Контакт

Регион

(Видео) „Помош, помогнете ми“ – дете плаче и моли да го извадат од урнатините во Албанија

Објавено пред

Локалните телевизиски станици во Албанија покажаа снимки по земјотресот кој ја погоди земјата во раните утрински часови, на едно младо момче кое беше спасено од под урната  зграда во крајбрежниот град Драч, на 33 километри западно од главниот град Тирана. Од под скршената бетонска плоча се слуша повикот за помош на 17-годишното момче, кое моли за малку вода, со надеж дека спасувачите ќе успеат да го извлечат од под урнатините на четирикатницата.

Момчето плаче и вика од болка додека спасувачите со помош на шипки се обидуваат да ја ослободат неговата приклештена нога од под урнатините.

Неколку часови подоцна, спасувачите успеаја да пронајдат друго дете под урната зграда во  Драч, каде претходно било пронајдено тело. Вкупно 43 лица беа спасени од урнатините на зградите.

Повеќе од 600 лица биле примени во болница со повреди, а деветмна се хоспитализирани и се борат за живот.

„Ова е драматичен момент кога треба да го сочуваме мирот и да останеме еден до друг за да се справиме со овој шок“, рече премиерот Еди Рама.

Покрај првичниот земјотрес околу 4 часот изутрината кој имал епицентар 30 километри  северозападно од главниот град Тирана, на длабочина од 20 километри, забележани се голем број потреси, вклучувајќи три со јачина од  5,1 до 5,4 степени.

Најтешко погодени  области се Драч, каде 11 од загинатите беа пронајдени под урнатите згради, и северниот град Тумане, каде што беа извлечени уште пет тела од урнатините, соопшти Министерството за одбрана. Вкупно најмалку три хотели, станбена вила и станбена зграда пропаднаа во Драч и една станбена зграда во Туман.

Едно лице почина откако скокна од својот дом за да избега во Курбин, на 50 километри северно од главниот град, додека друго лице загина на патот што се сруши во северниот град Лежа.

„Работата за пребарување и спасување продолжува на сите места каде што се урнаа зградите“, рече министерката за одбрана Олта Џачка. „Но, овие се екстремно тешки операции, каде што треба да работите бавно, бидејќи постои голем ризик од натамошен колапс, загрозувајќи ги не само жителите, туку и оние кои се заробени и самите спасувачи“.

Сеизмологот Рапо Ормени од албанскиот Институт за геолошки науки, енергија, вода и животна средина, рече дека потресот од 6,4 се смета за силен.

„Штетата во епицентарот ќе биде значителна заради неговата голема енергија, големината што ја има“, рече Ормени. „Ваквите земјотреси се чувствуваат на пошироко подрачје заради (нивната) голема длабочина и големината. Тој е почувствуван низ целата територија на нашата земја, но и во странство, до Бугарија, Босна, Италија и други земји“.

Земјотресот беше почувствуван и во Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Грција и делови од јужна Србија.

Многу жители пријавија пукнатини во нивните домови. Околу 400 војници поставија шатори во Драч и во Фуше Крује во близина на Тумане на северот, за сместување на оние кои што останаа без своите домови во земјотресот.

Рама рече дека соседните земји, Европската Унија и Соединетите држави понудиле помош. До вторникот вечерта пристигнаа спасувачки екипи од Северна Македонија, Косово, Црна Гора, Италија, Грција и Романија. Србија, Хрватска, Унгарија, Германија, Франција, Естонија, Турција и Чешката Република исто така понудија помош, додека делегацијата на ЕУ во Албанија соопшти дека дополнителните средства на ЕУ ќе им бидат понудени доколку им се потребни.

 

Регион

Отворен нов граничен премин меѓу Црна Гора и Албанија

Објавено пред

Црна Гора и Албанија денеска официјално го отворија новиот заеднички граничен премин Затријебачка Цијевна – Грабон.

На отворањето присуствуваа премиерите на Црна Гора и Албанија, Здравко Кривокапиќ и Еди Рама, работодавецот на Делегацијата на Европската Унија во Црна Гора, Херман Шпиц, и вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

„Подгорица ја поврзавме со Гусиње и Плава на 90 километри и 90 минути возење. Нова шанса за развој на северот на Црна Гора и подобра поврзаност на луѓето“, напиша Абазовиќ на „Твитер“.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Турција се преврте автобус со руски туристи, загинаа најмалку тројца

Објавено пред

Во турската провинција Анталија се преврте автобус со руски туристи, а три лица загинаа, додека петмина се тешко повредени.

Автобусот превезувал туристи од Манавгат до аеродромот во Анталија.

Повредените се пренесени во блиската болница, пренесува „Спутник“.

Прикажи повеќе...

Регион

Швеѓанец доби казна од 450 евра зашто ја бакнал девојката во јавност во Приштина

Објавено пред

По неколку предупредувања, припадниците на косовската полиција казнија шведски државјанин во Приштина, затоа што ја бакна својата девојка на улица.

Тоа се случило на 28 јули во близина на ноќен клуб во Приштина, пишува „Косев“.

Тој бил казнет со 450 евра за бакнување во јавност.

Како опис на прекршувањето, косовската полиција наведе дека тој „се однесувал непристојно, бакнувал во јавност, иако бил предупреден неколку пати“, објави албанската веб-страница „Калксо“.

За да се изрече оваа парична казна, полицајците се повикале на одредбата од член 6 од Законот за јавен ред и мир.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија2 часа

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија3 часа

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија3 часа

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Македонија5 часа

Жителите на Кочани што побараа лекарска помош се пуштени дома

Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани, кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување чад како последица од...

Свет6 часа

Коронавирус регистриран во Вухан по една година, се тестира целото население

Властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе го тестираат целото население на коронавирус по појавувањето нови локални случаи на...

Европа6 часа

Речиси 30 проценти од Европејците не може да си дозволат одмор, сиромаштијата во пораст

Речиси 28 проценти од Европејците не може да си дозволат една седмица одмор надвор од своето место на живеење, а...

Македонија6 часа

Пожарите локализирани и ставени под контрола, противпожарните служби остануваат на терен

Пожарот кај Кочани во текот на ноќта е локализиран и ставен под контрола, соопштија надлежните. На одделни места во близина...

Македонија7 часа

Од денес стапува во сила целосната забрана за движење во шумите

Владата доцна синоќа излезе со соопштение во кое апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја. „Во текот...

Македонија16 часа

„Водовод“ и „Комунална хигиена“ испратија цистерни за гаснење на пожарот во Кочани

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје на барање и во координација со Град Скопје...

Македонија17 часа

Пендаровски: Хеликоптерите не можат да летаат ноќе

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на Фејсбук напиша дека хеликоптерите на армијата немаат технички можности за ноќно летање. „...

Македонија17 часа

Десетина луѓе во Кочани побарале лекарска помош

Кочанчани очајно се борат со огнената стихија, која проголта куќи и други објекти. Според информациите, десетина граѓани побарале помош, откако...

Македонија19 часа

15 пожарникари и 3 возила од Скопје ќе помагаат во гаснењето на пожарот во Кочани

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека во моментов 3 екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје (15 пожарникари и...

Македонија19 часа

(Видео) Пожар се шири во Кочани, жителите во паника бараат помош

Огромен пожар се шири во кочанско Белско маало и местото викано Драчевник. Зафатени се шуми, но и бандери. Жителите бараат...

Спорт21 час

Полска ѝ даде азил на белоруската атлетичарка

Драматичниот случај на белоруската атлетичарка Кристина Циманускаја најверојатно е пред решение откако Полска и понуди хуманитарна виза, односно и одобри...

Македонија1 ден

Во Македонија 54 нови случаи на коронавирус, почина едно лице

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 54 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина, соопшти Министерството за...

Топ1 ден

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино. Според информациите на полицијата, мигрантот со тешки повреди е пренесен во болница. Несреќата...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот

Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот заради партиските интереси и заради повеќе гласови...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Илинден обедини генерации Македонци за слобода

Илинден обедини генерации Македонци за слобода, испраќам апел за обединување против Заев и рушење на најлошата власт до сега, рече...

Свет1 ден

(Видео) Туристи во Бодрум со чамци бегаат од пожарите, Ердоган призна дека земјата нема канадери

На југот на Турција, како и на други места во Средоземното Море, со денови беснеат огромни пожари. По петдневните пожари...

Досие