Свет
Бројот на заболени со коронавирус во светот се искачи над 277 илјади лица

Вкупната бројка на заболени од коронавирусот во светот утрово се искачи над 277 илјади лица.Голем скок во новопријавени случаи вчера имаше во Германија каде вкупната бројка скокна за неколку илјади и таму сега речиси 20.000 лица се регистритрирани како позитивни на Ковид -19.
Досега починале 57 лица, додека излекувани се двојно повеќе – 113.
Во Италија вчера починале 624 лица како последица на опасниот вирус, со што бројот на смртни случаи ја надмина бројката од 4.000 лица. Бројот на заболени во Италија се искачина на повеќе од 47.000. Втора европска држава по број на заболени од вирусот е Шпанија, каде досега се евидентирани 21.571 заразени лица и 1.093 смртни случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зимската бура во САД откажа 1.000 лета

Речиси 1.000 лета беа откажани во вторникот во Соединетите Американски Држави бидејќи екстремните зимски временски услови зафатија делови од земјата.
Откажани се речиси 300 лета од „Далас форт ворт интернационал“, а откажани се речиси 70 лета, кои поаѓаат од Филд.
Други забележителни откажувања вклучуваат речиси 80 лета, кои поаѓаат од Остин – „Бергстром интернационал“ и 45 лета, кои поаѓаат од Нешвил.
Првиот бран на замрзнат дожд и лапавица ќе почне да слабее откога ќе се движи низ централниот дел на Тенеси, централниот дел на Кентаки и јужниот дел на Западна Вирџинија.
Уште еден круг замрзнат дожд и мраз ќе почне во поголемиот дел од Тексас денес и ќе се упати во Оклахома до средината на денот упатувајќи се кон Литл Рок, Мемфис и Нешвил, пренесува „Телеграф“.
Европа
Киев бесен од изјавата на Зоран Милановиќ дека „Крим никогаш повеќе нема да биде дел од Украина“

Украинското Министерство за надворешни работи во вторникот го критикува хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за неговата изјава дека Крим никогаш нема да се врати под украинска контрола опишувајќи го неговиот коментар како неприфатлив.
Во изјавата на Милановиќ во понеделникот за воената помош што Загреб треба да му ја даде на Киев, Милановиќ рече дека е „јасно оти Крим никогаш повеќе нема да биде дел од Украина“.
„Ги сметаме за неприфатливи изјавите на претседателот на Хрватска, кои всушност фрлаат сомнеж на територијалниот интегритет на Украина“, напиша на „Фејсбук“ портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко.
Во понеделникот Милановиќ рече дека е лудо да се мисли оти Русија може да биде поразена во конвенционална војна и ги критикува западните земји за снабдување на Украина со тешки тенкови и друго оружје.
Милановиќ им рече на новинарите во хрватскиот главен град Загреб дека воената помош што западните земји му ја даваат на Киев е залудна и само ќе го продолжи конфликтот.
„Јас сум против испраќање какво било смртоносно оружје таму, тоа ја продолжува војната“, рече Милановиќ за напорите на Западот да ѝ помогне на Украина да стави крај на илегалната и неиспровоцирана инвазија на Путин.
„Која е целта? Распад на Русија, промена на власта? Се зборува и за распад на Русија. Тоа е лудо“, рече тој.
Милановиќ исто така изјави дека Крим – полуостровот што Русија го анектира од Украина во 2014 година – никогаш нема да му биде вратен на Киев.
Она што Западот го прави во однос на Украина е „длабоко неморално бидејќи нема решение за војната“, им рече Милановиќ на новинарите за време на посетата на касарната во источниот град Петриња, пренесе „Блиц.рс“.
Европа
Трамп тужи новинар за неовластено користење аудиоснимка

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска покрена тужба против новинарот Боб Вудворд и го обвини дека незаконски користел аудио снимки од нивните разговори во објавеното аудио издание на неговата книга, со што ги прекршил интересите и авторските права на Трамп.
Трамп го обвинува новинарот Вудворд за систематско узурпирање, манипулирање и искористување на звучната снимка со објавување на „Трамп лентите“, аудио компилација од нивните разговори од 2022 година, според „Политико“.
Во тужбата поднесена во Окружниот суд на САД во Пенсакола, Флорида, Трамп бара отштета и признавање дека неговите интереси за авторски права се компромитирани.
Тужбата беше поднесена и против издавачката куќа „Simon & Schuster и Paramount Corporation“, матичната компанија на издавачот „Simon & Schuster“.
Во заедничкото соопштение што го објавија новинарот Боб Вудворд и издавачката куќа „Simon & Schuster“, се наведува дека тужбата на Трамп е „неоснована“, со оглед на тоа што интервјуата се снимени со негова согласност.
Централниот аргумент во тужбата на Трамп е тврдењето дека поранешниот американски претседател никогаш не се согласил неговиот глас да се користи во аудио изданието на книгата на Вудворд, туку се согласил да се снима, нагласувајќи во повеќе наврати дека таквите аудио снимки служеле исклучиво како материјал за печатено издание на книгата.