Контакт

Свет

(Видео) Огромна дупка „проголта“ автобус и пешаци во Кина – шестмина загинати

Објавено пред

Огромна дупка „проголта“ автобус и пешаци во Кина, при што предизвика експлозија во која загинаа шест лица, а 10 се водат како исчезнати. На интернет се појавија снимки од неверојатниот настан, на кои може да се види како одеднаш се отвора огромна дупка среде улица во Кина, во која пропаѓа автобусот, како и неколкумина пешаци, меѓу кои има и дете.

Инцидентот се случил синоќа пред болницата во Џининг, главниот град на провинцијата Кингхаи. Шеснаесет лица се пренесени во болница поради повреди.

На снимки од надзорните камери се гледа како минувачи кои чекале на автобуската станица бегаат, бидејќи пред нив одеднаш се отворила огромна дупка на улицата, во која пропаднал половина автобус. Некои од нив останале за да им помогнат на патниците во автобусот.

Според државните медиуми, периметарот на дупката изнесувал 10 метри. Засега не е познато колку лица имало во автобусот.

Во последните неколку години во Кина се случија неколку вакви инциденти со смртни последици. Дупките на улиицте и патиштата во оваа земја настануваат поради честите и неадекватни градежни работи.

Во 2016 година најмалку три лица паднале во огромна дупка во централната провинција Хенан, која проголтала дел од патот и минувачите. Првичната истрага покажа дека пропаѓањето може да биде предизвикано од цевките за вода закопани под патот коишто се распаднале како резултат на дожд.

Свет

Заедно со Коби загина уште една голема легенда и неговите деца

Објавено пред

Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во Калифорија, а американските медиуми јавуваат дека задно со него бил и Рик Фокс, исто така поранешен кошаркар заедно со неговите ќерки.

Официјална потврда се уште нема. Рик Фокс по кошаркарската кариера се посвети на глумата и имаше неколку позначајни улоги изминатиот период.

Лошото време и густата магла, но и низа грешки на пилотот се најверојатно причините за страшната несреќа во која синоќа загина НБА легендата Коби Брајант заедно со својата 13-годишна ќерка Џана Марија и уште седуммина во хеликоптерот кој се урна во Калифорнија.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Лошото време и густата магла се можна причина за несреќата во која загина Коби Брајант

Објавено пред

Лошото време и густата магла, но и низа грешки на пилотот се најверојатно причините за страшната несреќа во која синоќа загина НБА легендата Коби Брајант заедно со својата 13-годишна ќерка Џана Марија и уште седуммина во хеликоптерот кој се урна во Калифорнија, објави „ТМЗ“, порталот кој прв ја соопшти страшната вест во јавноста.

Полициските хеликоптери на ЛАПД биле приземјени поради лошите временски услови и густата магла, но хеликоптерот со Коби и осумте труги патници меѓу кои и пилотот сепак полетале вчера рано наутро по американско време за да стигнат во „Мамба Академијата“ на бившиот кошаркар на ЛА Лејкерс.

Според информациите, хеликоптерот имал проблеми над  зоолошката градина во ЛА, каде кружел повеќе од 15-на минути.

Околу 9.30 часот, пилотот имал комуникација со аеродромот Бурбанк, кои знаеле дека 15 минути хеликоптерот со Брајант кружи во тоа подрачје, а потоа пилотот тргнал на север кога завртел кон запад и почнал да се искачува над автопатот 101 кај Вудланд Хилс.

Десетина минути подоцна, кога се соочиле со уште поголема магла, „ТМЗ“ посочува дека е направена клучната грешка на пилотот. Тој го свртел курсот кон југ, а всушност тргнал кон планинско подрачје во непрегледна средина, каде се урнал.

На местото на несреќата, тим од 18 лица на Националната служба за безбедност на транспортот (НТСБ), бараа докази и ја пребарува црната кутија од хеликоптерот. Според првичните информации, по падот на хеликоптерот се случил силен пожар. Полицијата во Лос Анџелес потврди дека поради магла и намалена видливост ги приземјила своите хеликоптери во текот на раните утрински часови до попладнето. Оттаму информираа дека тоа се случува кога видливоста е минимум до три километри, а растојанието помеѓу облачниот масив и теренот е 243 метри.

Приватниот хеликоптер на Брајант се урна вчера пред 10 часот локално време во Калабасас, околу 50 километри северозападно од Лос Анџелес, Калифорнија.Според последните податоци, во леталото се наоѓале вкупно девет лица, сите се погинати, соопшти полицијата од Лос Анџелес.

Брајант и сопатниците патувале на младински кошаркарски турнир. Помеѓу нив биле и ќерката на Брајант, Џиана, бејзбол тренерот Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и нивната ќерка Алиса, која играла во ист тим со Џиана.

Прикажи повеќе...

Свет

Директорот на СЗО на пат кон Пекинг поради коронавирусот

Објавено пред

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханон Греберјесус изјави дека е на пат кон Пекинг за да разговара со кинеските власти и здравствените експерти за епидемијата на коронавирусот.

Гебрејесус на својот профил на „Твитер“ напиша дека сака да го зајакне партнерството со Кина во обезбедувањето на понатамошна заштита од епидемијата, пренесе „Ројтерс“.

Кинеските власти соопштија дека 2.051 лица се заразени со коронавирус, додека 56 починале.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет20 минути

(Видео) Лошото време и густата магла се можна причина за несреќата во која загина Коби Брајант

Лошото време и густата магла, но и низа грешки на пилотот се најверојатно причините за страшната несреќа во која синоќа...

Спорт9 часа

Полицијата тврди дека имало девет лица во хеликоптерот, именувани само Коби и неговата ќерка

Полицијата на Лос Анџелес на официјална прес-конференција даде првични детали за хеликоптерската несреќа во која загина НБА ѕвездата Коби Брајант....

Спорт10 часа

Спортскиот свет во шок и неверица по смртта на Коби, фановите се собираат пред „Стејплс центарот“

Голем број на спортисти, спортски клубови, славни личности и многу обични луѓе на социјалните мрежи реагираа со неверување и со...

Спорт11 час

Потврдено: Во хеликоптерот на Брајант била и неговата 13-годишна ќерка Џиџи

По првите извештаи на американската ТВ-мрежа „Еј-би-си“ дека во хеликоптерската несреќа во која загина НБА легендата Коби Брајант биле неговите...

Свет12 часа

(Видео) Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Легендарниот американски кошаркар и еден од најдобрите во НБА историјата Коби Брајант загина во својата четириесет и прва година во...

Топ17 часа

Со возило на Црвен крст излетале од патот на Водно додека се обидувале да спасат повреден маж

Екипа на Црвен крст не успеала да го спаси повредениот маж на Водно по којшто трганала, бидејќи нивното возило излетало...

Македонија19 часа

Спасовски ја повика опозицијата да го поддржи законот за ЈО: „Престанете со партиски калкулации“

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања ја повика опозицијата да го поддржи Законот за јавно обвинителство кој, како...

Свет19 часа

(Видео) Успешно полета најдолгиот патнички авион во светот

Компанијата Боинг извести дека вчера успешно е завршен пробнот лет на нивниот нов модел на авион „боинг 777Х“, најголемиот двомоторен...

Македонија21 час

Термалните камери на скопскиот аеродром ќе детектираат симптоми за коронавирусот

Нема простор за паника кога во прашање е коронавирусот, посочи министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со Комисијата за...

Култура23 часа

Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на престижната ASC награда за најдобра кинематографија

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34...

Свет23 часа

Бројот на загинати од земјотресот во Турција се искачи на 31 лице

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција во петокот се искачи на 31 лице, додека спасувачите се...

Регион23 часа

Автобус со кинески туристи од Вухан стигна во Хрватска

Во Хрватска пристигна автобус со кинески туристи од градот Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, дознава хрватскиот портал „Индекс.хр“. Според...

Свет24 часа

Потврден прв случај на новиот корона вирус во Канада

Прв случај на новиот корона вирус е потврден во Канада, соопшти Владата во земјата. Здравствениот систем во Торонто бил известен...

Свет1 ден

Москва: Седум кинески државјани пренесени во болница за заразни болести

Седум кинески државјани од хотел во Москва се пренесени во болница за заразни заболувања, поради сомнение дека имаат акутна вирусна...

Регион2 дена

Нов земјотрес во Турција

Не престанува да се тресе земјата во Турција. Нов земјотрес ја потресе земјата за помалку од 24 часа. Земјотрес со...

Свет2 дена

Шји Џјинпинг: Ситуацијата е сериозна, ширењето на вирусот забрзува

Ширењето на новиот корона вирус се забрзува, предупреди денеска кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, по состанокот на Политбирото на Комунистичката партија,...

Топ2 дена

Нова жртва на иста измама – ѝ рекле да даде пари или синот ќе лежи во затвор поради сообраќајка

„Син ти направи сообраќајна несреќа во која загина дете. Да ни дадеш пари и ќе средиме тој да не лежи...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Ќе продолжиме со разговорите за законот за Јавното обвинителство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања денеска кажа дека ќе продолжат со разговорите за законот за Јавното...

Македонија2 дена

Дескоска: Жалам што ВМРО-ДПМНЕ избега од разговорите за законот за Јавното обвинителство

Министерката за правда, Рената Дескоска на социјалните мрежи напиша дека жали што преговарачката тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното...

Топ2 дена

Возило прегази 10-годишно дете на булевар во Скопје

Синоќа на булеварот „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ патничко моторно возило управувано од 32-годишниот Д.Д. од Скопје удри во дете пешак на...

Досие