Вести
WikiLeaks: CIA шпионира преку телефони и телевизори
Разобличувачкиот портал WikiLeaks го објави првиот дел од деветте илјади документи на американската Централна разузнавачка агенција CIA кои говорат за програма за хакирања, преку цел „арсенал“ злонамерни софтвери и кибернетичко оружје, преку кои алатки CIA имала можноста да ги контролира телефоните на американските и на европските компании како IPhone на Apple, Google Android и Microsoft, па дури и телевизорите на јужнокорејскиот производител Samsung, користејќи ги како скриени микрофони.
Од WikiLeaks, исто така, на Twitter објавија дека ќе објавуваат уште илјадници документи коишто според оваа организација основана од Австралиецот Џулијан Асанж, произлегуваат од Центарот за кибернетичко разузнавање (CCI) на CIA кој ја загубил контролата над поголемиот дел од својот кибернетички арсенал, вклучително и штетниот софтвер и вируси од сите видови.
„Оваа извонредна колекција опфаќа неколку стотици милиони кодови, испорачани на нивните сопственици во целосниот капаците со хакирање на CIA. Архивата е разменета без дозвола меѓу хакери и поранешен соработник на американската влада кој достави до WikiLeaks дел од овие документи“, објаснуваат од организацијата на Асанж.
Документите, исто така, покажуваат дека американскиот конзулат во германскиот град Франкфурт бил користен како бара за хакирањата на CIA, кои од таму ги „покривале“ Европа, Блискиот исток и Африка.
Соработниците на порталот објавуваат дека публикацијата означена како Vault 7, ќе биде една од најголемото истекување на доверливи документи на оваа разузнавачка агенција.
Во првиот дел од документите под наслов Year Zero опфаќаат повеќе од 8.700 документи и датотеки, кои се чувале во изолираната внатрешна мрежа на споменатиот CCI чијашто база е во седиштето на CIA, во Ленгли, во сојузната држава Вирџинија..
Како што оценуваат од WikiLeaks, објавените документи укажуваат на обемот и содржините на тајната „хакерска“ програма на CIA. Посебно, еден од документ всушност претставува своевиден водич, или инструкција за хакерите кои се стационирани во Франкфурт, во американскиот конзулат.
Така, на прашањето за целите на престојот на хакерите во конзулатот, тие требале да одговорат дека се занимаваат со технички консултации. Притоа, ним им биле обезбедени дипломатски пасоши што им овозможува прикривање од Стејт депарментот, наведува порталот.
Документите укажуваат дека има најмалку неколку десетици случаи на користењето на арсеналот на шпионскиот софтвер и вирусите врз производите како што се паметните телефони на Apple и Google, ОС Windows како и телевизорите Samsung. Како што истакнуваат од WikiLekas, штетните кибернетички програми на CIA остануваат незаштитени од други хакери, што овозможува нивно распространување на глобално ниво.
Основачот на компанијата за кибернетичка безбедност Rendition Infosec, Џек Вилијамс, а за агенцијата Associated Press изјави дека според неговото мислење, документите коишто ги објавува WikiLeaks се автентични. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
