Свет
Вучиќ забрани јавно објавување податоци за инцидентите со оружје
По налог на српскиот премиер Александар Вучиќ, ниеден од државните органи задолжени за неговата безбедност, вклучително полицијата, цивилните и воените разузнавачки агенции, до завршување на истрагата не смеат јавно да истапуваат со информации за неодамнешните инциденти во населбата Јајинци и во Нов Белград, кога беше откриено арсенал оружје во близина на семејната куќа на таткото на српскиот премиер во која овој често престојува со кое наводно требало да биде извршен атентат врз него.
На две локации во Јајинци се откриени поголеми количества оружје, прво во близина на куќата на семејството Вучиќ, а потоа гаража во Нов Белград, а белградскиот медиуми шпекулираат дека бил подготвуван атентат врз премиерот Александар Вучиќ.
Радио-телевизија Србија објави дека е „невообичаено“ што премиерот Вучиќ во средата не се појавил на работното место и ги откажал сите службени состаноци. Ова за РТС го потврдиле од кабинетот на премиерот, но не можеле да ги наведат причините за неговата отсутност.
Во меѓувреме, претседателот на Парламентарната комисија за контрола на службите за безбедност, Игор Бечиќ, ја одложил седницата закажана за четвртокот, на кои директорите на безбедносните агенции требаше да ги информираат членовите на оваа комисија за загрозувањето на безбедноста на премиерот.
Во саботата недалеку од семејната куќа во којашто живее таткото на премиерот Александар Вучиќ, полицијата по пријава од граѓанин нашла рачен фрлач од типот М-80 попознат како „зоља“, која се употребува за уништување оклопни возила, блиндирани автомобили и тенкови, четири рачни бомби, 100 парчиња муниција од калибар 7,62 мм и неколку куршуми за автоматско оружје, како 15-ина куршуми од непознат калибар.
Во текот на истрагата за ова оружје во вторникот вечерта во една гаража во Нов Белград е откриен автомобил во кој имало поголемо количество оружје, автомат „хеклер“, две пакетчиња по 200 грама експлозив, детонатор, два мобилни телефона за далечинско активирање на експлозив и еден револвер.
Објавувајќи дека недалеку од семејната куќа на Вучиќ на денот кога е откриено оружјето и два дена претходно се нашле „97 безбедносно интересни лица“, српскиот министер за полиција Небојша Стефановиќ изјави дека се сослушани 37, но оти никој не е задржан во притвор.
Стефановиќ изјави во меѓувреме за белградските медиумите дека премиерот Вучиќ стравува дека „планираната цел била неговиот брат Андреј“. Андреј Вучиќ се занимава со бизнис, а неколкупати претходно доаѓаше во центарот на вниманието на српската јавност поради обвинувања дека е сопственик на фантомска фирма за која рече е основата со помош на негова лична карта којашто наводно му била украдена.
Вториот пат Андреј Вучиќ беше во фокусот на јавноста кога во текот на забраната за минување низ блокираните улици во центарот на Белград поради Парадата на гордоста, тој и двајца негови телохранители насилно се обидоа да мината, а припадниците на српската жандармерија во тоа физички ги спречија употребувајќи сила. Полицајците беа суспендирани, а неколкумина набрзо и добија откази./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.