Свет
Трамп: Му верувам на Ким дека ќе го одржи ветувањето што ми го даде
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека и натаму му верува на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, наспроти пекинот на преговорите за нуклеарната програма и неодамнешното тестирање на оружје на Пјонгјанг.
North Korea fired off some small weapons, which disturbed some of my people, and others, but not me. I have confidence that Chairman Kim will keep his promise to me, & also smiled when he called Swampman Joe Biden a low IQ individual, & worse. Perhaps that’s sending me a signal?
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) May 26, 2019
„Северна Кореја лансираше неколку парчиња помало оружје, што ги вознемири некои во мојата земја и надвор, но не и мене“ објави Трамп, кој моментално е во посета на Јапонија. „Верувам во претседателот Ким дека ќе го одржи ветувањето што ми го даде“ додава Трамп.
Американскиот претседателисто така напиша дека се насмеал на навредите на севернокорејската државна новинска агенција КЦНА на сметка на поранешниот потпретседател Џо Бајден, кого го нарече „идиот“ и „глупав со низок коефициент на интелегенција“, по критиките кои му беа упатени на Ким. „Можеби е тоа некој знак наменет за мене?“ праша Трамп.
Северна Кореја на почетокот на мај во една седмица тестираше две ракети со краток дострел, што беше неочекувано по почетокот на политиките на попуштање на тензиите на Корејскиот полуостров, каде во 2018 година почнаа преговори за севернокорејската нуклеарна и балистичка програма.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти EMSC.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километри од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12:37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.