Свет
Меркел им порача на граѓаните да ги намалат контактите и патувањата
Германската канцеларка, Ангела Меркел, им порача на своите сонародници да ги ограничат социјалните контакти и да го сведат патувањето на минимум, откако беше потврдено најголемото дневно зголемување на бројот на новозаразени во земјата.
„Ако граѓаните на Германија не ги намалат контактите, сите ќе се соочиме со големите предизвици што ги претставува овој вирус “, рече канцеларката.
Иако не е погодена од пандемијата како некои други европски земји, дневниот пораст на бројот на новозаразени во Германија продолжува да расте.
Минатата недела, Германија за прв пат објави дека коронавирусот е потврден кај повеќе од 10.000 луѓе за еден ден, а денес тој број е 14.714, што е највисок биланс во земјата.
Од почетокот на епидемијата, во Германија биле заразени 418.005 лица, додека починале 10.003 пациенти.
Германскиот министер за здравство, Јенс Спан, е последниот истакнат политичар од оваа земја кој има позитивен тест за коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден: САД се посветени на безбедноста на Израел
Џо Бајден за првпат јавно се осврна на нападот на Иран врз Израел, велејќи дека САД се „посветени на безбедноста на Израел“.
„Ние сме посветени на прекин на огнот што ќе ги врати заложниците дома и ќе спречи ширење на конфликтот надвор од она што веќе постои“, рече американскиот претседател во Белата куќа.
Тој го изјави ова за време на средбата со ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани во Овалната соба.
Бајден рече дека е посветен и на „безбедноста на нашиот персонал и партнерите во регионот, вклучително и Ирак“.
Бела куќа: Тврдењата на Иран дека не предупредиле за нападот 72 часа однапред се лага
Иранскиот напад спектакуларно пропадна, соопшти Белата куќа.
„Овој напад не успеа затоа што беше поразен од Израел, Соединетите Држави и коалицијата на други партнери посветени на одбраната на Израел“, велат тие.
Тие исто така тврдат дека тврдењата на Иран дека испратил 72-часовно предупредување за нападот се лажни.
Свет
Израел објави: Ќе одговориме на нападот
Началникот на Генералштабот на ИДФ предупреди дека ќе има одговор на нападот од големи размери на Иран.
Израелскиот воен кабинет денеска го одржа третиот состанок за 48 часа, по што медиумите објавија дека целта на Израел е да му наштети на Иран без да предизвика сеопфатна војна.
War cabinet said set on ‘forceful’ response to Iran, but one that won’t spark wider war https://t.co/9lUrLMtu3a
— The Times of Israel (@TimesofIsrael) April 15, 2024
Извештаите, исто така, сугерираат дека Израел сака да преземе акција против Иран во координација со САД – иако Америка рече дека нема да биде вклучена во контраофанзива против Иран.
Регион
Земјотресот го потресе Мостар, почувствуван е и во околните градови
Земјотрес со се уште неутврдена јачина во 19 часот и 30 минути го потресе поширокото подрачје на Мостар, објави Кликс.
Како што е наведено на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил во близина на Мостар
#Earthquake (#zemljotres) possibly felt 16 sec ago in #Bosnia&Herzegovina. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/IbUfG7TFOL
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/WLVnlFKypF— EMSC (@LastQuake) April 15, 2024
„Кратко, но силно“, „Силно се тресеше“, се дел од сведоштвата на веб-страницата на ЕМСЦ.