Контакт

Топ

ЕЛЕМ повторно склучил милионски договор во четири очи

Објавено пред

АД ЕЛЕМ склучил договор во вредност од 92.040.000 денари со приватната фирма „Марковски компани“ од Битола, во постапка на преговарање без претходно објавен оглас. Од фирмата, како што се наведува, се бара да ангажира помошна механизација за потребите на рударска оператива во ПЕ Рудници, РЕК Битола, и тоа еден камион дампер и булдожер. Договорот е потпишан пред еден месец, а е со времетраење од една година. Во образложението на договорот објавен на страна на Бирото за јавни набавки, се наведува дека немало оглас бидејќи се работи за причини од крајна итност, предизвикани од настани што не можеле да се предвидат, како и дека штетите кои би се предизвикале се неспоредливо поголеми од вредноста на оваа набавка.

„Потребата е крајно итна бидејќи истата е дирекно поврзана со производството на јаглен од ПЕ Рудници, РЕК Битола. Невозможно е да се избегнат штети и последици што би се предизвикале во производството доколку се чека спроведување само на редовна постапка за јавна набавка. Неопходно е до нејзино спроведување, што  во идеални услови би значело најмалку три месеци, да обезбедиме услуга од потребната помошна механизација. Во овој период од годината се главните подготовки за грејната сезона 2018/2019, што значи дека планираните количини на јаглен задолжително мора да се обезбедат на депонијата за јаглен за да се избегнат какви било застои“, се наведува во образложението за склучувањето на договорот.

На прашање на „Макфакс“ за појаснување на причините за склучување вакви договори, од РЕК Битола го повторија ставот дека поради грејната сезона механизацијата била неопходна за овозможување непречена работа на системите за континуиран ископ на јаглен во рудникот Суводол во РЕК Битола.

„Износот на договорот потпишан на 15.10.2018 година е 30 проценти од предвидениот износ во редовната постапка, која е во тек, а која треба да заврши околу Нова година“, додаваат од РЕК Битола.

Од ЕЛЕМ, односно од РЕК Битола, кои се јавуваат како договорна страна, при склучувањето на договорот се повикуваат токму на Законот за јавни набавки, кој во членот 99 предвидува дека може да се спроведе постапка на преговарање без претходно објавување оглас во случај на „причини од крајна итност предизвикани од настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди и да му се припишат како пропуст, не може да се примени рокот за објавување отворена постапка, ограничена постапка, постапка со барање за прибирање понуди или постапка со преговарање со претходно објавување оглас“.

Слични договори без претходно да објават оглас од ЕЛЕМ имаат склучено во повеќе наврати, што наиде на критики во јавноста, особено на почетокот на годинава кога за два месеца по итна постапка беа направени договори во вредност од околу 3 милиони евра, за ангажирање механизација за РЕК Битола.

Од Центарот за граѓански комуникации тогаш посочија дека праксата на склучување вакви договори го отвора прашањето за нерационално трошење и лошо менаџирање, а постапките ги оценија како нетранспарентни, но и дека се доведува  во прашање еднаквиот третман на фирмите – еден од основите принципи во јавните набавки.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 21 и 17 минути бил почувствуван во Струмица, Валандово и околината, соопшти Сеизмолошка опсерваторија
при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил на 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица.

Прикажи повеќе...

Регион

Хакери украле податоци на милиони Бугари

Објавено пред

Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани. Тие насилно влегле во системот на државната даночна управа, соопшти бугарската влада.

Сајбер-нападот на бугарската Национална агенција за приходи (НРА) се случил кон крајот на јуни, а е откриен откако едно лице, кое тврди дека е руски хакер, ги контактирало бугарските медиуми доцна синоќа нудејќи им пристап до украдените податоци.

„Споредивме 30 отсто од податоците кои се објавени и потврдуваме дека тоа се информации од НРА“, изјавил Росен Бачваров, портпарол на НРА.

Бугарскиот министер за финансии, Владислав Горанов, изјави дека информациите кои се украдени немаат ознака „доверливо“ и не ја загрозуваат финансиската стабилност.

Дневниот весник „24часа“ објави дека еден фајл кој го испратил наводниот хакер по електронска пошта содржел повеќе од 1,1 милиони идентификациони броеви со податоци за приходи и за социјално и здравствено осигурување.

Прикажи повеќе...

Европа

Урсула фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Објавено пред

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на Жан-Клод Јункер.

За неа гласале 383 пратеници, додека 327 биле против, а 22 воздржани. Само едно ливче било неважечко.

За да стане претседателка на Комисијата, Фон дер Лејен требаше да добие поддршка од апсолутно мнозинство пратеници, односно најмалку 374 гласа. Гласањето беше тајно.

Фон дер Лејен во говор пред Европскиот парламент пред гласањето ги истакна климатските промени како главен проблем со кој се соочува Европа.

„Најголем предизвик во овој момент е нашата планета да остане здрава, тоа е најголема одговорност на нашето време“, рече таа и додаде дека сака Европа да стане прв континент со нулта стапка на емисија на ЦО2 до 2050 година.

По долготрајните преговори во Европскиот Совет, европските лидери на почетокот на месецов ја предложија Фон дер Лејен за претседателка на ЕК.

Таа од 2005 до 2009 беше германска министерка за семејство, од 2009 до 2013 министерка за труд, а во 2013 година стана министерка за одбрана.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 21 и 17 минути бил почувствуван во Струмица, Валандово...

Регион5 часа

Хакери украле податоци на милиони Бугари

Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани. Тие насилно влегле во системот на државната даночна управа, соопшти...

Европа5 часа

Урсула фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на...

Свет6 часа

Трамп: Во мене нема ни трошка расизам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко се бранеше дека не е расист по вербалниот напад на четири конгресменки. Но, неговите...

Македонија8 часа

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари...

Европа10 часа

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Македонија10 часа

(Видео) Стефанова: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, вели дека сите одлуки и списи што излегувале од специјалното...

Македонија10 часа

СЈО се огради од Јанева, од таму бараат да се сочува интегритетот на институцијата

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен...

Спорт10 часа

Надал во финалето навивал за Ѓоковиќ

Рафаел Надал навивал за Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер во финалето на Вимблдон, им открил на шпанските медиуми Тони Надал....

Македонија11 час

(Видео) Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е голем октопод, дека има злоупотреби на медиум и дека...

Македонија11 час

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија14 часа

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет14 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет15 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион15 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет16 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија17 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа17 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија1 ден

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија1 ден

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Досие