Македонија
Груевски на кафе со адвокатите за време на паузата на судењето за „Тенк“

Поранешниот премиер Никола Груевски за време на паузата на судското рочиште за случајот „Тенк“ седна да испие едно кафе со неговите адвокати. Паузата следеше по сведочењето на неговиот телохранител Дејан Митревски – Урко, кој рече дека шест до седум години го молел Груевски да набави ново возило бидејќи со години возилата на МВР за обезбедување ВИП-личности биле во дефект и завршувале на сервис, при што биле сведоци на многу непријатни ситуации при превозот на функционери.
Судот даде пауза за да одлучи за приговорите на адвокатите на Груевски да бидат издвоени вештачењата на Тале Герамитчиоски и Страхил Глигоровски.
Во кривичниот суд денеска се одржува ново рочиште за предметот „Тенк“ на специјалното јавно обвинителство, кој се однесува за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 илјади евра. На претходното рочиште сведочеа осум сведоци предложени од одбраната, кои посочија дека набавката на новиот „мерцедес“ била неопходна бидејќи старото возило често останувало во дефект и не било безбедно за превоз на важни личности. Во случајот „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски. Пред две рочишта судот донесе одлука да ја раздвои постапката за Јанкулоска поради тоа што таа имала ризична бременост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Намален прагот на алармирање за аерозагадувањето

Од Министерството за животна средина соопштуваат дека со измената на Уредбата за гранични вредности на аерозагадувањето, од 14-ти декември прагот на алармирање од загадување со ПМ10 честички ќе се намали од 188 на 175 милиграми на метар кубен.
„Во согласност со новата Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, од 14 декември 2019 година, прагот на алармирање на РМ10, се намалува од 188 mg/m3 и истиот изнесува 175 mg/m3 среднодневна концентрација во текот на 2 последователни дена и добиена прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период“, соопштија од Министерството за животна средина.
Македонија
Институт за македонска литература: БАН активира политички инволвирања преку негирањето на македонскиот јазик

Институтот за македонска литература најостро реагира по повод ставот на Бугарската академија на науките дека македонскиот јазик „не постои“, т.е. дека е „писмено-регионална норма на бугарскиот јазик“.
„Со ваквата изјава се негира постоењето на македонскиот јазик, литература, историја и култура и со тоа се врши негирање на македонскиот национален идентитет. За македонскиот јазик, литература, историја и култура се објавени стотици илјади монографии, студии, ставови и аргументи на македонски и на други светски јазици од реномирани домашни и странски слависти, филолози, историчари, социолози, етнолози, политиколози, културолози со кои се докажува правниот и историски континуитет на македонската нација, која постои со македонскиот јазик“, велат од Институтот.
Оттука додаваат дека наместо БАН како највисока научна установа во Република Бугарија преку науката да ги афирмира воспоставените научни и културолошки интеракции меѓу македонскиот и бугарскиот народ за градење пријателство и меѓусебно разбирање и почитување, индиректно активира политички инволвирања во директното негирање на македонскиот народ и на македонскиот јазик, што претставува повреда на меѓународното право за себеидентификување.
Македонија
Административците в сабота ќе чистат на 20 локации во Скопје

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и претставничката на граѓанското здружение „Не биди ѓубре“, Ирена Ристиќ, денеска одржаа прес-конференција на која ги претставија деталите од масовната еколошка акција „Администрацијата чисти со ‘Не биди ѓубре’“, која ќе се одржи во сабота, на 14. декември, со почеток од 12 часот.
„Изминатите две недели активно работевме на организација на големата еколошка акција за чистење на ѓубре, во која учество ќе земат вработените од државните институции. Решивме да се приклучиме на акциите кои ги организира грѓанската иницијатива “Не биди ѓубре”, наместо класично да работиме во сабота“, рече министерот Манчевски.
Вкупен број од 40.000 луѓе, на 14. декември ќе чистат на 20 локации во градот.
Локациите се следни: Сарај – Треска, Аквадуктот – Каналот, СЦ Борис Трајковски, Кале, Музеј на современа уметност, Касарна Илинден, Јужен Булевар, Бихачка, Државно училиште за физичка култура – М.М Брицо, железничка и автобуска станица, улица Џон Кенеди, Собрание, улица Македонија, МКЦ и МРТВ, касарна Гоце Делчев , ул. Ферид Бајрам, ул. Александар Урдаревски, Европска Очна Болница – Јурија, ул. Индустриска и Кеј на река Вардар.
„За успешно спроведување на акцијата, на секоја од локациите одговорни ќе бидат самите раководители, односно премиерот, министрите, градоначалниците и директорите. Дополнително, секаде каде што е потребно, обезбедена е и соодветна механизација од претпријатијата на Градот Скопје. До локациите каде што е потребен превоз, истиот е обезбеден од ЈСП, а за сите вклучени во акцијата обезбедена е и соодветна опрема, како ракавици, ќеси (за отпад и пластика), како и маски за одредени локации“, информираше министерот Манчевски.
Министерот воедно им се заблагодари на сите донатори кои ја поддржаа акцијата: Канцеларијата на ЕУ во Скопје и амбасадорот Жбогар, Др.Пановски, Еурофарм, Отпад, Швајцарска амбасада, Пакомак, Зегин, Еуро ЕКО пак, ЕКОН- Електрон, Eco packing, ЕЛ-Колект.
На пресот се обрати и Ирена Ристиќ, која потсети дека здружението „Не биди ѓубре“ постои една година и половина и изрази огромно задоволство што во сабота, оваа активност во ист момент ќе ја спроведат 40 илјади луѓе.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми