Контакт

Европа

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Објавено пред

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник на Франција, Денот на падот на Бастилја паѓа, пренесе радиото Франс Инфо.

Меѓу уапсените се водачите на граѓанското движење ,,Жолти елеци” – Ерик Друе, Жером Родригез и Никол Максим. Француските власти соопштија дека тие се приведени од различни причини – поради илегално носење на оружје,  нарушување на јавниот мир и поради непријавени собири.

Медиумите пренесоа дека немирите избиле по воената парада, која традиционално се одржува во авенијата Елисејските полиња. Полицијата употребила солзавец за да ја растера толпата.

Во Париз, се ‘уште е напнато по неколкумесечните протести на движењето ,,Жолти елеци” против државната политика.

Неколку групи од движењето успале да се смешаат со насобраната публика и свиркале по францускиот претседател, кој поминувал во отворен автомобил пред почетокот на воената парада.

Европа

Могерини: ЕУ има должност да ги штити правата на верските заедници

Објавено пред

Заштитата на слободата на мисла, свесност и религија е должност на ЕУ и нејзините земји членки, изјави високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија.

„Прогонот врз основа на верска определба директно се коси со меѓународното право, а ние мора да се бориме против тоа со здружени сили“, изјави Федерика Могерини.

Могерини додаде дека ЕУ отсекогаш била главен промотор и заштитник на верската слобода.

„Легислативата на ЕУ ги обврзува земјите членки да ги казнуваат јавните повици за насилство и омраза врз одредена група или поединци од група врз основа на религија или верска определба“, изјави Могерини.

„Маргинализирањето и издвојувањето на поединци кои припаѓаат на верски малцинства може да претставува знак за предупредување за многу посериозен прогон, како и показател дека треба да се преземат остри мерки во однос на целото општество“, додава таа.

Некои од земјите членки на ЕУ, како на пример, Грција, честопати трпат критика поради крешње на правата на малцинството Турци муслимани во нивните граници, а некои случаи се косат и со законите на Европскиот суд за човекови права.

Прикажи повеќе...

Европа

Меркел ќе разговара со Џонсон за полесен брегзит

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ќе разговара со Борис Џонсон во текот на денот за тоа како да обезбедат излегувањето на Велика Британија од Европската Унија да помине колку што е можно полесно.

„Денес ќе разговарам со британскиот премиер, кој доаѓа во посета, за тоа како можеме да го добиеме брегзит со што помалку проблеми затоа што треба да се бориме за нашиот економски раст“, рече Меркел на конференцијата за воздушен сообраќај, пренесува „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Пијан Русин се заканувал дека ќе фрли бебе од третиот кат, полицаец успеал да го спаси

Објавено пред

Руски полицаец се качил на балкон низ прозорец на соседен стан за да спаси петмесечно девојче од нејзиниот татко, кој во пијана состојба се заканувал дека ќе ја фрли ќерка си од третиот кат.

Ужасниот случај на семејно насилство, кој, за среќа, завршил без жртви, се случил во градот Саранск, 500 километри источно од Москва, пренесе РТ.

Полицијата била повикана на местото на настанот кога пијаниот татко бил забележан како се заканува дека ќе ја фрли својата петмесечна ќерка од балконот. Дури и ја тресел во воздухот држејќи ја за нозете.

Полицијата успеала да го скроти човекот од балконот на соседниот стан кога лидерот на акцијата успеал да влезе во неговиот стан и да го спречи пијаниот маж да ја спроведе намерaта.

Се покажало дека 38-годишниот Русин има полициско досие и дека претходно истиот ден ја нападнал мајката на детето и ја исфрлил од станот облеана во крв.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во Кривичниот суд пристигна екипа на брзата помош, на Јанева ѝ се слошило

Во Кривичниот суд пристигна екипа на брза помош бидејќи неофицијално, за време на распитот ѝ се слошило на специјалната јавна...

Македонија3 часа

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија3 часа

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија3 часа

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија6 часа

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија7 часа

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Топ10 часа

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион11 час

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Свет11 час

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в...

Македонија12 часа

Сончево и топло време со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Регион12 часа

Помпео ѝ се закани на Атина со санкции поради иранскиот танкер

САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен...

Македонија12 часа

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Hitech23 часа

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Македонија1 ден

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија1 ден

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија1 ден

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија1 ден

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Македонија1 ден

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата. До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и...

Свет1 ден

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет1 ден

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека иднината на Русија е...

Досие