Свет
(Видео) Свечен дочек и протести за Борис Џонсон во Берлин
Британскиот премиер Борис Џонсон во Берлин го дочекаа демонстранти кои извикуваа:„Запрете го брегзит“. Нивните повици биле во пресрет на состанокот на Џонсон со германската канцеларка Ангела Меркел.
Watch live: German Chancellor Angela Merkel welcomes British Prime Minister Boris Johnson with military honours in Berlin.https://t.co/k5sQh4ZAUW https://t.co/EssCk1dlzi
— euronews (@euronews) August 21, 2019
На новинарскот прашање дали се надева на договор, Џонсон не одговорил.
"Stop Brexit" they shouted . . . in Berlin!
They are right, BJ, you lost! Now #RevokeA50https://t.co/tomrihfJrR— Ken Pope (@kenpopekpz) August 21, 2019
За неговата посета приредена е свечен дочек во рамки на кој го пречекала германската канцеларка, а „Вашингтон пост“ пишува дека таа средба делувала „студено“ со оглед дека не комуницирале за време на церемонијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.