Свет
Британија ќе испрати нуклеарна подморница и командоси во Заливот
Британската Кралска морнарица го зајакнува своето воено присуство во Персискиот Залив со нуклеарни подморници и поморски сили, пренесува „Дејли мејл“.
Нуклеарната подморница од класата „астјут“, опремена со крстосувачки ракети и тешки торпеда, ќе има строго дефанзивна улога да ги пресретнува комуникациите меѓу иранските војници и да ги пријави во поморски штаб во Британија.
„Ние испраќаме брод – можеби веќе се движи кон регионот. Неговата улога е тајно разузнавање, собирање информации за поддршка на планираните придружувани конвои од танкери”, се вели во изјавата на Кралската морнарица.
Според британски „Сан“, морнарицата ќе испрати и маринци.
„ХМС Данкан“, разорувач за противвоздушна одбрана „тип 45“, беше испратен во Заливот претходно овој месец за да му помогне на британскиот воен брод распореден таму, фрегатата а „ХМС Монтроус тип 23“ стационирана во Бахреин.
Танкерот за снабдување 2РФА вејв“, кој моментално е стациониран во Гибралтар, ќе транзитира во регионот во август, додека фрегатата „ХМС Кент“ ќе биде распоредена таму во септември.
Морнарицата, исто така, има четири ловци на мини и брод за слетување закотвен во областа. „Имаме способност да испратиме повеќе бродови, но за нив ќе бидат потребни неколку недели, па маринците совршено се вклопуваат во краток рок”, изјави армискиот инсајдер за „Сан“.
Официјалните претставници на одбраната на Велика Британија допрва треба да ги потврдат извештаите, но тие обично остануваат неми за ваквите распоредувања. Распоредувањето доаѓа во период кога Тереза Мајодржа итен состанок за начините за одржување на безбедноста на превозот во Персискиот Залив.
Властите ги советуваа британските бродови привремено да го избегнат Ормускиот Теснец, откако иранската револуционерна гарда ИРГЦ во петокот привремено задржа два танкера. Еден од танкерите беше ослободен, додека другиот беше однесен во пристаниште во јужен Иран во очекување на истрага.
Техеран тврди дека танкерот ги игнорирал повиците за помош на ирански рибарски брод и се судрил со него. Во исто време, претставници на Техеран посочија дека нападот е одговор на заплената на иранскиот супертанкер кој, наводно, пренесува иранска нафта за Сирија, спротивно на санкциите на ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.