Топ
Белата куќа: Истрагата за отповикување на Трамп е неуставна

Белата куќа го извести Претставничкиот дом на Конгресот дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп нема да соработува во истрагата за отповикување, нарекувајќи ја истрагата на демократите „неуставна“ .
Советникот во Белата куќа, Пет Сиполоне, напиша во писмо испратено до демократските лидери на Претставничкиот дом дека нивната истрага е покрената „на начин што ја нарушува основната праведност и со Уставот пропишан процес“.
Писмото беше испратено откако американската претседателска администрација го спречи американскиот амбасадор во ЕУ, Гордон Сандленд, да сведочи во истрагата на Претставничкиот дом на САД во врска со отповикувањето на Трамп. Сандерленд требаше да има состанок зад затворени врати со персоналот на три комитети предводени од демократите во Претставничкиот дом за неговата можна улога во напорите на Трамп да ја охрабри Украина да спроведе истрага за синот на поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, политички ривал на Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Продолжени мерките за ограничување на движењето до 27 април

Владата донесе одлука со која постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на Ковид-19, кои се со важност до денеска, да продолжат да се применуваат до 27 април 2021 година (вторник).
Исклучок за дел од овие мерки ќе биде дозволен за организирање, одржување и учество на секаков вид семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани во организација на Министерството за образование и наука за наставниот кадар, а се однесуваат на континуиран и непречен тек на образовниот процес во основното и средното образование по строго наменски протоколи.
Исклучок се донесува и за организирање и одржување пионерски, кадетски и младински спортски натпревари, како и професионални спортски натпревари, без присуство на публика и исклучиво во согласност со наменски одобрени протоколи и по претходно извршено ПЦР-тестирање пред натпреварите организирано од страна на клубовите.
Владата на оваа седница на предлог на Комисијата за заразни болести го одобри протоколот за постапување при реализација на државните и меѓународните тестирања во основните и средните училишта.
Македонија
Бесплатни ковид-тестови за туристи што ќе престојуваат во државата

Со мерката 7 од шестиот антиковид-пакет на Владата ќе бидат обезбедени бесплатни ковид-тестови за странски туристи што ќе престојуваат во државата.
Станува збор за 50.000 теста, вредни 30.750.000 денари, за бесплатно тестирање странски туристи со цел да ги запазат здравствените протоколи во државата како гаранција за туристите што ќе ја посетат нашата држава дека без дополнителни трошоци ќе бидат спремни да се вратат во земјата од каде што доаѓаат или да го продолжат своето патување во друга земја.
Спорт
Навивачите на Челси ја добија битката – клубот подготвен да ја напушти Суперлигата?

Дел од навивачите на Челси јасно го кажаа своето мислење за новата Европска Суперлига, откако го блокираа автобусот на својот клуб пред денешниот меч со Брајтон во Премиер лигата.
На крајот, ситуацијата ја смируваше легендарниот голман, Петр Чех, кој излезе и се обиде да ги убеди навивачите да го пуштат автобусот на помине.
Од друга страна, шпекулациите велат дека клубот на Роман Абрамович веќе ги подготвува документите за повлекување од Европската Суперлига по реакцијата на јавноста и на навивачите. Се верува дека и во Манчестер сити се подготвени на ваков потег, со што се става голема „сопка“ на планот за единство против УЕФА и ФИФА.
BREAKING: Sky News understands that Chelsea are preparing documents to formally withdraw from the proposed breakaway Super League.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) April 20, 2021
🎙Petr Cech 🇨🇿: “Let me sort this out. Let the bus go in. Give people time.” [@phillipjames4] #CFC #SuperLeague
— RouteOneFootball (@Route1futbol) April 20, 2021
🚨 | #CFC fans are gathering in numbers at Stamford Bridge as they protest against the proposed European Super League ahead of Chelsea’s clash with Brighton tonight. pic.twitter.com/7PIUBRW9Ep
— Sky Sports News (@SkySportsNews) April 20, 2021
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион4 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?