Свет
Американскиот напад уништи само еден од трите ирански нуклеарни постројки, според ново истражување

Нова американска истрага заклучи дека американските напади во јуни во голема мера уништиле еден од трите нуклеарни објекти на Иран, но дека другите два не биле толку оштетени, објави „Ен-би-си њуз“ повикувајќи се на сегашни и поранешни американски функционери.
Во извештајот се тврди дека нападот врз иранскиот нуклеарен објект „Фордо“ бил успешен во забавувањето на напорите за збогатување ураниум за речиси две години.
Другите два објекта не биле толку оштетени и збогатувањето би можело да продолжи во следните неколку месеци доколку Иран така одлучи.
Портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, за Ен-би-си изјави дека „како што претседателот претходно рече, а експертите потврдија, операцијата ‘Полноќен чекан’ целосно ги уништи нуклеарните капацитети на Иран“.
Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, за истиот медиум изјави дека Трамп „бил јасен, а американскиот народ разбрал: нуклеарните објекти на Иран во Фордо, Есфахан и во Натанц беа целосно уништени и дека нема сомнение за тоа.
САД минатиот месец почнаа напади врз иранските нуклеарни постројки тврдејќи дека Иран работи на развој на нуклеарно оружје. Техеран инсистира дека неговиот нуклеарен развој е само за цивилни цели.
Првичната процена на Агенцијата за одбранбено разузнавање на САД во јуни сугерира дека нападите можеби само ја забавиле нуклеарната програма на Иран за неколку месеци. Но, претставници на администрацијата на Трамп рекоа дека оваа процена е несигурна и е спротивна на разузнавачките информации што покажуваат дека нуклеарната програма на Иран е сериозно оштетена.
Според иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, нападите врз „Фордо“ предизвикале голема штета, објавува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски повикува на нова рунда преговори со Русија следната недела

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека повикува на состанок со Русија следната недела за да се поттикнат преговорите за прекин на огнот.
„Динамиката на преговорите мора да се подобри. Треба да направиме сè што е можно за да постигнеме прекин на огнот. Руската страна мора да престане да избегнува одлуки во врска со размена на затвореници, враќање на деца и прекин на убиствата“, рече Зеленски.
„Средбата на лидерско ниво е од суштинско значење за вистински да се обезбеди мир. Украина е подготвена за таков состанок“, додаде тој.
Во меѓувреме, рускиот државен медиум ТАСС објави дека извор близок до рускиот преговарачки тим потврдил дека го добиле предлогот од Киев за состанок.
Последната рунда преговори за прекин на огнот во Истанбул заврши брзо на почетокот на јуни, при што руските и украинските делегати се состанаа на околу еден час. Според руските државни медиуми, Русија поставила максималистички територијални барања како дел од нивните предуслови за прекин на огнот. Украина претходно одби да разгледа какви било територијални отстапки во замена за мир.
Повикот на Зеленски за разговори доаѓа веднаш откако американскиот претседател Доналд Трамп му понуди на рускиот претседател Владимир Путин 50-дневен рок за постигнување прекин на огнот пред САД да воведат високи царини за руски стоки, заедно со „секундарни царини“ за стоки од земји што купуваат руска нафта.
„Ќе воведеме многу строги царини ако не постигнеме договор за 50 дена“, рече Трамп за време на состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Овалната соба претходно оваа недела.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги отфрли заканите на Трамп за царини како обична дрскост.
„Педесет дена – порано беа 24 часа. Порано беа 100 дена. поминавме низ сето ова“, рече Лавров.
Свет
Најмалку 14 загинати во поплави и свлечишта во Јужна Кореја, илјадници евакуирани

Најмалку 14 лица загинаа, а уште 12 се водат како исчезнати во Јужна Кореја поради поплави и свлечишта предизвикани од неколкудневни обилни врнежи, соопштија властите за управување со катастрофи.
Спасувачките екипи и денес продолжуваат со потрагата по исчезнатите, додека населението во погодените подрачја се евакуира во импровизирани засолништа. На видеоснимки од туристичкото место Гапјеонг се гледаат луѓе како газат низ кал и се обидуваат да преминат оштетен мост за да стигнат до безбедно место.
Во регионот Чунгчон, на југ од земјата, цело село било затрупано од свлечиште. Слична ситуација е регистрирана и во Санчеонг, каде што загинаа шест лица, а седум се водат за исчезнати.
Илјадници патишта, згради и земјоделски површини се оштетени или под вода. Според локалните медиуми, речиси 10.000 луѓе биле евакуирани, а околу 41.000 домаќинства привремено останале без електрична енергија.
Во северниот округ Гапјеонг, две лица загинале кога неколку куќи биле затрупани со земја, објави агенцијата AFP повикувајќи се на државни претставници.
Иако врнежите во најпогодените делови од јужна и централна Кореја се намалени, нови обилни дождови се очекуваат во главниот град Сеул и северниот дел од земјата.
Претседателот Ли Џе-мјунг денес нареди погодените области да бидат прогласени за зони на посебна катастрофа и најави координирана државна акција за обновување. Министерот за внатрешни работи Јун Хо-џунг ги повика локалните власти да ги мобилизираат „сите расположливи ресурси“.
Според прогнозите, дождот треба да престане доцна вечерва, но по него се очекува силен топлотен бран.
Свет
(Видео) Нереди во Франција: маскирани напаѓачи со молотови коктели и шипки се судрија со полицијата

Стотици маскирани напаѓачи вооружени со метални прачки и молотови коктели нападнаа автомобили на автопат и се судрија со полицијата во петокот вечерта во градот Лимож во централна Франција.
Девет полицајци беа повредени во ноќните судири. Властите се сомневаат дека станува збор за војна меѓу банди за територија. Вооружени напаѓачи се спуштија на автопатот RN141 и се обидоа да го блокираат за време на судирот со полицијата.
„Имаше помеѓу 100 и 150 маскирани лица, вооружени со молотови коктели, пиротехнички средства, камења, железни шипки и бејзбол палки“, изјави за АФП Лоран Надо, шеф на локалниот полициски синдикат.
Полицијата одговори со солзавец и гумени куршуми. Градоначалникот Емил Роже Ломберти ги нарече бунтовниците „урбана герилска група“. „Тие се организирани, структурирани, имаат план, оружје. Ова не беше спонтан протест поради жалба за нешто. Без изговори, ништо. Станува збор за уништување работи и покажување дека територијата ви припаѓа“, рече тој.
#LIMOGES
Des individus ont attaqué les #FDO au Val de l’Aurence#Guet_apens,RN141 bloquée,
voitures civiles attaquées,mortiers,
cocktails Molotov,10blessés.
1policier attaqué avec ses enfants ds sa voiture
Le maire dénonce 1guérilla urbaine structurée pic.twitter.com/v4b0KaPFJC— F🅾️rz🅰️nîⓂ️es💙✝️🤍✡️❤️ (@forzanimes1203) July 20, 2025
Потврдено е дека биле нападнати цивилни возила. Во некои од овие возила имало семејства со деца.
Слични немири избувнаа и во ноќта меѓу 13 и 14 јули, кога демонстрантите се судрија со полицијата во блиската населба Вал де л’Оренс. Ломбертие нагласи дека оваа „многу сиромашна населба, со млади луѓе од имигрантско потекло“ станала „зона на беззаконие“.
Обвинителката од Лимож, Емили Абрантес, потврди дека населбата е позната по трговија со дрога, но истакна дека нема докази што ги поврзуваат немирите со неодамнешните истраги за трговија со дрога. Министерството за внатрешни работи на Франција соопшти дека ќе распореди специјални безбедносни сили на клучни локации во градот.