Контакт

Свет

Зеленски: Русија продолжи да ја напаѓа енергетската инфраструктура по најавата за примирје

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека продолжила со нападите врз украинската енергетска инфраструктура веднаш по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека стапило во сила „енергетското примирје“.

Зеленски на социјалната мрежа Икс соопшти дека директно го известил Трамп за новите напади, предупредувајќи го за, како што наведе, „бруталните руски напади што продолжуваат со несмалена жестина“.

Според украинскиот претседател, руски дрон погодил електрана во Киев, по што повеќе градски населби останале без електрична енергија. Подоцна биле извршени и напади врз енергетски објекти во Харковската област.

„И сето тоа се случи откако претседателот на Соединетите Американски Држави даде изјава за енергетско примирје“, напиша Зеленски.

Последиците од новите напади ги потврди и украинскиот државен оператор на електропреносната мрежа „Укренерго“, кој најави ограничувања во снабдувањето со електрична енергија во неколку области низ земјата.

Од компанијата соопштија дека ограничувањата се последица на руските ракетни напади и нападите со беспилотни летала врз енергетската инфраструктура.

„Укренерго“ предупреди дека распоредот на ограничувањата може да се менува во зависност од понатамошните руски напади. Операторот ги повика граѓаните да ја штедат електричната енергија кога снабдувањето ќе биде обновено.

Новите напади врз енергетската мрежа во Киев и Харков укажуваат дека примирјето што Трамп го најави преку социјалните мрежи засега не се почитува на теренот, според информациите објавени од украинската страна.

Најново

Свет3 минути

(Видео) Трамп најави „одличен, прекрасен договор за Украина и Европа“; За што станува збор?

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нов безбедносен договор за Украина, кој би можел „да се прошири на цела Европа“. Тој...

Забава8 минути

(Фото/Видео) Гламур на нејзин начин: Марго Роби покажа речиси сè во целосно проѕирен фустан

Холивуд и високата мода завладеаја со центарот на Сиднеј во четвртокот, кога многубројни славни личности се собраа во областа Барангару...

Забава17 минути

(Фото) Ким Кардашијан во „диво“ издание за кое зборува Њујорк

Луксузната комбинација што ја носеше Ким Кардашијан ги подели модните критичари, уште еднаш потврдувајќи го нејзиниот статус на икона која...

Забава24 минути

Не ви се потребни теретана ниту скапа опрема: овие пет вежби ќе го направат вашиот задник поцврст и позатегнат

Сите веќе знаеме дека можеме да одработиме квалитетен тренинг за кој било дел од телото, удобно, од сопствениот дом. Кога...

Култура30 минути

Триумф на актерката Соња Михајлова: Награда за животно дело во Битола и Гран При во Токио за филмот „Сестра, брат и шахта“

По повод „4 Ноември“- Денот на ослободувањето на Битола во Центарот за култура се одржа свечената академија на која беа...

Македонија33 минути

Максим Димитриевски: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки кон Бугарија без реципроцитет

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во телевизиско гостување порача дека ЗНАМ нема да отстапи од...

Забава57 минути

(Фото) Имаат над 50 години, а сепак изгледаат како да се во своите дваесетти: Овие славни дами му пркосат на времето

Без разлика дали станува збор за добра генетика, дисциплина или специфични ритуали за нега на себе, овие познати жени пронашле...

Европа1 час

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива за периодот од декември оваа година до мај следната година, се наведува во...

Регион1 час

Српски ловци придружуваа авион на „Виз ер“ по уште една закана за бомба

Два борбени авиона на српското воено воздухопловство пресретнаа авион на „Виз ер“, кој летал од Брисел кон Софија, откако пристигнала...