Контакт

Топ

Власта бара гаранции за успешен референдум, опозицијата реагира дека дошле неспремни на лидерска

Објавено пред

По повеќе од два часа разговори, нема приближување на ставовите меѓу лидерите на партиите околу референдумот.

Според неофицијалните информации што стигнуваат од преговарачката маса, сѐ уште не се разговарале деталите за референдумот, ниту за владиниот предлог-закон за измени на изборниот законик за ДИК. Дел од присутните на средбата брифираат дека власта побарала гаранции за успешен референдум, од опозицијата, пак, реагираат дека владејачките партии дошле неспремни.

Во првиот сет разговори акцентот бил ставен на Законот за финансирање на партиите и за концептот на техничка влада пред избори.

Лидерите на четирите политички партии, Зоран Заев, Кристијан Мицкоски, Али Ахмети и Билал Касами, придружувани од по уште еден партиски претставник направија половина час пауза, по што се вратија на средбата зад затворени врати.

Бегството на Груевски

На интернет се шири фотографија од Груевски и Трајковски во Будимпешта

Објавено пред

Фотографија на која се гледа експремиерот Никола Груевски, сега унгарски азилант, како се шета низ Будимпешта, се прошири на социјалните мрежи. Засега не е познато кој е автор на фотографијата, ниту пак дали истата е автентична. На фотографијата со Груевски се гледа и Александар Трајковски, еден од обвинетите за случајот „Насилството во општина Центар“, инаку советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба.

Преку вибер порака, Трајковски ни пиша дека „станува збор за грешка“, но одби да одговори дали фотографијата е автентична, дали бил во Будимпешта и дали се сретнал со експремиерот Груевски. Тој откако ни напиша дека станува збор за грешка, го исклучи мобилниот телефон.

СЈО досега нема побарано мерки за обезбедување на обвинетиот Трајковски, односно не му е одземен пасошот. Тој во понеделник треба да се појави на судењето за случајот „Насилство во Центар“.

Дел унгарски новинари веќе ја споделуваат фотографијата на Фејсбук и на Твитер. Тие за „Макфакс“ велат дека ќе се обидат да лоцираат каде престојува Груевски во Будимпешта.

Фотографијата е направена на локација во центарот на Будимпешта, каде што има безброј кафулиња, хотели и продавници за облека. Тој дел од градот е познат по тоа што таму најчесто престојуваат туристи.

Груевски избега од Македонија пред точно еден месец и експресно доби азил во Унгарија. МВР се уште нема објаснето како експремиерот осуден на двегодишна казна затвор ја напуштил земјава.

Засега, се е сведено на шпекулации, од кои дел се дека Груевски престојува во хотел, а го чува обезбедување.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Села: Претседателите на партиите кои не присуствуваа на 27 април се најверојатно и организаторите

Објавено пред

,,Некој знаел дека ќе се случи она што се случи на 27 април и не беше присутен. Немаше друга причина одредени претседатели на политички партии да не бидат присутни во Собранието. Сите што тој ден не беа присутни, најверојатно знаеле и најверојатно биле организатори на настанот. Не зборам само за едно име и презиме, туку за неколку претседатели кои не беа присутни тој ден”, рече пратеникот Зијадин Села на денешното сведочење за ,,крвавиот четврток”.

,,Јас чекам одговори од оваа судска постапка за настаните од 27 април. Можеби и повеќе од обвинетите тука. Судската постапка ќе даде одговор на прашањето дали некој знаел или претпоставил што ќе се случи на 27 април”, рече Села.

На седницата на 27 април на која Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието не беа присутни претседателите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Никола Груевски.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Припадничка на собраниското обезбедување: Ѓошевски даде наредба да се отворат вратите од собата за видеонадзор

Објавено пред

Судењето за крвавиот четврток, по паузата, продолжи со сведочење на Милунка Јовановска, вработена во МВР, која на 27 април била присутна во Собранието како вработена во службата за обезбедување на објектот.

Јовановска во своето сведочење истакна дека обвинетиот Горан Ѓошевски, шеф на обезбедувањето на тогашниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, издал наредба да се отвори просторијата каде што стоеле дисковите од собраниските безбедносни камери.

,,Околу 21 часот отидов кон пријавницата да ја сменам батеријата од радиостаницата. Во тој момент дојдоа колеги кои се претставија дека се од УБК и побараа да се отвори собата за видеонадзор. Колешката Александра им кажа дека за да се отвори таа просторија, потребна е наредба од непосреден старешина. Бидејќи тогашниот началник беше повреден, колешката се двоумеше од каде да побара дозвола. Тогаш му се јави на Ѓошевски и кажа дека добила дозвола да ја отвори просторијата. Не слушнав точно што разговараат“, сведочи Јовановска.

Сведокот истакна дека од четирите лица што се претставиле дека се од УБК, познава еден, и тоа обвинетиот Оливер Радулов. Обвинетиот Радулов ја запраша Јовановска од каде се познаваат, на што таа одговори дека го знае од Факултетот за безбедност.

Судијката Добрила Кацарска даде десет минути пауза по што судењето ќе продолжи со сведочење на пратеникот Зијадин Села.

Прикажи повеќе...

Најново

Бегството на Груевски30 минути

На интернет се шири фотографија од Груевски и Трајковски во Будимпешта

Фотографија на која се гледа експремиерот Никола Груевски, сега унгарски азилант, како се шета низ Будимпешта, се прошири на социјалните...

Крвав четврток1 час

Села: Претседателите на партиите кои не присуствуваа на 27 април се најверојатно и организаторите

,,Некој знаел дека ќе се случи она што се случи на 27 април и не беше присутен. Немаше друга причина...

Крвав четврток2 часа

Припадничка на собраниското обезбедување: Ѓошевски даде наредба да се отворат вратите од собата за видеонадзор

Судењето за крвавиот четврток, по паузата, продолжи со сведочење на Милунка Јовановска, вработена во МВР, која на 27 април била...

Крвав четврток3 часа

Кој е тој Душко и кои се сите тие од МВР што треба да знаат, Кацарска го праша Трајко Вељаноски

Во кривичниот суд попладнево продолжи испитувањето на поранешниот претседавач на Собранието, Трајко Вељаноски, во својство на сведок предложен од обвинетиот...

Крвав четврток5 часа

Игор Југ го праша Вељаноски за албум на „Металика” – Дали политичарите беа господарите, а ние што скапуваме по затвори сме куклите?

Обвинетиот Јане Ченто, пред да му постави прашање на експретседавачот на Собранието Трајко Вељаноски, рече дека некои калкулираат со човечки...

Македонија6 часа

(Видео) Клинички со закана до Шилегов поради поскапиот паркинг за вработените

Платите на вработените во Клиничкиот центар неодамна им беа зголемени за околу 5 отсто, а вчера градоначалникот на Град Скопје,...

Македонија6 часа

(Видео) Димовски до Тевдовски: Престанете со арогантниот однос кон Собранието

Министре Тевдовски, до кога ќе го практикувате овој арогантен однос кон Собранието? Ја напуштате дебатата без збор. Со овие зборови...

Крвав четврток7 часа

Немате поим што се случувало на 27 април, му кажа обвинителката на сведокот кој го предложи Душко Лазаров

На денешното рочиште за судењето за 27 април прв од дополнителните сведоци сведочеше Тони Алексовски, сведок кој го предложи обвинетиот...

Македонија7 часа

На судењето за „Тортура“ се емитуваат телевизиските прилози од 2011

На денешното рочиште за случајот „Тортура“, во кој првообвинет е Сашо Мијалков, во судот се презентираат снимки од дневникот на...

Македонија8 часа

(Видео) Активистката Моника Ристеска осудена на две години условна казна

Активистката Моника Ристеска денеска на првото судско рочиште беше осудена на две години условна казна за сторено кривично дело „неовластено...

Европа9 часа

Туск: В четврток самит на ЕУ за брегзит, нови преговори нема

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера изјави дека за в четврток, на првиот ден од самитот на ЕУ во...

Свет10 часа

Руската шпионка Марија Бутина уапсена во САД призна вина

Марија Бутина, која е обвинета од американските власти дека е руски шпион и дека се обидува да влијае на политиката...

Економија11 час

Од денеска поевтини горива на бензинските

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари. Со новата одлука на Регулаторната комисија...

Европа21 час

(Видео) Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во долгоочекуваното обраќање до јавноста вети зголемување на минималната плата и даночни олеснувања в година....

Македонија1 ден

Вработени во Министерството за локална самоуправа биле ангажирани како експерти и добиле 36.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против четири лица, и тоа Љирим Шабани, поранешен министер...

Македонија1 ден

Кривична пријава против Тодоров и Кралев – осомничени се дека го оштетиле буџетот за 80.000 евра

Поранешните министри за образование и наука, Никола Тодовор и Панче Кралев, се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето...

Македонија1 ден

Имотот на Камчев во Русија, Бугарија и на Бахамите – пречка да излезе од притвор

Фирми во Русија, Бугарија, Холандија, Косово, Србија и Хрватска и офшор компании во даночните раеви се само дел од имотот...

Македонија1 ден

Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги...

Топ1 ден

Забелешки за нацрт-законот за амнестија, работната група се консултира

За помалку од еден час заврши состанокот на Работната група за помирувањето, каде во фокус на средбата беше нацрт-верзијата на...

Крвав четврток1 ден

Кацарска до Димитриевски: Каков професионалец сте кога не може да се сетите на ниту една команда од Чавков

Судијката Добрила Кацарска, која го води случајот за 27 април по сведочењето на Никола Димитриевски, поранешно обезбедување на ексдиректорот на...

Досие