Свет
Поединци немаат чувство за вкус и мирис, дури и една година по заразата од коронавирусот
Три дена по позитивниот тест на коронавирус, сè имаше вкус на картон, се сеќава 38-годишната Елизабет Медина, која го изгубила чувството за вкус и мирис на почетокот на пандемијата. Една година подоцна таа стравува дека сетилата никогаш нема да ѝ се вратат.
Таа разговарала со оториноларинголози и невролози, испробала многу спрејови за нос и е дел од група пациенти експериментално третирани со рибино масло.
Таа е една од ретките луѓе со долготрајна анозмија, нарушување што е потценета последица од пандемија на Ковид-19.
Повеќето од оние што го изгубиле чувството за вкус и мирис во пандемијата закрепнуваат за три до четири недели, вели Валентина Парма, психолог од Универзитетот „Темпл“ во Филаделфија.
Но, 10-15 проценти од нив страдаат со месеци, додаде Парма.
Губењето на чувството за мирис и вкус од пандемијата погоди околу десет милиони луѓе во светот. Вкусот и мирисот честопати се сметаат за помалку важни од видот и слухот и нивната загуба се смета како помалку сериозна од другите последици на долгото боледување од Ковид-19.
Парма не се согласува со ова бидејќи губењето вкус и мирис може да доведе до вознемиреност, па дури и депресија.
Најчестото прашање што го поставуваат луѓето што ги изгубиле овие чувства е дали сетилата ќе се вратат некогаш?
Парма вели дека тоа е тешко да се предвиди.
„Држете се, не губете ја надежта и ви посакувам сѐ најдобро“, додаде Парма.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уште еден земјотрес ја погоди Турција
Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Турција.
Земјотресот се случил на длабочина од 11 километри, во областа Гоксун во Кахраманмараш.
Засега нема информации за евентуални жртви и материјална штета.
Турција синоќа беше погодена од земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот се случил на 46 километри јужно од Турхал, на длабочина од 10 километри.
Свет
Поранешниот директор на Мосад за нападот на Иран: Сите опции се „на маса“
Поранешен директор за разузнавање во израелската разузнавачка агенција Мосад вели дека таргетирањето на нуклеарните објекти во Иран е една од опциите за одговор на нападот врз Израел, пишува „Sky News“.
Зохар Палти зборуваше за можните форми на одговор откако Иран истрела повеќе од 300 проектили и беспилотни летала кон Израел.
Запрашан дали сè е на маса, вклучително и таргетирање на нуклеарни постројки, Палти рече: „Нема прашање. Сè е на маса во моментов“.
Запрашан дали тоа вклучува нуклеарни постројки, тој рече: „Вклучувајќи сè“.
Иран во неделата привремено ги затвори своите нуклеарни постројки од „безбедносни причини“.
Нападот врз Израел уследи по наводниот смртоносен израелски напад врз иранскиот конзулат во Сирија. ИДФ соопшти дека 99 отсто од оружјето испукано кон Израел не успеало да навлезе во неговата моќна противвоздушна одбрана.
Сепак, како што пренесуваат медиумите, израелската влада нема да изврши одмазда за масовниот ирански напад на израелска територија минатиот викенд.
Свет
„Тајмс оф Израел“: Америка ја прифати операцијата на Израел во Рафах, доколку Израел не го нападне Иран
Соединетите Американски Држави го прифатија планот на Израел за копнена операција во јужниот дел на Газа во градот Рафах во замена за неизвршување на голем напад врз Иран, пишува „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на неименуван египетски функционер.
„Американската администрација покажа дека го прифаќа планот што претходно го претстави окупаторската влада во врска со воената операција во Рафах, во замена за неизвршување голем напад врз Иран“, изјави неименуван египетски функционер за катарскиот медиум „Ал Араби ал Џадид“.
Тој додаде дека Египет се подготвува за можните последици од инвазијата на Рафах, каде, според израелските медиуми, се верува дека се наоѓаат четири баталјони на палестинската милитантна група Хамас и над милион цивили кои побегнале таму од другите делови на Појасот Газа, а се сомнева дека таму се и лидерите на Хамас и израелските заложници, пренесува Танјуг.
Израелскиот јавен сервис „Кан“ вчера објави, повикувајќи се на неименуван израелски функционер, дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го променил планот за одговор на нападот на Иран по разговорот со американскиот претседател Џозеф Бајден.
Неименуван израелски функционер појасни дека одговорот на Израел ќе се случи, но дека ќе биде поинаков од планираниот.
Ноќта меѓу саботата и неделата, Иран изврши напад врз Израел со беспилотни летала и балистички и крстаречки ракети како одмазда за нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, за кој го обвини Израел.