Свет
(Видео) Уапсен руски гувернер, маскирани агенти го извлекоа од автомобилот и го ставија во комбе
Руските безбедносни сили го уапсија гувернерот кој ја победи владејачката партија на изборите во 2018 година на Далечниот Исток обвинувајќи го дека убил неколку бизнисмени пред 15 години.
Сергеј Фургал, гувернер на регионот Кабаровск, беше извлечен од возилото од маскирани агенти, кои го ставија во комбе, покажуваат снимките на истражниот одбор, кој е руска верзија на американскиот ФБИ.
Истражниот комитет соопшти дека обвинението против Фургал ќе биде поднесено набргу.
Тој е осомничен дека меѓу 2004 и 2005 година наредил ликвидација на неколку стопанственици и ако биде прогласен за виновен, би можел да се соочи со доживотен затвор.
Агенцијата не наведува детали за наводните злосторства, но потврди дека во врска со тој случај веќе биле уапсени четворица членови на организираната криминална група и дека лицата вмешани во убиствата доставиле докази против Фургал.
Фургал, член на Либерално-демократската партија (ЛДПР) и поранешен пратеник, беше многу популарен во споменатиот пацифички регион, каде што ја освои власта во 2018 година победувајќи ја партијата Обединета Русија, која го поддржува претседателот Владимир Путин.
Иако и ЛДПР го поддржува Путин, победата на Фургал беше толкувана како удар на владејачката партија, која ги држи руските региони цврсто во рака.
Политичкиот аналитичар Абас Галијамов смета дека апсењето на Фургал е предупредување за опозициските партии, кои ќе ѝ се спротивстават на владејачката партија на регионалните избори во септември.
Лидерот на ЛДПР, Владимир Жириновски, се закани дека неговата партија и сојузниците би можеле да го напуштат парламентот во знак на протест.
„Ние ви дадовме устав, а вие ни ставате лисици“, рече Жириновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Дмитриј Песков: Москва се придржува до идејата на Путин за создавање тампон зона во Украина
Москва се придржува до идејата на рускиот претседател Владимир Путин за создавање тампон зона во Украина за заштита од оружје со долг дострел, изјави на прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Што се однесува до тоа, ништо не е променето“, рече тој одговарајќи на новинарско прашање, пренесе ТАСС.
Портпаролот на Кремљ додаде дека прашањето за борбата против оружјето со долг дострел доставено до Украина и потенцијалните напади врз областите во кои тие се концентрирани е „прилично во надлежност на вооружените сили“.
Свет
Евакуација на две села во Русија поради поплави, стабилнo во Удмуртија
Во областа Абат во руската област Тјумен во тек е евакуација на жителите на две села поради поплави, ситуацијата во Удмуртија се стабилизира, а водостоите на реките во тој руски регион се намалуваат, соопштија официјални лица.
Жителите на селата Назарово и Јурга во областа Тјумен се евакуираат со бродови, пренесе „Интерфакс“.
Официјални лица соопштија дека нивото на водата во реката Лоза во руската Удмуртска Република, која поплави 120 станбени области во регионалниот центар Игра, се намали речиси 120 сантиметри.
Свет
Авион со 200 луѓе слета во Јапонија, по слетувањето, почна да чади
Јапонскиот државен радиодифузен сервис NHK објави дека се издигнал чад од авионот на All Nippon Airways, кој денеска слета на аеродромот „Шин Читозе“ во Јапонија.
Летот 71 полета од аеродромот „Ханеда“ во Токио со 200 луѓе. Нема извештаи за повредени.
NHK јавува дека чадот, кој се гледал од пределот на крилата по слетувањето, исчезнал кога моторот престанал да работи. Причината за чадот може да биде истекување нафта, според NHK. Индикаторот во пилотската кабина покажа губење на притисокот на маслото во системот што го контролира авионот.
Една од двете писти на аеродромот „Читосе“ беше затворена по инцидентот.
Во јануари, авион на „Јапонија ерлајнс“ и авион на крајбрежната стража се судрија на аеродромот „Ханеда“ и се запалија. Сите 379 патници и членови на екипажот на JAL се евакуирани, но загинаа пет члена од авионот на крајбрежната стража.