Македонија
(Видео) Стоилковски: Богоевски на свој трошок да направи тест за наркотици и да поднесе оставка

Пратеникот Павле Богоевски итно сам да се повлече од пратеничката функција, а МВР и ОБвинителството сериозно да го истражат случајот, побараа од ВМРО-ДПМНЕ.
„Аферата Половина грам Кокаин каде главен лик е Павле Богоевски е многу сериозна а власта си игра играчки! Полицијата и обвинителството мора да започнат сериозни истраги: со кои се трговци и криминални структури Павле Богоевски бил во контакт и со кои пак тие биле вмрежени? Потоа, во кои се и во какви се класифицирани документи Павле Богоевски имал увид и сознанија како пратеник кој што поседува безбедносен сертификат“, рече на прес-конференција партискиот портпарол Наум Стоилковски.
По отфрлената иницијатива од претседателот на Собранието во понеделник да се спроведе тестирање за наркотици од опозициската партија порачаа Богоевски на свој трошок да направи испитување и без оглед на резултатите да понесе одговорност.
„Богоевски, итно, сам, повлечи се од Парламентот! Со тоа што тргуваш на нарко пазарот, ги прекршуваш сите етички, морални човечки норми. Исто така, веднаш повлечи се од комисиите каде си со тоа што поседуваш безбедносен сертификат, а понатаму на свој трошок побарај испитување во МАНУ извршено преку влакно од коса и тоа веднаш! Резултатот од тестирањето сепак не те амнестира од соработка со нарко подземјето, а со тоа и од неподобноста, недостојноста за пратеничката функција“ додаде Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со најавеното драстично зголемување на струјата

Од наредниот месец, граѓаните ги очекува нов ценовен шок со најавеното драстично покачување на електричната енергија. Новите сметки за електрична енергија ќе бидат повисоки за над 20%, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Како што додаваат од партијата, со зголемувањето на струјата очекувана е зголемена инфлација која ќе удри директно по џебот на граѓаните.
„ Граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за струја, како и големи акцизи на горивата за полнење на Буџетот за да можат функционерите на СДСМ и ДУИ да крадат и луксузираат. Недомаќинското работење со енергетските капацитети со години допринесе Македонија да е увозно зависна на електрична енергија, неместо да произведува, а со тоа и да ја регулира високата цена на струјата на светските берзи.
Тендерите во 4 очи во РЕК Битоала, негржата и без модернизација на енергетските капацитети, хавариите кои се случија изминативе 5 години, како и празнењето на вештачките акумулации се директната последица од оваа неспособна власт за покачувањето на електричната енергија.
Стопанство во државата е на колена, а најавеното ново покачување на струјата додатно ќе ја ослабе и така урнисаната економија во државата. Секој ден стотици граѓани остануваат без работа, а над 450 илјади луѓе живеат на раб на сиромаштија“ се вели во партиското соопштение.
Оттаму велат дека додека кризата го јаде стандародот на граѓаните, власта останала глува на барањата на работниците за зголемување на платите.
„ Секојдневните протести во Македонија се доказ дека оваа криминална власт е без компас. Единственото решение за излез од оваа криза се брзи предвремени избори. Затоа што премногу е! Дното со неспособната власт на СДСМ и ДУИ одамна е пробиено“ порачаа од опозициската партија.
Македонија
Сончево и топло, попладне дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ=8
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време, во попладневните и вечерните часови со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Македонија
Денес без струја делови на Пинтија, утре делови на Сопиште, Карпош и Чучер Сандево

ЕВН информира дека, поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
– од 8 до 15 часот корисниците од улцата 1515, улицата 1513 и дел од улицата Саса во околината на ОУ „Рајко Жинзифов“ во населбата Пинтија (општина Кисела Вода).
Утре, пак, без струја ќе бидат:
– од 8 до 15 часот корисниците од с. Добри Дол (општина Сопиште);
– од 9 до 12 часот корисниците од дел од с. Горно Соње (општина Сопиште);
– од 9 до 10.30 часот објектите во околината на булеварот Партизански одреди бр. 70 (општина Карпош);
– од 9 до 14 часот улицата Желево, зграда 3 и зграда 5, и улицата Разловечко востание, зграда 22 и зграда 24 (општина Карпош);
– од 9 до 15 часот корисниците од дел од с. Побожје (општина Чучер Сандево).