Контакт

СЈО

(Видео) Груевски: СЈО е забегано, ова е театар на апсурдот

Објавено пред

„Судот од почетокот требаше да ги отфрли овие обвинувања. Ова стана еден вид театар на апсурдот“, рече експремиерот Никола Груевски по денешното одложено рочиште за предметот „Насилство пред Општина Центар“. „Шест дена треба да бидам на рочишта во разни предмети. Сè повеќе се чувствувам како во едно од врвните дела посветени на апсурдот, „Процес“ од Кафка, изјави Груевски по излегувањето од судот. Тој рече дека СЈО барало притвор за болен човек, што укажува, како што рече, на забеганоста на ова јавно обвинителство. „Самиот факт што обвинителството се охрабри да бара притвор за болен човек укажува на забеганоста на ова јавно обвинителство“.

Груевски говореше и за вчерашното судење за предметот за набавката на „мерцедесот“, кое траеше неколку часа. „Вчера судијката одлучи да го продолжи рочиштето до 18.30 часот. Не е проблем за мене да останам до кога треба. Сум работел јас до доцна, но доколку тоа е за сите. Во овој случај имаме ситуација кога за никој не се останува по работното време, ниту за најголемите убијци и терористи, но кога сум јас во прашање, имаме пролонгирање додека судијката не ја заврши својата замислена обврска. За никој друг во државата ова не се случило во минатото. Истата двојка судии што вчера направи на некој начин скандал, таа му суди и на Заев и му закажуваше на еден месец. Очигледно е дека судиите имаат добиено политичка агенда и мора да ја исполнуваат“, рече Груевски.

 

Македонија

Ивона Талевска ги вратила парите за затаен данок, судот ѝ го врати пасошот

Објавено пред

Новинарката на „Сител“ , Ивона Талевска, на државна сметка ја уплатила целата сума од пресудата која ѝ ја изрече судот во предметот за даночно затајување „Тифани“, потврдија од кривичниот суд за „Макфакс“. Талевска, според пресудата, како физичко лице вратила над 27 илјади евра за затаен данок од 6 години, уплатила 76 илјади денари за вештачењето на СЈО, 1000 евра како споредна штета, 2000 денари судски трошоци…

Од судот за „Макфакс“ одговорија: „Обвинетото физичко лице во предметот за кој се интересирате во целост ги има платено сите трошоци и утврдената сума во пресудата. Што се однесува до правното лице, извршувањето ќе се спроведе штом тоа ќе ја прими второстепената пресуда“. На осудената Талевска, судот ѝ го вратил пасошот, кој ѝ беше одземен како дел од мерките за претпазливост кои ги побара специјалното јавно обвинителство.

Според пресудата, Талевска како претставник на фирмата „Смарт“, која престанала да постои 2013 година, е задолжена да врати и приближно 18,6 илјади евра за затаен данок. „Смарт групацијата“, пак, треба да плати казна од 200 илјади денари и данокот кој бил затаен во износ од над 16 илјади евра.

Според обвинението на СЈО, Талевска 6 години без ниту еден вработен свртела милионски суми, а прикажувала дека за потребите на фирмите купувала долна облека, козметика, маси, столови, велосипеди, мобилни телефони, гориво, патни трошоци, хотели, авиони, лизинг за возило… Осудената ја намалувала основицата за пресметување на данокот на добивка прикажувајќи расходи кои не биле направени за вршење на дејноста на правните лица.

Талевска беше осудена условна. Таа нема да помине две години во затвор доколку во наредните четири не стори ново кривично дело.

Прикажи повеќе...

Македонија

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Објавено пред

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта. На денешното рочиште, покрај три телефонски разговори за кои јавноста ќе биде исклучена и неколку разговори на странски јазик, на видеобим во судницата ќе бидат прикажани смс-пораките меѓу обвинетите во овој предмет.

Пред почетокот на рочиштето, обвинителката Лиле Стефанова им подели на обвинетите и нивните адвокати транаскрипти од смс-конуникацијата. На тоа, ексминистерот и’ рече дека тоа се сечени и лепени материјали, а Стефанова му возврати: ,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено. Јас ќе сечам, ќе ти лепам”.

На тоа Јанакиески ѝ возврати со насмевка дека Заев сечел и лепел. Обвинителката му рече на Владимир Пешевски ,,те боли пораката”.

Денеска ексминистерот за транспорт слави 40. роденден.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Тројца лекари издавале фалш боледувања на обвинети од СЈО

Објавено пред

„Макфакс“ дознава дека за тројца лекари кои им издавале боледувања на обвинети од специјалното јавно обвинителство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат со извештај констатирал низа пропусти при проверките на медицинските белешки.

Инспекторатот по барање на специјалното јавно обвинителство, направил серија проверки и утврдил дека медицинската документација за боледување на обвинетите Гордана Јанкулоска, (обвинета во неколку предмети на СЈО), Ѓоко Поповски (обвинет во „Триста“ и „Тенк“) и Милан Андоновски (обвинет во „Насилство“) со кое ќе го оправдаат отсуството од судските рочишта, има бројни пропусти.

Од СЈО за „Макфакс“ само кратко ја потврдија информацијата и рекоа дека проверката на веродостојноста на боледувањата ја спровел инспекторатот по нивно барање. Изминатиот период инспекторатот испратил екипа во приватната здравствена установа и специјалистичката клиника од каде на обвинетиот Милан Андоновски му беше издадено боледување непосредно пред одржувањето на едно од судските рочишта за предметот „Насилство“.

Инспекторите ја одзеле комплетната медицинска документација за обвинетиот и ги предале до Лекарската комора и до Фондот за здравствено осигурување. Андоновски вадеше боледувања поради што беше одложено судењето за насилствата пред Општина Центар.

Лекарите кои го издале боледувањето не ги исполниле потребните прописи, а не биле направени соодветни лабораториски анализи. Обвинителката Фатиме Феати пред едно од рочиштата посочи дека боледувањата на обвинетиот Андоновски му биле издавани наменски непосредно пред судењата. СЈО се посомнева во оправданоста на отсуствата и побара судот на Андоновски да му определи притвор.

Од специјалното јавно обвинителство велат дека до основното јавно обвинителство ќе достават извештај кој ги содржи наодите на инспекторатот, а обвинителството ќе треба да одлучи дали има елементи за кривично дело „фалсификување службена исправа“.

СЈО пред една година ја побара медицинската документација поврзана со боледувањата на началникот од УБК, Горан Грујевски првообвинет во случајот „Тврдина 2“ за уништување на списите врзани со масовното прислушување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура16 часа

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ18 часа

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија19 часа

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија20 часа

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет20 часа

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија21 час

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет21 час

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа1 ден

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет1 ден

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Свет1 ден

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од...

Daily news2 дена

(Видео) Техничкиот директор на ЈСП: Старите автобуси ќе возат до идното лето

Поради недоволен број возила, ЈСП мора во сообраќај да ги пушта старите автобуси „санос“. Техничкиот директор, Васил Толевски, вели за...

Македонија2 дена

Актерката Ирена Ристиќ приведена па однесена во болницата во Бардовци оти чистела ѓубре пред Влада

Актерката и активистка Ирена Ристиќ со полициско комбе била приведена во полициска станица „Беко“ бидејќи, како што вели, чистела догорчиња...

Македонија2 дена

Ги уценувале со илјадници евра за да не објават текстови за Драган Даравелски и Минчо Јорданов

Во кривичниот суд во Скопје, повторно, од почеток почна судењето за случајот „Шпион“, кое го застапува специјалното јавно обвинителство. Во...

Свет2 дена

Милијардерот Марк Бениоф го купува магазинот „Тајм“

Списанието „Тајм“ повторно ја менува својата сопственичка структура, речиси осум месеци откако беше продадено на американската медиумска група „Мередит корпорејшн“....

Македонија2 дена

Американскиот секретар за одбрана допатува во Скопје, загрижен е за мешањето на Москва во резултатот на референдумот

Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, утринава слета на Меѓународниот аеродром  „Скопје“ и беше пречекан од министерката за одбрана, Радмила...

Регион2 дена

Тачи: До договор со Србија преку мирна корекција на границите

Заокружувањето на разговорите и постигнувањето конечен договор помеѓу Косово и Србија е неопходно да се случи во брзо време, а...

Свет2 дена

(Видео) Тајфунот од Филипините се пресели во Кина – евакуирани над два милиони луѓе

Над два милиона луѓе се евакуирани во кинеската јужна провинција Гуангдонг пред пристигнувањето на тајфунот Мангхут. Претходно овој тајфун со...

Вести2 дена

Свештеници во Германија злоставувале 3 677 деца

Главниот германски надбискуп рече дека е шокиран од извештајот за сексуално злоставување во Германија во кој се наведува дека околу...

Регион3 дена

Авион кој летал од Ниш до Базел принудно слетал поради чад во кокпитот

Авион на компанијата „Визер“ вчеравечер принудно слетал во Загреб поради чад во кокпитот, пренесува „Индекс.хр“. Летот од Ниш до Базел...

Досие