Свет
Поранешниот претседател на Египет почина во судница
Поранешниот претседател на Египет, Мохамед Морси почина ненадејно откако му се слошило во судницата, за време на судењето кое се води против него.
#BreakingNews: ex #MuslimBrotherhood Former President of #Egypt, Mohamed Morsi, dies in court during his own trial pic.twitter.com/A4KW9CxhfA
— Daily News Egypt (@DailyNewsEgypt) June 17, 2019
Според агенциите, 67 – годишниот Морси починал денеска откако му се слошило. Тој се онесвестил за време на судскиот процес против него. Морси беше на чело на Египет во периодот од јуни 2012 и јули 2013 година. Со државен удар беше симнат од власт на 3 јули 2013 година, на што му претходеа масовни протести. Против Морси се водеше судски процес за корупција и злоупотреба на власта. Поранешниот египетски претседател беше во затвор од 2013 година, обвинет за разни злосторства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.