Свет
Порака со смртни закани оставена во џамија во Франција: „војната почна“
Џамија во областа Вернон во северна Франција, каде што е забележан раст на исламофобичните напади, доби порака со смртна закана, чија цел се исламот и муслиманите, пренесува „Анадолија“.
Според соопштението објавено на твитер-профилот на Islam&Info, во пораката оставена во поштенското сандаче на џамијата во Вернон биле напишани смртни закани и навреди кон Турците, Арапите и заедницата што редовно ја посетува џамијата.
„Војната почна. Ќе ве истераме од нашата земја. Ќе одговарате за смртта на Самуел“, се вели во пораката, во која биле користени вулгарни изрази за покриените муслимански жени.
Самуел Пети, професор на колеџот „Боа-д-Олн“ во Конфланс-Сант-Онорин, беше обезглавен на 16 октомври од Абдулах Анзоров, 18-годишник со чеченско потекло, како одмазда за прикажувањето на контроверзните карикатури на муслиманскиот пророк Мухамед на своите студенти за време на едно од своите предавања за слободата на говорот.
Инаку, пред извесно време Големата џамија во Пантин беше затворена шест месеци по споделувањето видео на својата страница на „Фејсбук“, во кое го критикува Пети пред неговото убиство.
Претходно овој месец, францускиот претседател Емануел Макрон ги обвини француските муслимани за сепаратизам и го опиша исламот како религија во криза во целиот свет.
Тензиите дополнително ескалираа по убиството на Пети. Макрон му оддаде почит и рече дека Франција нема да се откаже од карикатурите, а карикатурите на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ беа проектирани и врз зградите во неколку града.
Неколку арапски земји, како и Турција, Иран и Пакистан, го критикуваа односот на Макрон кон муслиманите и исламот, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека на францускиот лидер му треба ментален третман.
Додека повиците за бојкот на француските производи кружат преку Иинтернет во многу земји, Ердоган ги повика Турците никогаш да не им помагаат на француските брендови или да ги купуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украински дрон удрил во станбена зграда во Белгород, има мртви
Едно лице загина кога украинско беспилотно летало удри во станбена зграда во рускиот град Белгород и одекна силна експлозија, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.
„Повредена е сопругата на починатиот, има расекотини на лицето и површна изгореница на бутот. Екипата за брза помош ја однела жената во регионалната клиничка болница. Како резултат на експлозијата, за жал, еден човек загина“, објави Гладков, а пренесува Риа Новости.
Друг жител со рана од шрапнел сам отишол во градската болница, додаде тој.
Оштетени се прозорците во пет стана, како и автомобил. Оперативните услуги се на лице место.
Европа
Бремена жена дошла на редовен преглед, лекарите по грешка ѝ направиле абортус во болница во Прага
Во трагичен инцидент претходно оваа недела во Универзитетската болница „Буловка“ во Прага 8 дошло до забуна кај лекарите за две жени што не биле од Прага, а тоа резултирало со абортус на бремена жена без нејзино знаење или желба, пренесуваат тамошните медиуми.
Здравствениот експерт вели дека, освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера.
Кобната грешка се случила на 25 март, јавуваат чешките медиуми. Имено, една трудница дошла во болница на редовен преглед на бременоста. Меѓутоа, медицинските сестри, лекарите, гинеколозите и анестезиолозите ја помешале со друга трудница, која имала закажана киретажа (метод на абортус).
Така, бремената мајка била ставена под општа анестезија и лекарите по грешка ѝ направиле абортус.
„Министерството за здравство изразува најдлабоко жалење до пациентот и целото семејство“, рече портпаролот на Министерството, Онџеј Јакоб, во соопштението за печатот во четвртокот.
„Имаше неопростлива човечка грешка, а одговорните се разрешени“, додаде тој.
Од самата болница за информативниот портал „Новинки.чз“ изјавија дека се подготвени да платат отштета.
Според чешките медиуми, и двете пациентки биле странски државјанки, кои живееле во Чешка.
Официјалните лица не објавија никакви информации за идентитетот на жените.
Регион
Детаљно пребарани тунелите, каналите и шахтите, нема траги од Данка: се огласија српските полицајци
Специјалистички екипи за спасување од урнатини на Секторот за вонредни состојби од Белград и Нови Сад заедно со други припадници на МВР од раните утрински часови темелно ги пребаруваа тунелите, подземните канали и шахтите со вкупна должина од 4,5 километри во месноста Бањско Поле до градот Бор и не се пронајдени траги што би укажувале дека таму била двегодишната Данка Илиќ, пренесуваат српските медиуми.
По повеќе од 70 часа детаљно пребарување на теренот во Бањско Поле, припадниците на Министерството за внатрешни работи продолжуваат со интензивно и оперативно пронаоѓање на девојчето и утврдување сите факти и околности за исчезнувањето на детето, според последните извештаи.
Медиумите потсетуваат, од моментот на пријавување на исчезнувањето на 26 март во потрагата по исчезнатото девојче учествуваа стотина припадници на МВР, кои темелно и сеопфатно го прегледаа поширокиот и потесниот простор на ова место со вкупна површина од 10-ина квадратни километри.