Свет
Со недели пловеле по морето, немале поим за коронавирусот
Брачната двојка Елена Манињети и Рајан Озборн од Манчестер, минатиот месец тргнале на пат преку Атлантикот, од Канарските Острови до Карибите.
По 25 дена на море и многу малку комуникација со надворешниот свет, кон средината на март одлучиле да се закотват на еден мал остров.
Но, кога успеале да фатат телефонски сигнал на брегот, откриле дека островот е целосно затворен и дека во светот владее глобална пандемија, а тие не знаат ништо за тоа, пишува „Њујорк пост“.
„Слушнавме уште во февруари дека има некој вирус во Кина и тоа е тоа. Немавме поим дека целиот свет е во хаос“, рече Елена.
Кога се слушна за коронавирусот двојката била на море, а бидејќи имале ограничен пристап до интернет и не можеле да комуницираат толку многу со пријателите и семејството, тие не ни знаеле колку е сериозна ситуацијата.
Во моментов, Елена и Рајан се безбедни во Бекија, Сент Винсент, каде што го користат својот GPS-систем за да докажат дека се во изолација речиси еден месец, јави Би-би-си.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.