Економија
(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, и додаде дека со наредниот предлог-буџет за 2021 година ќе се разгледа креирањето на ваквите мерки.
Тој сепак прецизира дека субвенцинирањето за вработувањата нема да важи само за Албанците, туку за сите етникуми и за сите правни субјекти во државата.
„Тоа е содржано во поглавјето за еднакво општество за сите, страница 39, параграф 3 каде е опишано како ќе изгледа мерката. Политичарите да ги читаат мерките пред да даваат коментари“, рече Бектеши.
Министерот изјави дека веќе се разгледуваат неколку опции тоа од наредната година да почне да се реализира.
„Мојот личен став и на министерството е дека нашите сектори ќе работат на креирање на такви мерки. Што се однесува на коментарите, јас само би сакал да ве повикам на владината програма која се усвои од страна на собранието, а ние како членови на владата сме задолжени да ја реализираме“, рече Бектеши.
Како што појасни, етничката припадност нема да биде пресудна при вработувањата, туку квалификациите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Првото кумство на згрижувачко семејство во СОС Детско село

Прекрасно е чувството кога партнерството се развива со многу љубов, посветеност и ќе добие форма која се преточи во започнување на традиција на кумство.
Првиот кум на згрижувачко семејство во СОС Детско село е Нептун Македонија.
Настанот се одбележа во СОС Детско село каде што сите деца и згрижувачи ги пречекаа своите кумови со голема радост при што кумовите беа претставени од 20 вработени во компанијата Нептун Македонија заедно со нивниот бренд амбасадор Сашко Коцев.
Згрижувачкото семејство кое го има кумот Нептун Македонија го сочинуваат 5 деца до 14 години со згрижувачка Наташа, семејство кое со многу љубов се подготвуваше да го пречека својот кум и подготвија прекрасни цртежи кои ги подарија на вработените во Нептун Македонија.
Подарокот од кумот е изразен во финансиска донација за поддршка на згрижувачкото семејство за сите потреби кои ги имаат во една година.
Финансиската донација од кумот Нептун Македонија се акумулира преку кампањата: “НЕВЕРОЈАТЕН ПОПУСТ НА ГРИЖА, ЉУБОВ И ВНИМАНИЕ” која се спроведе во периодот од 10 до 31 мај во сите продажни објекти на Нептун Македонија. Се заблагодаруваме и на сите потрошувачи и клиенти на Нептун кои придонесуваат значително во СОС Детско село секогаш кога ќе ги посетат салоните на Нептун Македонија.
Заедно за повеќе насмевки!!
ПР
Економија
Поевтинуваат бензините и дизелот

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, се намалува за 1,085 ден/кг и сега ќе изнесува 51,564 ден/кг.
Од 8.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 105,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 108,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 101,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,564 (денари/килограм)
Економија
Свечено отворање на новата поставка во Музејот на Народната банка посветена на културното наследство претставено на македонските банкноти

Денеска во Музејот на Народната банка свечено ќе биде отворена изложбата В/редности и вредности, којашто е кураторски обид за селекција, презентација и толкување на културното наследство, претставено на тековното издание на македонските книжни пари, од 1996 година до денес. Изложбата е организирана како дел од активностите со коишто Народната банка ја одбележува 30-годишнината на македонската монетарна самостојност и воведувањето на денарот како национално платежно средство.
Поставката, преку осум микроцелини, секоја посветена на засебна банкнота, го опишува и го толкува културно-историското наследство употребено како предлошка за создавање на нивниот дизајн. Поставката ги вклучува охридската Изида, златниот накит на лихнидските дами, виничката икона, боите на Шарената џамија, македонскиот афион, односно археолошкото, уметничкото, архитектонското и природното наследство на овдешните простори.
Изложбата е поддржана од страна на седум македонски музеи, коишто обезбедувајќи пристап до артефактите, овозможија да бидат претставени пред пошироката јавност како обележја на македонските пари.
На свеченото отворање ќе се обратат гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, академик Абдулменаф Беџети и професорот на Архитектонскиот факултет, Митко Хаџи-Пуља.
Изложбата ќе биде отворена за јавноста од утре, 8 јули, и ќе биде достапна за посетителите следните шест месеци, секој работен ден од 9 до 15 часот. Влезот е бесплатен.