Свет
Протекоа диплотамски депеши: Трамп излегол од Иранскиот договор за инает на Обама
Претседателот на САД, Доналд Трамп излегол од Иранскиот нуклеарен договор, бидејќи тој е поврзан со неговиот претходник, Барак Обама, произлегува од новите дипломатски депеши кои протекоа на британскиот амбасадор во САД.
,,Администрацијата се потпира на акт на дипломатски вандализам очигледно од идеолошки причини и лични причини …станува збор за договор на Обама”, пишува амбасадорот Ким Дарок во дипломатската депеша во мај 2018 година, пренесуваат британските весници. Овој документ е дел од уште една серија на доверливи извештаи што протекоа и беа објавени во британските медиуми.
Нуклеарниот договор е постигнат во 2015 година меѓу Иран и шесте светски сили САД, Кина, Русија, Велика Британија, Франција и Германија. На 8 мај 2018 година Трамп сооопшти дека САД ќе се повлечат од договорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „NBC News“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.