Свет
Доживотен имунитет за претседателот на Русија и за неговото семејство
Долниот дом на рускиот парламент го поддржа законот со кој се обезбедува имунитет на претседателот на државата и на членовите на неговото семејство, дури и по напуштањето на таа позиција, пренесува Би-би-си.
Таквата одредба е вклучена и во Уставот на Русија, чии амандмани беа прифатени на референдумот одржан во јули.Четвртиот мандат на Путин на чело на Русија истекува во 2024 година, а измените и дополнувањата на Уставот ќе му овозможат уште два мандата.
Законот го помина првото читање денес во Думата, во која мнозинство има Единствена Русија, чијшто претседател е премиерот Дмитриј Медведев.Комунистите во Думата имаат 37 пратеници, кои гласаа против законот. Доколку законот помине во следните две читања, тој ќе биде проследен до Горниот дом на парламентот за усвојување.Доколку се донесе законот, претседателот на Русија и членовите на неговото потесно семејство ќе имаат доживотен имунитет, но ќе може да им се суди за кривично дело предавство.
Освен Путин, кога тој ќе замине од власта, законот ќе се однесува и на Медведев, кој беше и претседател на Русија, но не и за Михаил Горбачов, бидејќи тој беше на чело на Советскиот сојуз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.