Свет
Нападот на синагогата во Тексас е терористички акт, рече Бајден
Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека вооружениот напаѓач кој ја прекинал верската служба во синагога во Коливил, Тексас и зел четири лица како заложници, учествувал во терористички чин.
„Тоа беше терористички чин“, рече Бајден за време на денешната посета на Филаделфија, додавајќи дека нема доволно информации зошто напаѓачот ја нападнал синагогата, пренесе „Ројтерс“.
Заложниците, кои со часови беа чувани во синагогата во градот Коливил, се спасени синоќа, изјави гувернерот Грег Абот, со што заврши заложничката криза која траеше речиси 12 часа.
„Нашите молитви се одговорени. Сите заложници се живи и безбедни“, напиша Абот на својот твитер профил, а пренесе агенцијата АП.
Твитот на Абот дојде набргу по силна детонација и пукање во синагога, а полицијата посочи дека маж држел заложници и барал ослободување на пакистански невролог осуден за обид за убиство на американски воен офицер во Авганистан.
Киднаперот е прогласен за мртов, изјави полициски претставник кој побарал да остане анонимен, а детали за спасувачката операција и смртта на киднаперот засега не се објавени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.