Македонија
Брнабиќ: Ќе помогнеме вакцините на „Фајзер“ да се регистрираат во Северна Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ за ТВ „Хепи“ изјави дека земјата е подготвена да испрати 8.000 вакцини во Северна Македонија и дека се работи за надминување на проблемот со регистрацијата на вакцините.
„Имаме договор, разговараа премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, и српскиот претседател, Александар Вучиќ. Вучиќ реши да им помогне со 8.000 вакцини. Ние помагаме да се регистрираат вакцините на ‘Фајзер’ во Северна Македонија. Ние работиме со нив. Проблемот може да биде во тоа што тие добиле вакцини на Фајзер’, но не биле регистрирани. Поентата не е само да се дојде и да се купи вакцината, но има многу повеќе работи зад завесите. Регистрација од соодветната агенција, план за вакцинација. Ние сме една од ретките земји што имаме соодветен информативен систем. Нашите граѓани знаат како да се пријават за вакцината, сè е транспарентно. Слушнав приказни од луѓе од други земји каде што велат дека немаат идеја како да се пријават, кои им се приоритетни групи“, изјави Брнабиќ.
Таа информира дека со изутринава ја надминале бројката од 50.000 вакцинирани лица во Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, а потресот беше почувствуван и во Македонија.
Според податоците на веб-страницата emsc-csem.org, потресот се случил во 18 и 38 часот по локално време, односно 19 и 38 часот по македонско време.
Земјотресот бил на длабочина од 11 километри, со епицентар на 31 километар од градот Лариса.
Вчера Грција ја погоди земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, при што беа повредени 11 лица и беа оштетени стотици згради.
Неколку помали земјотреси биле почувствувани синоќа, а најсилниот бил со јачина од 5,2 степени.
Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 20 степени

Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 17 степени.
В сабота ќе преовладува променливо облачно време со засилен северен ветер, особенопо должина на Повардарието и на повисоките места, каде повремено ќе надминува 70 км/час. Ќе има повремен локален дожд, а на планините снег уште од претпладневните часови, претежно во западните и северните делови. В недела ќе се задржи променливо облачно и свежо време со услови за слаби локални врнежи.
Дневните температури значително ќе опаѓаат и в недела ќе бидат пониски за 8 до 10 степени од досегашните. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните од понеделник ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
И вториот патник вратен од Занзибар заболен со британскиот вид на коронавирусот

Министерството за здравство информира дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од другиот пациент кој пред неколку дена се врати од Занзибар детектирано е присуство на британскиот видна коронавирусот.
Вчера беше објавено дека и кај другиот патник вратен од Занзибар е детектиран британскиот вид на вирусот.
Комисијата за заразни болести предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји. До овој момент во земјава сè уште не е детектирано присуство на јужноафриканскиот вид на вирусот.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер