Свет
Почна трката по молнупиравир – осум земји веќе потпишале договор за купување на лекот
Азиските земји побрзаа да го нарачаат најновиот потенцијален лек против Ковид-19, кој е во форма на таблети, иако се уште не е одобрен за употреба.
Според аналитичката компанија „Ерфинити“, најмалку осум земји од азиско-пацифичкиот регион, вклучувајќи ги Нов Зеланд, Австралија и Јужна Кореја, веќе имаат потпишано договори или се во преговори за купување на лек произведен од американската компанија „Мерк“.
Европската унија, исто така, го разгледува овој лек.
„Мерк“ побара одобрување за итна употреба од Американската администрација за храна и лекови (ФДА). Доколку се одобри, оваа пилула ќе стане првиот орален антивирусен лек против ковид.
Кога на пациентот ќе му се дијагностицира инфекцијата, тој може да започне со терапија со овој лек и да земе четири капсули од 200 милиграми (вкупно 40 таблети) двапати дневно, пет дена, објави Си-ен-ен.
„ За разлика од вакцините, кои предизвикуваат имунолошки одговор, молнупиравирот го попречува размножувањето на вирусот“, рече Санјаја Сенанајаке, специјалист за заразни болести на Австралискиот национален универзитет.
Прелиминарните резултати од третата фаза на клинички испитувања на повеќе од 700 невакцинирани пациенти покажаа дека пилулата може да го намалат ризикот од хоспитализација или смрт за приближно 50%, во споредба со пациентите кои земале плацебо.
Учесниците добиле таблета или плацебо за време на студијата во рок од пет дена од почетокот на симптомите на инфекција, и никој од оние кои примале молнупиравир не умрел во рок од 29 дена, за разлика од осум од оние субјекти кои примиле плацебо.
За да биде одобрена, вакцината или лекот мора да поминат низ три фази на клинички испитувања.
Засега не е познато колку азиските земји ќе платат за купување на овој лек. САД се согласиле да платат 1,2 милијарди долари за 17 милиони третмани, доколку лекот е одобрен, што значи дека во тој случај САД ќе платат околу 700 долари по третман.
Аналитичарите утврдија дека производството на третман со молунипир, врз основа на пресметката на цената на суровините, треба да чини околу 18 долари.
„Мерк“ не потврди дали проценките на аналитичарите се точни, но во изјава за Си-Ен-Ен соопшти дека тие пресметки не ги земаат предвид трошоците за истражување и развој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.