Свет
Марин Ле Пен: ЕУ е првата жртва на коронавирусот
Европската Унија е технократска организација, потполно одвоена од народот и исклучена од негоите главни грижи, изјави во интервју за „Вечерње новости“ претседателката на француската партија Национален собир, Марин Ле Пен.
„Како бирократска творба, ЕУ е опседната со примената на своите недопирливи догми. И додека пандемијата ги погаѓаше една по друга европските земји, кога со право очекувавме реакција и мобилизација на Европската комисија, таа дискретно го спроведуваше процесот на проширување во корист на Албанија и на Македонија“, вели Ле Пен.
Според неа, кризите се често показател, ја откриваат состојбата на духот на луѓето, но и на институциите. Кризата низ која во моментот поминуваме не е исклучок од тоа правило.
„Во овие трагични моменти, од нациите и народите пристигнуваат солидарност и сочувство. Никому не му е ни потребна интервенција на бриселската технократија за префрлање на француските пациенти во соседните земји или кога Белград се осветлува во боите на Франција како знак на пријателство и поддршка во борбата против Ковид-19.“
Ле Пен жестоко ја критикуваше ЕУ.
„Европската Унија со неспособноста и неподготвеноста да ги заштити граѓаните на своите земји членки стана прва жртва на коронавирусот. Оваа политичка организација, која ја пртставија како штит зад кој државите ќе можат да се засолнат, ниту знаеше ниту можеше да реагира и координира ни со најмала, ефиканска акција за да ја спречи епидемијата.
И тука фактите се немилосрдни: додека земјите со право долучија да ги затворат границите во обид да го спречат напредувањето на епидемијата, претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, ги одвраќаше европските држави од преземање на сите овие мерки на здрав разум. Треба да се спомене дека и Емануел Макрон веднаш ги предупреди Французите на ’повлекување во национализам‘“.
Според Ле Пен, оваа пандемија уште еднаш покажа дека ЕУ е транснационална, технократска политичка организација без демократски легитимитет. Таа претставува збир на слабости, неспособна да реагира и дејствува кога е тоа неопходно.
„Таа дијагноза, впрочем, беше потврдена пред неколку недели за време на мигрантската кризаи уцените на Ердоган. Оваа Европа, која би требало да ги заштити државите членки од мигрантскиот налет, одлучи да ја прошири процедурата за право на азил. Светот на утрешнината ќе биде свет со враќање на границите, нациите, економскиот и индустрискиот суверенитет“.
Ле Пен ја повтори реченицата што неодамна ја изговори францускиот претседател Емануел Макрон: „Ништо веќе нема да биде исто како порано“.
„Оваа промена не може да биде само крпење, обнова на фасадите, каталог на добри намери, туку бара длабоки промени во пристапот и концепцијата што мора да ја имаме за нашиот модел на општество. Обезбедувањето средства за технолошки суверенитет, преместување на индустриските активности, заштита и промоција на нашите стратешкии компании – тоа се предизвиците со кои ќе мора да се соочиме по победата во борбата против коронавирусот“, рече Ле Пен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.