Контакт

Македонија

Груевски ја повлече тужбата за клевета за Заев со која првично бараше половина милион евра

Објавено пред

Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од бегалецот Никола Груевски против премиерот Зоран Заев, потврдија од судот за „Макфакс“. Причина е тоа што Груевски преку адвокат во меѓувреме ја повлекол тужбата против Заев за неговата изјава за случајот „Македонска банка“.

Од Основниот суд Скопје 2 за „Макфакс“ велат: „Тужителот преку својот полномошник со поднесок го извести судот дека се откажува од тужбеното барање во целост. Со оглед на наведеното, на  8.01.2019 година, вон рочиште донесена е пресуда врз основа на одрекување, согласно со чл.318 од Законот за парнична постапка“.

Ова следува откако во септември лани пет врховни судии oдлучија позитивно за барањето за ревизија кое го поднесоа адвокатите на Заев. Со правосилна пресуда Заев беше осуден дека јавно го наклеветил експремиерот Никола Груевски за продажбата на „Македонска банка“.

Со пресудата на судијката Весна Калковска од Основниот суд Скопје 2, Заев беше требаше да му плати 50 илјади евра за клевета и навреда на Никола Груевски. Никола Додевски, тогашниот адвокат на премиерот Груевски, го намали побарувањето од Зоран Заев од првично побараните половина милион евра на 50 000 евра, со објаснување дека парите не се мотив за поднесување на тужбата, туку да се докаже чесноста на премиерот. Потоа Груевски преку Додевски се откажа и од таа сума.

Апелационите судии Лидија Димчевска, Радица Василевска и Енвер Беџети, во правосилната пресуда потврдија дека Груевски е наклеветен, но во решението побараа да се повтори постапката само за висината на изречената казна и повторно да се преиспита колку тежи душевната болка на поранешниот премиер.

Заев во изјавата пред јавноста тогаш рече дека таткото на криминалот во Македонија не е никој друг  туку Никола Груевски и дека примил пари во кеш во износ од 1,5 милиони евра од странски бизнисмен и дека ја оштетил државата за 225 илјади евра за неплатен данок, како и дека лично ја продал „Македонска банка АД“ од Скопје на контроверзниот српски бизнисмен Јовица Стефановиќ, познат како газда Нини, преку четири офшор и две домашни компании коишто официјално поседувале 51% од акциите на банката, а биле под контрола на Никола Груевски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Јанушев: Ќе организираме отворени денови во општинските комитети и директни средби со граѓаните

Објавено пред

„Разговори за обнова на Македонија“ покажаа дека граѓаните живеат тешко време исполнето со несигурност, револт и многу нерешени проблеми. Македонија е на погрешна патека, а власта само го троши времето. Секој изминат ден значи нови проблеми, нови осиромашувања, нов удар врз достоинството на нацијата и земјата, истакна Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Секој поминат ден значи нов нерешен криминал, нова неправда и несигурност за обичниот човек. Оваа власт владее со измами и лаги, а на се што градеше поени секоја клевета и лага се враќа како бумеранг. Патот кон Европа има многу предизвици, многу проблеми но еден се чини е најголем кој упорно турка наназад и ја одзема иднината. И тој проблем се вика Зоран Заев. Овој човек не умее да испорача резултати, а најмалку европска иднина. На граѓаните им е потребна обнова, и затоа се спремни да се изборат како никогаш порано. Тоа го говори огромниот одѕив на граѓаните во акцијата односно кампањата „Разговори за обнова на Македонија“, каде досега над 15.000 граѓани се обратија со проблеми.

Тие се жалат поради сиромаштијата, неправдите кои стегаат, ударите врз достоинството и бесценетите работи кои Заев и власта ги продаваат. Се жалат поради урнисаното земјоделие, иселувањето, криминалот и корупцијата и ударот врз бизнисот. И особено охрабрува нивниот огромен интерес на над 15.000 граѓани кои проговорија за она што ги мачи и побараа решение. Ова нас не обврзува да ја продолжиме оваа акција и да работиме уште поинтензивно, уште понапорно на решенија кои ќе бидат дел од нашата нова програма.

Поради големиот интерес граѓаните да проговорат за проблемите но и заедно да стигнеме до решенија одлучивме „Разговори за обнова на Македонија“ да ги прошириме со уште две акции во корист на граѓаните. Првата, организирање на отворени денови во рамките на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Втората, средби на микро ниво преку директен и личен контакт преку месните заедници.

Ова значи дека покрај редовните посети во рамките на „Разговори за обнова на Македонија“ и отворените т.н. корнери, односно штандови, кои до сега ги организираме по градовите каде граѓаните може да ги споделат проблемите за кои ќе понудиме решенија, сега ја прошируваме активноста со уште две можности: отворени денови во општинските комитети, и непосредни и лични средби во месните заедници.

Отворените денови започнуваат од утре – 16-ти октомври, во сите штабови на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ низ цела Република Македонија и ќе продолжат секоја среда во периодот од 17:00 до 19:00 часот. Средбите во месните заедници во сите населени места низ Република Македонија ќе се одвиваат за време на викендите, почнувајќи токму од викенд – односно до 19-20 октомври.

Ги повикувам сите граѓани кои го живеат ова тешко време да се приклучат и да земат учество во „Разговори за обнова на Македонија“. Огромниот одѕив досега за нас е обврска да продолжиме уште посилно и уште поорганизирано. Народот бара и ќе се избори за обнова. Годината што следи ќе биде година на промени“ порача Јанушев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитриев: СДСМ ги блокира законите од областа на безбедноста

Објавено пред

„СДСМ по којзнае кој пат повторно ги покажа своето лицемерство и крајно неодговорен однос, особено кога се работи за суштински области од фукционирањето на државата“, изјави Емил Димитриев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, по долги работни средби помеѓу пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, се постигна консензус и се креираа измени на Законот за следење на комуникациите, измени со кои дефинитивно ќе се деблокира парламентарниот надзор над службите што ја користат посебната истражна мерка следење на комуникациите. Една година СДСМ и раководството на Собранието на Комисијата за надзор над мерките за следење на комуникациите не ѝ даваше дозвола да почне постапка за избор на технички експерти, кои ќе бидат поддршка во работењето на Комисијата. Кога видоа дека се прочитани и не се брани ваквата нивна позиција во јавноста, дозволија Комисијата да почне постапка за ангажман на експерти. Комисијата преку транспаретна постапка, иако од неа законот тоа не го бараше експлицитно, со едногласна одлука избра експерт магистер по комјутерска форензика, едуциран надвор од Република Македонија, компетентен за предизвикот за кој го ангажира Комисијата.
Кога СДСМ не можеше да најде забелешка на постапката и изборот, се одлучија да го блокират формалното потпишување договор за ангажман на експертот, кој, од друга страна, е неопходен за регулирање на односите помеѓу Собранието и експертот.

За целиот период на блокадата на оваа законска обврска, изговорите од страна на мнозинството беа разноразни, т.е. на нивната негативна креативност ѝ немаше крај. Повторно се преговараше долго и решението за деблокада на надзорот беше најдено во измени на Законот за следење на комуникациите, кој во собраниска процедура беше предложен од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и од ДУИ“, вели тој.

Според Димитриев, измените на законот во прво читање на пленарна седница беа изгласани со двотретинска поддршка, без ниту еден глас против, истата поддршка законот ја доби и на Комисијата за одбрана. Потоа, законот се блокира во неговата постапка за негово донесување за сега во меѓувреме да се деблокира носењето на законот, СДСМ и мнозинството повторно ја активираат нивната веќе позната лукративна стратегија да поднесуваат амандмани на закони што тие самите ги имаат предложено.

„Усвоените амандмани на СДСМ од страна на Законодавно-правната комисија во целост ја менуваат суштината на измените на Законот за следење на комуникациите, кој беше усогласен и заеднички предложен и изгласан во првото читање. Ова е вторпат за закони од областа на безбедноста, кои се двотретински, по напорни усогласувња со опозицијата и креирање заеднички предлог, во собраниска процедура преку силата на мнозинството да ги погазат веќе усогласените решенија. Повторно изговорите се разноразни, погрешно се интерпретираат мислења од странски експерти итн.

Во триесетгодишната македонска парламентарна историја не се памети еднострано да се поднесуваат амандмани на усогласени двотретински закони. Првиот пат јавноста беше сведок при носењто на Законот за Агенцијата за национална безбедност, кој беше усогласен со опозицијата, но доживеа доста неусогласени амандмани, сега се случува истата лукративност со измените на Законот за следење на комуникациите.

Ова само го покажува вистинското лице на СДСМ, колку му држи зборот, колкав е неговиот демократски капацитет за усогласување на стратешките работи, кои законодавецот не случајно ги нормирал да бидат двотретински. Ваквиот однос на СДСМ најавува дека тие имат постојана двотретинска поддршка за сè и сешто, што, ако се случи, јавноста ќе биде сведок.

Евидентен е и стравот од квалитетен надзор над службите во контекст на секојдневните скандали што го следат нивното работење. Кога им беше потребно мислењето на Прибе, не го вадеа од уста, а сега бегаат од тоа и воопшто не го коментираат. За жал, наместо да се зајакнува надзорот над службите со нови законски решенија, со кои надзорот ќе има суштина, а не како досега да се гледаат само анонимизирани наредби, без никаква експертска подршка, СДСМ одлучи да го блокира и овој начин на надзор над службите, кој е нормиран во постојните законски решенија“, додаде Димитров.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кривични пријави против Меѓународниот сојуз, „Томато продукција“ и „БМЈ медија груп“

Објавено пред

Против Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, против „Томато продукција“, каде што беше сместена телевизијата „1ТВ“, и против „БМЈ медија груп“, фирма сопственик на телевизијата, ќе бидат поднесени кривични пријави, информира денеска УЈП.

Според Управата за јавни приходи, неправилности во работењето имало и во „1ТВ“, но таму немало основа за кривична пријава.

УЈП ги товари трите фирми за даночно затајување за сума повисока од 20 милиони денари.

Претставници на УЈП биле кај Бојан Јовановски, кој е обвинет за случајот „Рекет“ и е во притвор, но тој одбил да ги прими нивните записници.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

Руската сајбер-шпионка од скандалот со велешките лажни сајтови приведена во Минск

Руската државјанка и осомничена сајбер-шпионка, Ана Богачева, на која САД ѝ наметнаа санкции поради наводно мешање во изборите, и чие...

Топ55 минути

Откриена 14-члена криминална група, која организирала шверц на 400 мигранти од Грција

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги, Националната единица за сузбивање шверц на мигранти и трговија...

Македонија2 часа

Кривични пријави против Меѓународниот сојуз, „Томато продукција“ и „БМЈ медија груп“

Против Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, против „Томато продукција“, каде што беше сместена телевизијата „1ТВ“, и против...

Економија2 часа

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, објави на владина седница премиерот Заев. Тој истакна дека е постигнат договор...

Македонија3 часа

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, поднесе оставка

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, денеска, на прес-конференција, соопшти дека се повлекува од функцијата. Неговата одлука за повлекување следува по...

Македонија4 часа

На судењето за ТНТ вештак тврди дека и со „нокиа 3310“ може да се прислушува

Во Кривичниот суд утрово продолжи судењето за предметот ТНТ на СЈО. Беше сослушан вештакот Орце Симев, предложен од обвинетите. Вештакот,...

Македонија4 часа

Пендаровски до ЕУ: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени

Македонскиот претседател, Стево Пендаровски, денеска очекува одлука од Европската Унијија, а не сигнал. Тој во интервју за австрискиот весник Die...

Дијаспора5 часа

Македонски организации во Бугарија: Ја повикуваме Софија да го запре говорот на омраза

,,За жал не може да се каже дека прифатената позиција на Владата и парламентот на Република Бугарија изненадува – таа...

Македонија6 часа

Поранешни вработени во „Охис“ на протест пред Собрание, бараат неисплатени плати

Вработени во „Охис“ ја блокираа улицата пред Собранието. Бараат исплата на 24 неисплатени плати. Велат дека протестираат секој вторник и...

Европа6 часа

(Видео) Се судрија полицијата и демонстрантите во Барселона

Илјадници каталонски сепаратисти излегле на улиците во Барселона и се обиделе да го блокираат барселонскиот аеродром по пресудата на деветмина...

Регион7 часа

Пожар во бегалски камп на Самос, се евакуираат мигрантите

Грчките власти евакуираат преполн прифатен центар за мигранти и азиланти на егејскиот остров Самос, каде избувна голем пожар по судир...

Македонија7 часа

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори...

Спорт17 часа

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил,...

Македонија20 часа

Пронајден затвореникот кој утрово им побегна на затворските чувари додека купувале сендвич

Полицијата го пронајде и уапси затвореникот кој утрово успеа да им помогне на затворските чувари додека купувале сендвич. Од МВР...

Македонија21 час

Димитров во Брисел: Европа да ја согледа важноста и да донесе визионерска одлука

Во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за првпат се обрати...

Македонија21 час

Утре состанок на историчарите на Македонија и Бугарија, Владата останува посветена на Договорот

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска имаше средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и...

Топ23 часа

Маж пронајден починат покрај локален пат

Вчера напладне покрај пат во селото Рогачево, Тетовско, бил пронајден починат маж од Скопје. Се работи за лице на 67-годишна...

Македонија23 часа

Бојан Јовановски повторно пренесен во болница поради проблеми со желудникот

Oбвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, повторно е пренесен во болница поради проблеми со желудникот. Јовановски бил пренесен на...

Македонија23 часа

Бактеријата мрса се шири во градинка во Кисела Вода

Бактеријата мрса, која е отпорна на антибиотици, била пронајдена кај три дечиња и кај воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во...

Економија1 ден

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба на решението за рудникот „Иловица-Штука“

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба до Управниот суд против решението на второстепената државна комисија од 5 септември, со кое ја одби...

Досие