Контакт

Топ

Белгија прогласи највисок степен на тревога, ќе се воведува полициски час

Објавено пред

Белгиските власти прогласија највисок степен на тревога во земјата поради огромното зголемување на бројот на заразени и хоспитализирани од коронавирус.

Таканаречената „фаза 4“ вклучува воведување полициски час низ целата земја, баровите и рестораните се затвораат, дозволен е близок контакт со само едно лице надвор од домаќинството, а работата на далечина е задолжителна секогаш кога е можно.

Продавниците за храна ќе останат отворени, но сите традиционални Божиќни прослави и свечености на улиците се откажани.

„Бројот на инфекции расте секој ден и многу брзо. Нашите лекари и болници се под голем притисок. Ние водиме нееднаква битка со овој вирус“, рече премиерот на Белгија, Александар Де Кроа.

Економија

АЕК ќе спроведува физибилити студија за влијанието на 5G мрежата врз здравјето на луѓето

Објавено пред

Агенцијата за електронски комуникации наскоро ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија која ќе изработи физибилити студија за влијанието на 5G мрежата врз здравјето на луѓето како основ за натамошните чекори кои ќе се преземат, врзани за развој на 5G мрежата во земјава.

На овој начин се очекува да се расчистат многу дилеми кои постојат во јавноста околу новата генерација широкопојасни мобилни мрежи.

„Во светот се спроведени стотици научни истражувања на тема за влијанието на 5G технологијата врз здравјето на луѓето и напишани се илјадници научни статии, што го прави прашањето за штетноста на електромагнетното зрачење една од најистражуваните теми во науката на глобално ниво. Мислењето на релевантни меѓународни експерти и институции е дека доколку се почитуваат препорачаните гранични вредности, електромагнетните полиња што ги користи оваа технологија не претставуваат опасност по здравјето на луѓето. Односно, природата на зрачењето генерирано од базните станици и мрежните терминали 5G е идентично со онаа на мрежите од претходната генерација. Сепак и покрај постоење на вакви студии ние сакаме да обезбедиме сосптвена студија која не само што ќе влијае на понатамошните чекори кои ќе ги преземаме, туку веруваме дека ќе има значење при градење сеопфатен консензус за потребата од развој на новата технологија во Северна Македонија“, вели Сашо Димитријоски, директор на АЕК.

Петтата генерација мобилни системи вклучува употреба на радио бранови во одредени фреквенции, првично слични или малку повисоки од фреквенциите што се користат за постојните 4G мобилни мрежи. Овие радио бранови емитуваат нејонизирачко зрачење, што е помалку штетно од јонизирачкото.

Светската здравствена организација (СЗО) на својата официјална веб-страница наведува дека „до денес и по многу истражувања, никакви штетни ефекти врз здравјето не се каузално поврзани со изложеноста на безжични технологии“. Основа за ова е ставот и студиите на Меѓународната комисија за заштита од нејонизирачко зрачење (ICNIRP) која е независна, научна комисија, формирана од Меѓународната асоцијација за заштита од радијација, со цел заштита на луѓето и околината од радијација. СЗО ја признава оваа организација како референца за сите прашања поврзани со радиофреквенциите и здравјето на луѓето.

Европската Комисија има донесено акциски план за 5G според кој до 2020 година барем во еден поголем град во секоја земја членка на ЕУ треба да бидат воведени 5G комерцијални мрежи, а до 2025 година овие мрежи треба да бидат достапни до сите урбани подрачја и поголеми транспортни линии.

Моменталното ниво на имплементација на 5G мобилните мрежи во Европа е ограничено во неколку земји. Во Германија, Водафон и Дојче Телеком имаат делумно покривање само во неколку поголеми градови, како Берлин, Франкфурт, Хамбург, Минхен и други. Во Ирска, Италија, Романија и Велика Британија ситуацијата е слична.

Во нашата земја, слично како и во останатите европски земји се спроведуваат првични тестирања на мобилните 5G мрежи. Македонски Телеком и А1, кои поседуваат привремени одобренија за тестирање на 5G мрежи, веќе ги направија првите тестирања. Притоа, АЕК спроведе и мерења на нејонизирачко зрачење со цел да се види придонесот на новата 5G NR технологија од тест мрежата на Македонски Телеком.

Во меѓувреме, АЕК подготви и нов план за намена на радиофреквенциските опсези, за кој е во тек јавната расправа која ќе трае до средината на идниот месец. Радиофреквентниот спектар потребен за воведување 5G мобилни мрежи во Северна Македонија е слободен, а се планира, тогаш кога ќе биде одлучено, предвидените опсези за 5G мобилни мрежи да бидат издадени на јавен тендер каде што операторите ќе можат сами да учествуваат во определувањето на комерцијалната вредност на радиофреквенциските опсези, преку јавно наддавање.

За целата постапка неопходно е да се направат и измени на Законот за електронски комуникации во поглед на усогласување на делот кој се однесува на сајбер безбедноста со стандардите утврдени за земјите членки на НАТО.

„Ние секако можеме многу брзо да распишеmе тендер за доделување фреквенции за развој на 5G, но тоа нема да вреди ако нема кој да се пријави и да се наддава за овој фреквентен опсег. Едноставно, потребно е операторите да бидат мотивирани да инвестираат во 5G мобилни мрежи, a услов за тоа е да има значително поголема побарувачка за побрз пристап до интернет од страна на корисниците на мобилните електронски комуникациски услуги. Во моментов кај нас не постои доволна искористеност на постојните мрежи (3G и 4G) за да е неопходно итно инвестирање во нови технологии за побрз пристап до интернет, a слично е и во многу европски земји“, истакнува Димитријоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање за Ковид-19, казните се 50 евра

Објавено пред

Со новите законски измени, самоизолацијата е задолжителна при тестирање за Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па се до добивање на резултатот.
 
Доколку резултатот е позитивен самоизолацијата продолжува.
 
Ова се предвидува со новите измени на Законот за заштита на населението од заразни болести што Собранието вчера вечер ги усвои.
 
За прекршителите на овој член од Законот предвидена е казна од 50 евра.

Прикажи повеќе...

Свет

Во нападот во Ница убиени се три лица, една жена е обезглавена

Објавено пред

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож, а една жена е обезглавена, јавија француските медиуми. Полицијата го уапсила осомничениот.

Во нападот што се случил во близина на една црква, повредени се неколку лица.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, потврди дека наводниот сторител е уапсен и ѝ се заблагодари на полицијата за брзата реакција.

„Јас сум со полицијата на самото место. Потврдувам дека сè сугерира на терористички напад во близина на базиликата“, рече тој.

Нападот се случува неколку дена откако еден човек со чеченско потекло во Париз му ја отсече главата на францускиот професор Самуел Пети.

Напаѓачот рече дека сакал да го казни Пети затоа што им покажувал на студентите карикатури на пророкот Мухамед за време на часовите.

Не е јасно кој бил мотивот за нападот во Ница и дали тој е поврзан со оној во Париз.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија28 минути

АЕК ќе спроведува физибилити студија за влијанието на 5G мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации наскоро ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија која ќе изработи физибилити студија за влијанието...

Македонија42 минути

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање за Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени, самоизолацијата е задолжителна при тестирање за Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па се...

Свет55 минути

Во нападот во Ница убиени се три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Топ1 час

Откриени 459 гранати од Првата светска војна кај „Тумбе кафе“ во Битола

Во близина на стадионот „Тумба кафе“ во Битола биле пронајдени 459 гранати од Првата светска војна. Според информациите на МВР, ...

Македонија3 часа

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија3 часа

Стапија во сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет3 часа

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските Острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаја, пишува Би-би-си....

Македонија4 часа

Од денеска маските се задолжителни на отворено

Собранието синоќа со 53 гласови „за“, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија4 часа

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Европа14 часа

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Македонија14 часа

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија14 часа

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија16 часа

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет17 часа

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија21 час

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија21 час

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија22 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија22 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија23 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија23 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Досие