Скопје
Галетановски: Свесно се пријавив и ќе се нафатам, не ми требаат финансии и поддршка од Градот
Поранешниот директор на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски, е единствениот пријавен на конкурсот што го распиша Град Скопје за оваа установа и беше затворен вчера во 16 часот. Галетановски на „Фејсбук“ се заблагодари на огромната поддршка за да биде директор на ЗОО Скопје.
„Ви благодарам на сите медиуми што се обединивте за огромната поддршка на сите граѓани на Скопје и Македонија, сите честитки желби и над 2.000 пораки нека одат на контото на ЗОО Скопје и вработените и животните таму.
Како што прочитав денес во медиумите завршил конкурсот за директор на ЗОО и немало друг пријавен и како што ветив, ДА, свесно се пријавив и ќе се нафатам од минус, не ми требаат нит финансии нит поддршка од Градот. Дал ќе го поништат огласот или ќе стават некој друг, не е важно, јас пак ќе отидам и ќе помогнам што можам. Важно е колку ЗОО Скопје е слаба и болна точка на сите граѓани. Благодарам во име на сите вработени таму, а јас како и да е, ќе продолжам со борбата за департизација на ЗОО, враќање во ЕАЗА и за правата на моите колеги таму и најважно – негата на сите животни“, напиша тој на „Фејсбук“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: На денешен ден Скопје ја дочека слободата, тие херои се бореа за идеја, за достоинство, иднина
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, извести дека утрово ја одржал традиционалната средба по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.
„На денешен ден Скопје ја дочека слободата донесена од 42. и од 50. народноослободителна дивизија на македонската војска и од 16. македонска бригада по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор. Тие херои се бореа за идеја, за достоинство, иднина, за Скопје какво што денес го имаме. Нашата должност е да ја чуваме нивната жртва жива со тоа што ќе го градиме Скопје како град на слободни, горди и обединети луѓе“, напиша Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување приклучок на улицата Александар Урдаревски бб за Полициска станица Бутел во населба Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на две куќи од улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.

