Контакт

Свет

Во Солун по големиот пожар се шири отровен облак и загаден воздух, еден е приведен

Објавено пред

Токсичен облак што го прекри Солун е последица на големиот пожар што избувна во областа Ореокастро, а загадениот воздух во текот на денот се очекува да се прошири и кон поширокото подрачје на централна и северна Грција, предупредува порталот за следење на квалитетот на воздухот AtmoHub.

Според нивните анализи, чадот постепено ќе се движи кон јужните делови на земјата, при што е можно да бидат зафатени и делови од Тесалија и северна Евбеја, пренесува „Катимерини“.

Експертите предупредуваат дека согорувањето на рециклажни материјали може значително да ги зголеми концентрациите на штетните суспендирани честички PM2.5 и PM10, како и на други опасни загадувачи во атмосферата. Степенот на загадување зависи од материјалите што горат и од временските услови.

Професорот по инженерство за заштита на животната средина на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Демостен Саријанис, изјави за порталот „Voria.gr“ дека облакот е составен од фини честички кои настануваат при нецелосно согорување.

Тој посочи дека комбинацијата од шумски пожар и согорување на индустриски материјали, како рециклажен отпад, детергенти и масла, дополнително ја влошува токсичноста на чадот.

Според Саријанис, во воздухот се присутни испарливи органски соединенија што предизвикуваат иритација на грлото и очите, како и потенцијално канцерогени материи, меѓу кои бензен, диоксини и фурани.

Пожарот избувна во саботата вечерта во планинскиот дел над Солун и брзо се прошири кон рамничарскиот предел. Огнот главно зафати ниска вегетација, а иако куќите засега не се оштетени, пожарот предизвика штети на повеќе деловни објекти. Густ чад покри неколку населби во околината.

Пожарникарите и натаму се на терен, а силниот ветер го отежнува локализирањето на огнената стихија. Како превентивна мерка, жителите на населбите Антиполи, Филотеј и Галини добија пораки за евакуација, а евакуиран е и објект во кој биле сместени 157 лица со посебни потреби.

Грчките власти во меѓувреме приведоа 76-годишен маж, кој е осомничен дека го предизвикал пожарот. Според информациите, при приведувањето постоеле индикации дека не бил во трезна состојба.

Во исто време, активни пожари се регистрирани и на други локации во околината на Солун, вклучително и на Халкидик и во регионот на Кукуш.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Забава7 минути

Дали сакате да бидете задоволни од себе? Започнете со овие шест мали нешта

Понекогаш, доволно е да се почне со мали нешта. Нема да го промените начинот на кој гледате на себе преку...

Македонија17 минути

ДОМ: Не смее да се брише законската рамка за санација на жешките еколошки точки и заштитата од тешката индустрија

„Во пресрет на утрешната комисиска расправа за измените на Законот за животна средина, ДОМ повторно предупредува дека предложените законски решенија...

Македонија20 минути

Делови од општините Аеродром и Чучер Сандево утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 09.00 до 14.00 часот,...

Македонија24 минути

Дел од општина Центар утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре, поради водоводен приклучок од ф150мм на улицата Дана Стуцки бр.18, прекинато водоснабдување...

Забава27 минути

(Фото/Видео) Запомнете го овој изглед: таа спои неспоиво и покажа зошто е кралица на храбрите модни комбинации

Пенелопе Круз важи за жена со стил и вкус, а речиси секоја нејзина модна комбинација раскажува уникатна приказна. Нејзиниот најнов...

Македонија46 минути

Времето утре: претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните...

Забава58 минути

Како да се грижите за косата по 50-тата година? Овие трикови ѝ ги враќаат мекоста и сјајот

Косата се менува со возраста, исто како и кожата. Рутината за нега што некогаш била доволна, можеби повеќе нема да...

Македонија1 час

Министерството за правда за бегството на Ива Михаилова: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман

Министерството за правда изразува загриженост во врска со случајот со Ива Михаилова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија,...

Европа1 час

Лавров: Нема повторно да наседнеме; Зеленски не заслужи оддишка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не заслужува прекин на непријателствата и оти...