Свет
Палестински терорист убиен во Ерусалим откако пробол израелски полицаец
Палестински напаѓач бил застрелан денеска откако со камион удрил во израелски полицаец на контролен пункт на Западниот Брег, а потоа го пробол со ножици, соопшти израелската полицијата, пренесува РФИ.
„Терористот се залета со своето возило во граничниот полицаец што беше на должност“, рече полицискиот портпарол Мики Розенфелд во изјавата на англиски јазик.
Напаѓачот потоа скокнал од своето возило и го пробол полицискиот службеник со ножици. Другите полицајци на местото на настанот отвориле оган и терористот бил застрелан и убиен.
Повредениот полицаец е однесен во болница, но не е во животна опасност, соопшти полицијата.
Фотографија на возилото на напаѓачот објавено од полицијата покажува комбе со палестински регистарски таблички.
Нападот се случил меѓу населбата Маале Адумим на еврејскиот Западен Брег на и палестинската населба Абу Дис, во предградието на источен Ерусалим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.