Свет
„Њујорк тајмс“: Вакцина против коронавирусот за деца можеби нема да има до есента 2021 година
Пандемијата на коронавирус наметна две прашања за родителите – кога ќе можат да се вакцинираат и дали нивните деца ќе можат да ја примат вакцината? Иако вакцината за возрасни може да биде достапна од следното лето, децата може да чекаат малку подолго на неа, пишува „Њујорк тајмс“.
Благодарение на програмата за развој на вакцини на владата на САД, неколку вакцини за возрасни се веќе во фаза на тестирање, но сè уште не е започнато тестирање што би одговорило на прашањето дали вакцините се безбедни и за децата.
„Во овој момент, јас сум прилично загрижен дека нема да имаме подготвена вакцина за деца пред почетокот на следната учебна година“, рече Еван Андерсон, педијатар во Атланта и професор на Универзитетот „Емори“.
Вакцините, пак, се наменети за милиони луѓе за првенствено да спречат болести. По тестирање врз животни, започнува тестирање врз луѓе.
Само кога ќе се покаже дека нема несакани ефекти од вакцината кај возрасните, тогаш тестирањето започнува на тинејџери, а потоа и на деца.
„Како што стои засега, децата не се ризична група, но со оглед на ограниченото време и ресурси, можам да разберам зошто моментално фокусот е на оние над осумнаесет години“, рече д-р Пол Офит, професор на Универзитетот во Пенсилванија, додавајќи дека е разумно да се очекува дека истражувањето врз децата ќе започне во првите месеци од 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.