Свет
Запрен сообраќајот на шест аеродроми во Колумбија по земјотресот
Сообраќајот на шест аеродроми во Колумбија привремено е прекинат по земјотресот што ја погоди земјата. Одлуката ја потврди Националната агенција за цивилно воздухопловство (UAEAC).
Според информациите на агенцијата, прекинот на сообраќајот е поради регистрирани оштетувања на аеродромите во Переира, Манисалес, Кибдо, Арменија, Картаго и Буенавентура.
Сите летови на овие аеродроми во моментов се прекинати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
