Свет
(Видео) Страшна инвазија на скакулци во Африка, надлежните стравуваат дека ќе донесат глад за населението
Земјите од Источна Африка се борат со инвазија на пустински скакулци кои стануваат закана за прехраната на населението, соопшти во петокот работната група на меѓународни организации кои се бават со безбедност на храната (FSNWG).
Инвазијата, за која Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) вели дека е најлоша во последните 25 години, може да доведе до ширење на глад, ако не биде итно спречена.
Регионот на Источна Африка, кој е исцрпен од суши, поплави и конфликти, веќе доживува високи нивоа на недостаток од храна, па така 19 милиони луѓе се на работ на глад.
Инвазијата на скакулци кои летаат во огромни роеви значително ќе ја влоши ситуацијата, соопшти FSNWG.
Пустинскиот скакулец е еден од најопасните номадски инсекти во светот, а рој од еден квадратен километар може да изеде храна со која би се прехраниле 35.000 луѓе за еден ден, предупреди Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарната помош (ОХА).
ФАО проценува дека еден рој од 2.400 квадратни километри во Кенија може да содржи над 200 милијарди скакулци, од кои секој во текот на денот јаде храна колку својата големина (два грама), што на крајот изнесува 400.000 тони храна секој ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се истражува случајот со жената што донесе мртовец во банка за да подигне кредит, стинаа резултатите од обдукцијата
Бразилската полиција уапси жена осомничена дека донела во банка мртов маж, за којшто вели дека и е вујко, за да подигне кредит.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како жена на шалтерот на банката Итау во Рио де Жанеиро ја крева главата на постар маж во инвалидска количка и се обидува да му стави пенкало во раката.
Од полицијата кажаа дека осомничената се обидувала да земе кредит во износ од 3.000 долари, кој банката веќе и’ го одобрила, но било потребно одобрение и од вујкото. Мажот од видеото не реагирал на барањата на жената. Додека се обидувала да му го даде пенкалото, неговата рака се спуштала, а главата му паѓала назад, пишува „Си-ен-ен“.
„Вујко слушаш, мораш да потпишеш. Ако не потпишеш нема шанси. Не можам да потпишам јас, мораш ти. Ајде не прави проблем, направи го тоа“, се слуша како му вели жената. Еден од вработените во банката во тој момент рекол дека постарата личност најверојатно не се чувствува добро.
Шефот на цивилната полиција во Рио де Жанеиро, Фабио Луис Соуза, изјави дека вработените во банката потоа решиле да повикаат брза помош. Кога пристигнале болничарите, утврдиле дека човекот бил мртов неколку часа. Полицијата води истрага и се обидува да утврди каква е точно поврзаноста на осомничената и загинатиот маж, а засега не е покренато обвинение.
Адвокатот на семејството го демантираше полицискиот извештај:
„Работите не испаднаа така. Човекот беше донесен жив во банка. Мојата клиентка е целосно потресена, зема лекови“, рече тој.
Обдукцијата откри нови детали
Бразилскиот медиум „Метрополес“ добил извештај од обдукцијата што укажува дека смртта на мажот била предизвикана од „бронхоаспирација и срцева слабост“. Утврдено е и дека бил неухранет.
„Таквите податоци ги потврдуваат некроскопските наоди за неухранетост и бронхоаспирација. Претходните срцеви заболувања исто така придонеле за смртта“, се вели во извештајот.
Судскиот совет ги чека резултатите од дополнителното испитување за да се утврди дали мажот бил отруен.
Бизнис инсајдер известува дека експертот кој ја потпишал прелиминарната форензичка анализа заклучил дека нема доволно докази за да се заклучи дали Пауло починал на пат кон или внатре во банката или починал пред тоа.
Меѓутоа, обдукцијата покажала дека згрутчувањето на крвта во неговиот врат сугерирало дека тој умрел легнат.
Адвокатот и натаму тврди дека неговата клиентка е невина, а нагласува и дека има сведоци. Истрагата продолжува.
Свет
ЕУ и Кина повикаа на воздржаност на Блискиот Исток
Кина објави дека се противи на каква било ескалација на тензиите на Блискиот Исток.
„Кина се противи на какви било активности што би можеле дополнително да ги ескалираат тензиите“, изјави денеска Лин Џијан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.
Реагираше и со претседатката на Европската комисија, Фон дер Лајен.
Таа ги повика Иран, Израел и нивните сојузници да се воздржат од ескалација на ситуацијата на Блискиот Исток.
„Апсолутно е неопходно регионот да остане стабилен и сите страни да се воздржат од понатамошни активности“, рече Урсула фон дер Лајен.
Претходно утрово, светските медиуми објавија дека Израел го нападнал Иран и дека се слушнале три експлозии во близина на воена база во централниот град Исфахан.
Сепак, засега нема официјални информации од двете држави за тоа што се случувало.
Свет
Разузнавачки извор за Си-ен-ен: Директните напади меѓу Израел и Иран завршија
Регионален разузнавачки извор рече дека директните напади меѓу Израел и Иран се завршени.
Изворот разговарал за Си-ен-ен под услов да остане анонимен околу два и пол часа по објавувањето на нападите. Изворот вели дека, според неговите сознанија, не се очекува Иран да одговори на нападот, но не наведе причина.
Претходно и висок ирански функционер изјави за „Ројтерс“ дека „Иран нема план за итна одмазда против Израел“.
Израел сѐ уште не потврдил дека го извршил нападот врз Иран, а тврдењата за нападот дојдоа од Вашингтон.
Од друга страна, од Иран доаѓаат контрадикторни информации, но нема официјален извештај.
Пред само еден час ирански аналитичар изјави за иранската државна телевизија дека „мини дроновите соборени од противвоздушната одбрана во Исфахан биле управувани од инфилтратори од Иран“.
Претходно, пак, ирански функционер изјави за „Ројтерс“ дека немало ракетен напад и дека експлозиите биле резултат на активирање на иранските системи за противвоздушна одбрана.