неа, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на...

Забава4 часа

(Фото/Видео) По овие акробации, дури и најубавите жени на светот ќе и оддадат признание

Никол Шерцингер ја покажа својата неверојатна флексибилност кога изведуваше шпага и други предизвикувачки движења на лет со приватен авион, а...