Свет
(Видео) Ерменските сили соборија авион и беспилотно летало на Азербејџан
Ерменските противвоздушни системи соборија авион и беспилотно летало на азербејџанското воено воздухопловство, соопшти портпаролката на ерменското Министерство за одбрана, Шушан Степанјан.
Денес воените операции продолжија во Нагорно-Карабах.
Степанјан рече дека противвоздушните системи собориле непријателски авион и беспилотно летало околу 7.55 часот.
„Обидите на непријателот во неколку насоки да ја пробијат линијата на фронтот не успеаја“, рече таа.
Од друга страна, азербејџанското Министерство за одбрана објави дека азербејџанската армија успеала да преземе контрола над голем број стратешки височини, пренесува ТАСС.
Министерството потврди дека воените операции во зоната на конфликтот во Нагорно-Карабах продолжиле утрово и во текот на ноќта.
„Од полноќ до 7 часот наутро беа уништени пет ерменски единици оклопни и автомобилски возила, како и три воени инфраструктури и значителен број непријателски персонал“, се вели во соопштението.
Ситуацијата во Нагорно-Карабах ескалира на 27 септември кога почнаа борбите на спорната територија. И Азербејџан и Ерменија прогласија воена состојба и воведоа мобилизација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.