Свет
(видео) Еден уапсен по пукањето во Хале, ново пукање во Ландсберг
Германската полицијата потврди дека едно лице е приведено по пукањето во Хале во кое загинаа две лица, а неколку други се повредени. Граната бил фрлена и на еврејските гробишта.
Тие не изнесуваат детали за уапсениот и за целта на нападот. Весниците „Билд“ и „Мителдојче цајтунг“ објавија дека пукањето се случило во близина на синагогата. Едно лице интервјуирано на телевизијата „НТВ“ изјави дека бил во продавница за донер кога видел маж со кацига и воена јакна, кој потоа испукал истрели во продавницата.
Подоцна и корисник на интернет објави фотографија од наводниот напаѓач со автоматско оружје во рацете и со воена јакна и шлем.
Приведен е маж, а повеќе детали за него полиција ќе соопшти подоцна. Постојат индиции за тројца сторители, но досега ова се непотврдени информации.
На интернет циркулира и наводна снимка од еден од напаѓачите, кој почнува да пука излегувајќи до автомобил, но автентичноста на снимката не е потврдена
Irre! #Halle via @MDR_aktuell pic.twitter.com/0SLLBaGF5O
— Michael Ziesmann (@M_Ziesmann) October 9, 2019
Портпарол на полицијата изјави за ТВ-каналот „НТВ“, дека има две места на злосторство – продавницата за донер и синагогата. Макс Приворотски, претседател на еврејската заедница во Хале, изјавил за „Шпигел“ дека двајца напаѓачи се обиделе да влезат во синагогата, во која имало 70 до 80 луѓе. Соучесниците на напаѓачот подоцна, наводно, избегале со автомобил.
Полицијата предупреди на Твитер дека луѓето во околината треба да останат внимателни и увери дека работат на стабилизирање на ситуацијата. Тие најавија дека е зголемена безбедноста на синагогата во Дрезден и еврејските гробишта како заштитна мерка. Дрезден е на околу два часа од Хале. „Дојче бан“ ја затвори железничката станица во Хале по пукањето во синагогата.
Германскиот весник „Билд“ објави дека истрели се слушнале и на околу 15 километри од Хале во Ландсберг, а информацијата е потврдена и од полициски извор. Полицијата побарала и од жителите во Ландсберг да останат во своите домови. Не е познато дали се поврзани овие два инциденти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.