Контакт

Свет

Зеленски: Украина има потреба од ракети „Патриот“ за да избегне катастрофа во текот на зимата

Објавено пред

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека на состанокот во Белата куќа во вторникот, побарал од американскиот претседател Доналд Трамп „итна зимска помош“ од 300 пресретнувачки ракети за американските противвоздушни одбранбени системи „Патриот“, со цел да се заштити енергетската инфраструктура од руски напади, објави американската веб-страница „Аксиос“.

Без нови испораки пред зимата, руските напади би можеле да уништат електрани, да остават милиони Украинци без греење и да предизвикаат хуманитарна криза, рече тој.

Зеленски рече дека залихите на Украина од овие ракети се речиси исцрпени, а Украина е поранлива на руските балистички ракети.

Тој рече дека Трамп се согласил да продолжи со подготовката на договорот за лиценцирање, врз основа на кој Украина би произведувала ракети за „Патриот“ и со тоа би ја намалила зависноста од американските залихи.

Зеленски додаде дека Трамп ветил дека САД ќе се обидат да му помогнат на Киев иако американските залихи се оптоварени со војната со Иран.

По состанокот во Белата куќа во вторникot, претседателот на Украина се сретна со претставници на американските компании „Локид Мартин“ и „Рајтеон“ – производителот на ракетите „Патриот“. Тие разговараа и за адаптацијата на украинските балистички ракети во пресретнувачи на ракети, што се смета за „побрзо и поевтино“ решение.

Зеленски рече дека нападите на Украина со долг дострел врз руската нафтена и логистичка инфраструктура го подобриле неговиот однос со Трамп, кој го опиша како „многу подобар и поконструктивен“ отколку што бил претходно.

Украинскиот претседател рече дека американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф би можеле да дојдат во Киев во следните две недели за да разговараат за евентуалното продолжување на мировните преговори, но тој верува дека е малку веројатно рускиот претседател Владимир Путин да биде подготвен да прифати прекин на огнот.

Најново

Спорт3 минути

Аеродром домаќин на 100-часовниот хуманитарен фестивал „No Finish Line Skopje“

Општина Аеродром од денеска е домаќин на 100 часовниот фестивал на трчање и одење „No Finish Line Skopje“, што ги...

Македонија12 минути

(Видео) Жерновски: Мицкоски нема резултати, му остана само кампањата „Талог“ за поделби и навреди

Наместо единство, наместо повикување на заедништво и прослава на државноста, повторно се активираше кампањата „Талог“ на премиерот Мицкоски за време...

Култура18 минути

Од њујоршката џез-сцена до Скопје: Dan Pugach со Националниот џез оркестар

На 7 октомври во Националната опера и балет, Националниот џез оркестар ја отвора новата концертна сезона со ексклузивен концерт со...

Свет36 минути

Мерц ја нападна АфД: „Ремиграцијата“ во практика значи етничко чистење

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја обвини партијата Алтернатива за Германија (АфД) дека ја поддржува Русија на штета на германските интереси...

Култура37 минути

„Бог на колежот“ на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица

Наградуваната копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, по освоеното Гран при на „Денови на комедија“ пристигнува пред струмичката публика. На...

Македонија41 минута

Дел од Чаир утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 100 мм на...

Свет42 минути

Мерц: Русија со месеци го подготвувала нападот врз аеродромот Лајпциг, избегнавме катастрофа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека обидот за напад со дрон врз аеродромот Лајпциг/Хале бил со месеци подготвуван во Русија...

Црна хроника43 минути

Претрес во Штип, пронајдена дрога: уапсен 37-годишен маж

Вчера во 10:00 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип...

Европа45 минути

Гугл започнува со огромни инвестиции во Европа: 13 милијарди евра инвестира во Финска

Гугл ќе инвестира најмалку 13 милијарди евра во инфраструктура за вештачка интелигенција во Финска во следните две години. Компанијата потврди...