Контакт

СЈО

ДУИ даде зелено светло за СЈО, ќе се убедуваат ВМРО-ДПМНЕ, независните и помалите албански партии

Објавено пред

Владата денеска на седница треба да расправа за законот за јавното обвинителство, кој поради неусогласеност со ДУИ досега не помина. Од Владата за „Макфакс“ потврдија дека предлог-законот ќе се најде на денешната владина седница.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека очекува законот за СЈО да биде донесен со консензус. Одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека предлог-законот влегува во парламентарна расправа. Првин ќе се разговара со најголемата опозициска партија, па со помалата група на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и со помалите опозициски партии на Албанците. „Очекувам дека за овој закон треба и мора да се постигне консензус. Секако има секаков вид на очекувања, но редот е сите заедно да му дадеме поддршка“, рече Заев.

Како што објави „Макфакс“, предлог-законот предвидува предметите кои се во фаза на судење, обвиненијата и истрагите отворени по 30 јуни 2017 година да ги застапува СЈО пред судовите. Мандатот на шефот на СЈО и на обвинителите ќе биде идентичен како и во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Предистражните постапки кои ги започнало СЈО може да ги преземе и Обвинитеслтвото за гонење организиран криминал и корупција во согласност со надлежноста.

Мандатот на сегашните обвинители во СЈО би бил најмалку една и најмногу до 2 години. По една третина од обвинителите ќе бидат избирани етапно на една година, на година и пол и на две години, а изборот ќе го прави Советот на јавните обвинители.

Сите желби на СЈО во поглед на тоа што за што да биде надлежно во законот што самите го подготвија не се усвоени. Освен за бомбите, СЈО би било надлежно за кривичното дело попречување на правдата, за дела против изборите и гласањето, за кривични дела кои ги сториле функционери преку злоупотреба на службената положба и овластување и сл.

Законот, меѓу другото, пропишува прислушуваните материјали да се користат заклучно со 15 септември 2020 година, а бомбите да се уништат една година по правосилната судска пресуда. За да помине предлог-законот треба „за“ да гласаат 80 пратеници.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Објавено пред

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно не била осомничена во случајот „Рекет“, бидејќи немало доволно докази. Русковска потенцираше дека вчера не било барано апсење на Јанева, за да ѝ се даде шанса да даде свое видување.

„Не се смени ништо од вчера до денес. Сметав дека треба да ѝ се даде шанса на колешката да даде свое видување и тоа беше причинита. Предметот е многу експониран во јавност, едноставно сакав да ја слушнам што сака да каже. Не ја ислушав како сведок. Не би барала притвор без доволно докази. Во меѓувреме, се собраа доволно докази, кои укажуваат на кривичното дело. Ако имав доволно докази за некој друг и тој ќе беше во притвор“, рече Русковска по распитот на Јанева во судот.

Обвинителката Русковска вели дека истрагата продолжува, а дополнително ќе се види до какви сознанија и докази ќе дојде Обвинителството за организиран криминал и корупција. Русковска тврди дека немала политички притисоци со цел да спречат истрагата да се прошири кон Катица Јанева.

„Кога беа првите двајца осомничени, им беше одобрен притвор по наше барање. Истрагата продолжува и ќе видиме каде ќе не однесе.Не сакам оваа истрага да биде реалити шоу. Сум немала политички притисоци“, додаде Русковска.

„Судијата се консултираше со мене, јас реков дека е човечки да ѝ се дозволи да оди на погреб кај мајка ѝ“, рече Русковска.

Русковска посочи дека адвокатот на Јанева не може да ја застапува бидејќи има судир на интереси. Таа побарала од адвокатот Стеван Павлески да ги откаже сите полномоштва кои му овозможуваат да застапува осомничени лица во предметите на СЈО.

Во Обвинителството биле повикани и бизнисмени кои се поврзувале со истрагата „Рекет“, а дел од нив негирале дека дале пари, рече Русковска. Во однос на тоа дали во изминатиот период биле уништени докази, рече дека не и е познато.

„Познато е дека дел од компјутерите се бришени. Колку што имам информации тоа се на стручните соработници кои работат во СЈО. Ниту еден комјутер на обвинител не беше форматиран, колку што знам. Еден телефон кој го најдовме во Гевгелија беше форматиран, другите не“, рече Русковска.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Објавено пред

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари.

Судија на претходна постапка ѝ определи 30-дневен притвор во истрагата за случајот „Рекет” како третоосомничена. Таа има право на жалба преку нејзините адвокати до кривичниот совет.

Притворот го побара Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Јанева е обвинета дека ја злоупотребила службената положба и овластување и влијаела за поповолна позиција на осомничениот Орце Камчев во предметот „Империја”.

Во притвор за истиот случај веќе втор месец се осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Кривичниот суд пристигна екипа на брзата помош, на Јанева ѝ се слошило

Објавено пред

Во Кривичниот суд пристигна екипа на брза помош бидејќи неофицијално, за време на распитот ѝ се слошило на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Во судот моментално се одлучува дали ќе биде одреден притвор за Јанева на барање на Јавното обвинителство.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е на распит во Кривичниот суд за случајот „Рекет”. Јанева во судот беше внесена со автомобил преку подземната гаража.

Според истрагата, Јанева се стекнала со 298.000 денари имотна корист, претежно во мебел и предмети.

Јанева, според обвинителството, имала намера да му ја олесни положбата на Камчев со тоа што под неизменети околности притворот му го заменила со домашен, а Камчев требало да стане заштитен сведок или да му биде понудена спогодба, да му се врати пасошот и тој да плати минимална штета за предметот „Империја”.

Денеска при претрес во СЈО бил одземен компјутерот на Јанева, а во текот на денот ќе се знае дали таа ќе заврши во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари.

Јанева вчера беше повикана во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција каде што даде изјава пред јавен обвинител. Првично таа во обвинителството беше повикана како сведок во случајот.

Во јавноста минатата недела излегоа видеоснимки и аудиоразговори како бизнисменот Орце Камчев им дава пари на Боки 13 и Зоран Кичеец, а во еден од разговорите се слуша и гласот на обвинителката Јанева, која му се обраќа на Камчев со зборовите „не се секирај сè ќе биде ок”.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија10 часа

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион10 часа

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија12 часа

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија13 часа

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија13 часа

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија13 часа

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија16 часа

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија17 часа

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Топ19 часа

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион21 час

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Свет21 час

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в...

Македонија21 час

Сончево и топло време со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Регион22 часа

Помпео ѝ се закани на Атина со санкции поради иранскиот танкер

САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен...

Македонија22 часа

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Hitech1 ден

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Македонија2 дена

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија2 дена

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија2 дена

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија2 дена

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Досие