Свет
(Видео) Ескалираше бранот насилство во Чиле, петмина загинаа во запалена фабрика

Пет лица загинаа откако фабрика за облека беше запалена од ограбувачи во близина на главниот град на Чиле, Сантијаго, среде бранот насилни протести.
Војската и полицијата употребија солзавец и водени топови против демонстрантите и полициски час е воведен во поголемите градови. Вонредна состојба е веќе воспоставена во Сантијаго, а се проширува и во градовите од северот и југот на земјата.
Немирите, предизвикани од покачувањето на билетите за превоз, кое потоа го суспендираше владата, се проширија за да го отсликаат гневот поради трошоците за живот и нееднаквоста.
Во синоќешната изјава на телевизија претседателот Себастијан Пињара рече: „Ние сме во војна против моќниот непријател кој е подготвен да користи насилство без никакви граници“.
Во неколку градови демонстрантите запалија повеќе автобуси, кршеа во метроата и се судрија со полицијата. Поради немирите воведен е ноќен полициски час во областите Сантијаго, Валпараисо, Кокимбо и Биобио.
Во меѓувреме, вонредна состојба ќе се воведе ва Антофагаста, Валпараисо, Валдивија, Чилан, Талка, Темуко и Пунта Аренас, дозволувајќи им на властите да ја ограничат слободата на движење на луѓето и нивното право на собирање.
Претходно, како што јавуваат агенциите, три лица загинале во протестите во Чиле. Тие ги загубиле животите во пожар предизвикан во супермаркет. Двајца луѓе изгореле на лице место, а третиот починал во болница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Индија откриен троен мутиран вид на Ковид-19

Индија откри нов троен вид на ковид во време кога се бори да го спречи најлошиот бран на коронавирус од почетокот на пандемијата.
Индиските научници претходно предупредуваа на двоен мутиран вид, а тројниот мутиран вид ќе предизвика само уште поголеми проблеми, објави лондонски „Индепендент“.
Тројниот мутиран вид значи комбинација од три различни варијанти на ковид, кои формираа нов вид во индиските држави како што се Западна Бенга, Махараштра и Делхи и се верува дека се доминантни таму, објави „НДТВ њуз“
Професор по епидемиологија на универзитетот „Мекгил“ за НДТВ изјави дека станува збор за уште позаразен вид.
„Многу луѓе се заразуваат со него многу брзо. Ние мора да продолжиме да ги приспособуваме вакцините за да се бориме против новите видови. Треба да ја разбереме заразата, што бара детално секвенцирање”, рече Мадхукар Паи.
Тој изјави дека доцнењето во откривањето на двојни мутации придонело за големо ширење на Ковид-19 во Индија.
Во моментов, извештаите во весниците велат дека тројниот мутиран вирус е повеќе прашање на интерес за научниците отколку на загриженост.
Винод Скарија, кој работи во Советот за научни и индустриски истражувања во Делхи, рече дека се потребни дополнителни истражувања за да се види ефикасноста на вакцините против овој вид.
Европа
Жена лажела на возачки испит во Австрија, сопругот го гризнал сопственикот на автошколата

Возачки испит во Австрија бил запрен откако инструкторите откриле дека една од кандидатките се обидува да ги заобиколи правилата.
Школа за возење во градот Инсбрук контактирала со полицијата откако 40-годишната жена започнала да се однесува чудно додека полагала писмен испит, изјави полицискиот портпарол.
Според него, жената сторила сé за да се осигура дека ќе ја добие возачката дозвола, таа на себе имала слушалки со „Блутут“ и скриена камера зашиени во нејзиниот џемпер.
Додека полицијата ја испрашувала, нејзиниот сопруг се појавил и сакал да ја напушти автошколата со неа. Ситуацијата на крајот ескалирала кога тој го гризнал за рамо сопственикот на автошколата.
Полицијата ја обвини жената за мамење на возачки испит а нејзниот сопруг за напад, но тие сепак не завршија во притвор.
Европа
Чешка се заканува дека ќе протера 60 Руси, Москва има рок до пладне

Чешка може да протера околу 60 члена на руската амбасада во Прага, ако Русија до пладне не се реши да ја повлече одлуката за протерување на чешките дипломати кои се прогласени за персона нон грата, изјави денеска чешкиот министер за надворешни работи, Јакуб Кулханек, за „Лидовe новине“.
Станува збор за околу 60 луѓе.
„Целта е овој број на руски персонал да одговара со капацитетите на персоналот што сега се наоѓа во нашата амбасада во Москва“, рече чешкиот министер, а пренесе агенцијата ТАСС.
Прага тврди дека Русија е вмешана во експлозија во складиштето за муниција во чешкото село Врбетице во 2014 година, поради што чешките власти протераа 18 руски дипломати, тврдејќи дека тие се дел од воената разузнавачка служба.
Владата во Москва реагираше веднаш и прилично остро. Министерството за надворешни работи ги нарече обвинувањата „апсурдни“ и од своја страна протера дваесет чешки дипломати од Русија, односно речиси целиот персонал во амбасадата на Чешка.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?